Јоханесбург е најнаселениот град во Јужноафриканската Република и третиот најнаселен град во Африка, по Каиро и Лагос. Жителите му дале прекари на градот, како "Jo'burg", "Jozi" и "eGoli". Јоханесбург е провинциски главен град на провинцијата Гаутенг, најбогатата провинција во ЈАР и место каде се наоѓа уставниот суд на Јужна Африка. Градот е еден од четириесетте најголеми метрополи во светот и единствениот глобален град во Африка (класифициран како во светски град). Иако понекогаш погрешно се смета дека Јоханесбург е главен град на ЈАР, тој не е ни еден од официјалните главни градови на ЈАР (иако Преторија, која е дел од истиот урбан ентитет е главен град).

Јоханесбург
Градот Јоханесбург
Насока на часовникот од десно: Јоханесбург уметничка галерија, Хилброув Насока на часовникот, Плоштадот Нелсон Мендела во Сандтон, Јоханесбург ЦБД Гледа кон исток M1 Слободен пат, Универзитетот од Витватерстранд Источен кампусМонтекасино во Форвејс.
Знаме на ЈоханесбургГрб на Јоханесбург
Прекар(и): Јванасбег (Каде бев); Јо'бург; Јози; муди мулила нгома (Venda version), јони (Tsonga version); Еголи (Местото на златото); Гаутенг (Местото на златото); Мабоненг (Градот на светлината)
Гесло: "Unity in development"[1]
Управа
 • ГрадоначалникХерман Машаба (ДА)
Површина[2]
 • Метро1.644,96 км2 (63,512 ми2)
Надм. вис.&100000000000017530000001.753 м
Население
 • Метро[3]4.434.827
 • Метро2.696/км2 (6,980/ми2)
ДемонимЈоханесбургер
Јобургер
Повик. бр.011
ХДИ 0.75 High (2012)[4]
GDPАмерикански долар 83.9 billion[5]
БДП по глава на жителUS$ 18,918[5]
Мреж. местоjoburg.org.za
Воздушната линија на јоханесбуршката централна бизнис област, видена од опсерваторијата од Карлтон Центар.

Јоханесбург е место каде што се одвива голема трговија со злато и дијаманти, како резултат на местоположбата на градот на богатиот со минерали ридски венец Витватерсранд. Аеродромот на Јоханесбург (Меѓународен Аеродром во Јоханесбург) е еден од најголемите и најзафатени аеродроми во Африка и порта за меѓународниот воздушен сообраќај до и од остатокот на Јужна Африка.

Според пописот од 2001 година, населението на градот е повеќе од три милиони. Површината на Јоханесбург е 1,644 км2, додека неговата густина на население е само 1,962/км2. Населението на целата јоханесбуршка метрополитенска област е единаесет милиони. Дел од овој град е и Совето на југозапад, гратче коешто апартхејдот го оспособи за живеалиште на голем број на мигранти-работници.

Јоханесбург е град-близнак со Њујорк, САД и Бирмингем, Обединетото Кралство.

  1. „Johannesburg (South Africa)“. Crwflags.com. Посетено на 9 December 2010.
  2. Municipal Demarcation Board, South Africa Архивирано на 26 април 2009 г. Посетено на 23 March 2008.
  3. „Census 2011“. StatsSA. StatsSA. Посетено на 4 August 2015. На |first1= му недостасува |last1= (help)
  4. „Gauteng's Human Development Index“ (PDF). Gauteng City-Region Observatory. 2013. стр. 1. Архивирано од изворникот (PDF) на 11 January 2015. Посетено на 1 January 2015.
  5. 5,0 5,1 „Global city GDP 2014“. Brookings Institution. Архивирано од изворникот на 2013-06-04. Посетено на 18 November 2014.
  6. „Chronological order of town establishment in South Africa based on Floyd (1960:20–26)“ (PDF). стр. xlv–lii.