„Јовче будалчето“ (дански: Klods-Hans) — сказна на Ханс Кристијан Андерсен од 1855 година.

Илустрација од 1900 година на Ханс Тегнер

Содржина уреди

Во едно село си живеел стар благородник кој три сина - двајцата биле многу учени, додека најмалиот бил будалче. Кога кралската ќерка објавила дека ќе се омажи за оној кој знае паметно да разговара со неа, двајцата синови почнале да се подготвуваат со намера да го прифатат предизвикот. По осумдневни подготовки, тие тргнале кон кралскиот дворец, но тогаш за повикот разбрал и будалестиот Јовче кој, исто така, посакал да добие можност да се покаже пред принцезата. Бидејќи татко му одбил да му даде коњ, Јовче го јавнал јарецот и заминал кон кралскито дворец. Патем, тој нашол мртва чавка и стар, искршен дрвен чевел, па ги зел со себе, а џебовите ги наполнил со брбушките на јарецот. Кога гордо им ги покажал своите работи, неговите браќа го исмеале. Набргу, браќата стигнале пред дворецот каде веќе чекале многу кандидати за женидба со принцезата, но таа ги одбила сите. Кога браќата дошле на ред да разговараат со кралската ќерка, тие се збуниле и не знаеле да кажат ништо паметно, па таа била незадоволна од нив. Тогаш се појавил Јовче, кој ѝ ги покажал на принцезата своите работи и така ја орасположил и таа решила да се омажи со него.[1]

Наводи уреди

  1. Ханс Кристијан Андерсен, Бајки. Скопје: Македонска книга и Детска радост, 1967, стр. 16-20.