Јордан Николов (револуционер)

Јордан Николов Попиванов — македонски просветен деец, учесник во македонското револуционерно движење и член на Македонската револуционерна организација.

Јордан Николов
Роден 1884
Варош, Прилепско, Македонија
Починал 4 јуни 1917
Прилеп, Македонија

Животопис уреди

Николов е роден во 1884 година во селото Варош, денес населба во Прилеп. Учителствувал во Прилеп, Солун, Сер и на други места. Како учител во Прилеп во 1907 година е секретар на околискиот комитет на ВМОРО. Од 1901 до 1902 и од 1907 до 1911 година е учител во рамките на Солунските гимназии - машката, трговската и женската. Во 1910-1911 година е директор на женската гимназија "Свето Благовештение" [1][2].

Наводи уреди

  1. Миладинова, Царевна. Епоха, земя и хора.
  2. Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 134.