Јован IV Комнин (охридски архиепископ)

Јован IV Комнин бил византиски свештеник и охридски архиепископ во периодот од 1143 до 1157 година[1]. Тој бил архиепископ на Охридската архиепископија по потекло од Византија.

Јован IV Комнин
Архиепископ од 1143
Архиепископ до 1157
Претходник Михаил Максим
Наследник Константин I
Роден 11 век
Византија
Починал најверојатно 1157
Византија
Други архиепископи со име Јован

Јован води потекло од династијата Комнини, кои управувале со Византија во тоа време, Тој бил син на Исак Комнин и заробеник на царот Алексиј I Комнин. Неговата мајка се викала Ирина. Пред да се замонаши, тој го имал името Адријан, и најверојатно работел како дук во Драч. На охридскиот престол се качил по заминувањето најверојатно во 1143 година, и на таа позиција се задржал до 1157 година. Не е познато кога починал.

Наводи уреди

  1. Грозданов, Цветан (2007). Живописот на Охридската архиепископија: студии. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите.