Јоже Плечник (словенечки: Jóže Pléčnik), (Љубљана, 23 јануари 1872 - Љубљана, 7 јануари 1957) — словенечки архитект.[1]

Јоже Плечник
Jože Plečnik
Јоже Плечник 1943
Роден(а)23 јануари 1872(1872-01-23)
Љубљана, Австроунгарија
Починал(а)7 јануари 1957(1957-01-07) (возр. 84)
Љубљана, Социјалистичка Федеративна Република Југославија
ЖивеалиштеЉубљана, Словенија
НационалностСловенец
Занимањеархитект

Животопис уреди

Од 1894 до 1897 студирал кај виенскиот архитект Ото Вагнер и работел во Вагнеровата архитектонска фирма. Додека бил во студиото на Вагнер, Плечник, се инспирирал од виенската сецесија, позната по користењето на нови, органски модели, геометриски, флорални орнаменти и оригинална естетика и декоративност[2].

Од 1900 Плечник продолжил да создава во Виена, работејќи на проектите - „Куќата Лангер“ (1900) и станбениот блок „Цахерл“ (1903 -1905). Овие рани проекти се одликуваат со рационална организација и планирање, типични за Вагнеровите архитектонски концепти и проекти. Забележлив од тој период е неговиот проект и реализација на црквата на „Светиот Дух“ (Виена, 1910-1913), која е значајна со иновативното користење на лиен бетон.

Архитект уреди

Покрај споменатите дела кои ги проектирал во Виена, тој работел и во Чешка, во Прага, најмногу и највпечатливо врз „Претседателската резиденција“, како и на црквата - „Срцето Исусово“[3],[4]

Од 1921 година се вратил во Љубљана, поточно го сконцентрирал севкупното свое творечко работење кон целосното урбанистичко, архитектонско и естетско уредување на градот.

Од тој период сè до неговата смрт, по Втората светска војна, создал оригинални и специфични архитектонски дела: „Тромостовјето“, „Градскиот пазар“, опкружен со елегантни аркади, уредувањето на севкупниот потез на реката Љубљанчица низ централното подрачје на Љубљана, „Универзитетската библиотека“[5], комплексот на паркови „Тиволи“, „Чевларскиот мост“, љубљанските гробишта Жале, новиот „Магистрат“, бројни детали, распространети низ централното градско јадро: скулптурални столбови, цилиндри и други оригинални, поетични, амбиентални назнаки и украси[6],„Академскиот колегиум“, „Фестивалската сала“, Црквата Св. Михаил на Барје, Бареговото семениште и други.

Работејќи на овие објекти, Плечник, успеал да ја промени амбиенталната визура на централниот дел од градот како и Љубљанскиот град – Замокот. Работел и во Загреб, Белград и на повеќе други места[7].

Интересот за неговото творештво сè повеќе е присутен и сè повеќе се превреднува, во најафирмативна смисла[8],[9]. Во Европа биле организирани кон крајот на дваесеттиот век неколку поопсежни изложби, на кои било претставено неговото творештво, естетика, архитектонско и урбанистичко размислување. Поистакнати биле изложбите организирани во Париз и Прага

Во 2018 година во Прага, под покровителство на УНЕСКО, посмртно му била доделена европската награда за архитектура. Со ова признание, културната јавност го вбројува во најистакнатите архитекти на дваесеттиот век во Европа[10].

Творештво уреди

  • „Куќата Лангер“, Виена, 1900-1901
  • „Куќата Захерл“, Виена, 1903-1905
  • „Црквата на Светиот Дух“, Виена, 1908-1913
  • „Прашкиот замок“ (разновидни проекти), Прага, 1920-1934
  • „Рајските градини“, во „Прашкиот замок“, 1920-1926
  • „Црквата на Светотото срце Исусово“, Винохради, 1921-1923
  • Стадионот за атлетика - „Бежиградски стадион“, Љубљана, 1923-1939
  • „Црква Свети Фрањо“, Љубљана, 1925-1927
  • Домот за труд и индустрија, Љубљана, 1925-1927
  • „Црквата Свети Михаил“, Чрна, 1937-1939
  • Банката во Цеље, 1927-1930
  • Словенечкиот осигурителен завод, Љубљана, (1928-1939
  • Мостот „Тромостје“, Љубљана, 1929-1932
  • Националната и универзитетска библиотека, Љубљана, 1930-1941
  • Мостот „Чевелрски“, Љубљана, 1931-1932
  • Куќата „Пеглезен“, Љубљана, 1932-1934
  • Гробиштата Жале, Љубљана, 1937-1940
  • Централниот пазар во Љубљана, 1939-1942
  • Средното училиште „Уршуланка“, Љубљана, 1939-1940
  • „Крижанки“, Љубљана, 1952-1956

Галерија уреди

Наводи уреди

  1. „ARHITEKT JOŽE PLEČNIK ŽIVLJENJEPIS“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2019-03-30. Посетено на 2019-03-30.
  2. Jože Plečnik
  3. Read more https://pragitecture.eu/tag/joze-plecnik The Prague Vitruvius/
  4. Joze Plecnik, the Slovenian born architect
  5. Plečnik, Jože
  6. Plečnik, Jože
  7. /
  8. Jože Plečnik Akademik, arhitekt, oblikovalec, prejemnik Prešernove nagrade/
  9. Plečnik, Jože, akademik (1872–1957)/
  10. Plečnik za Unesco: Skupna pobuda – večja moč nominacije

Надворешни врски уреди