Јованка Радичевиќ

Црногорска ракометарка

Јованка Радичевиќ (23 октомври 1986, Подгорица, Црна Гора) - црногорска ракометарка, десно крило на Будуќност.

Јованка Радичевиќ
Лични податоци
Роден(а) 23 октомври 1986(1986-10-23)(37 г.)
Титоград, СФР Југославија
Националност Црна Гора Црна Гора
Спорт Ракомет
Висина 1.69 м (5 ст 7 ин)
Тежина 66 кг
Позиција десно крило
Клупски податоци
Тековен клуб ЖРК Будуќност Подгорица Будуќност
Број 4
Сениорски клубови
2004-2011
2011-2013
2013-2018
2018-2019
2019-
ЖРК Будуќност Подгорица Будуќност
Ѓер Ѓер Ауди ЕТО
ЖРК Вардар Вардар
ЧСМ Букурешт ЧСМ Букурешт
ЖРК Будуќност Подгорица Будуќност
Репрезентација 1
2008- Црна Гора Црна Гора 159 (874)
1 Податоците за репрезентативни настапи и постигнати голови важат
за 4 декември 2012

Животопис уреди

Јованка Радичевиќ е родена на 23 октомври 1986 година[1] во Подгорица.

Професионална кариера уреди

Радичевиќ ја започнала професионалната кариера во екипата на „Будуќност“, во која провела осум сезони (2004-2011) при што освоила седум шампионски и седум титули во Купот на Црна Гора (2005-2011), две титули во Регионалната лига (2010, 2011) и две титули во Купот на победниците на куповите (2006, 2010). Во 2011 година, Радичевиќ се преселила во составот на Ѓер ЕТО од Унгарија и двапати ги освоила шампионската титула и Купот на Унгарија, а во сезоната 2012-2013 со Ѓер ја освоила и Лигата на шампионите, откако една година претходно стигнала до финалето на ова натпреварување. Потоа, таа преминала во екипата на Вардар од Скопје, при што двапати го освоила третото место во Лигата на шампионите.[2][3]

На 17 февруари 2018, Радичевиќ потпишала двегодишен договор со романскиот ЧСМ Букурешт заедно со својте српски соиграчки од Вардар Андреа Лекиќ и Драгана Цвијиќ.[4] Со романскиот клуб го освоила Купот на Романија, со победата над Рамнику Валча во финалето во кое таа била најефикасна ракометарка со 9 постигнати гола. По одличната сезона на поединечен план во ЧСМ добила неколку награди како што се изборот за најдобро десно крило во романската Лига Национала, а исто така се нашла и во Ол-Стар тимот на Лигата на шампионите.

Во јануари 2019, Радичевиќ заедно со својата сонародничка од ЧСМ Мајда Мехмедовиќ, потпишале договор со Будуќност.[5] Така таа по осум години играње во странство се вратила во клубот во кој ја започнала својата кариера.

Репрезентативни настапи уреди

Радичевиќ постигнала големи успеси и како репрезентативка на Црна Гора: на Светското првенство во 2010 година го освоила 6. место; на Олимписките игри во 2012 година била поразена во финалето; а на Европското првенство во 2012 година ја освоила шампионската титула при што била прогласена за најдобро десно крило.

Наводи уреди

  1. Официјално мрежно место на ЖРК „Вардар“, „Среќен роденден Јованка“ (посетено на 21.10.2016)
  2. ЖРК „Вардар“ - официјално мрежно место, „Вардарки по вторпат на пиедесталот на Ф4“ (посетена на 13.5.2015)
  3. ЖРК „Вардар“ - официјално мрежно место, „Вардар повторно со бронза се враќа од Будимпешта“ (посетена на 9.5.2016)
  4. Ambitious CSM sign Vardar trio
  5. „Радичевиќ и Мехмедовиќ се договориле со Будуќност“. topsport.mk. 24 јануари 2019. Посетено на 24 октомври 2019.