Јован Дебарски

Охридски архиепископ

Јован Дебарскиохридски патријарх (последниот во времето на Самуиловото Царство), архиепископ и книжевен деец. Управувал во периодот од 1018 до 1037 година. Потекнувал од дебарско[1]. Се претпоставува дека бил еден од иницијаторите за изградба на Бигорскиот манастир во 1020 година.[2] По негово барање византиски дела се преведувале на старословенски јазик, како, на пр., Житијата за св. Антониј Велики и за св. Панкратиј Тавроменински.[3]

Јован Дебарски
Архиепископ од 1018
Архиепископ до 1037
Претходник Давид
Наследник Лав I
Роден 10 век
Агнодика, Дебарско
Починал 1037
Други архиепископи со име Јован

Наводи уреди

  1. Цв. Грозданов, Архиепископот Јован од Дебарско и традицијата за основањето на манастирот Свети Јован Бигорски, зб.: Манастир Свети Јован Бигорски, Скопје, 1994
  2. Ј. Белчовски, Охридската архиепископија од основањето до паѓањето на Македонија под турска власт, Скопје, 1997
  3. И. Велев, Кирилометодиевската традиција и континуитет, Скопје, 1997

Надворешни врски уреди

Претходник
Давид
охридски архиепископ
10181037
Наследник
Лав I