Јованка Орлеанка (фран.: Jeanne d'Arc[1] ) (6 јануари 141230 мај 1431) — народна хероина на Франција и Светец на Католичката црква. Уште на 17 години, таа ја командувала француската кралска армија, убедувајќи го кралот Шарл VII да ги истера Англичаните од Франција и подоцна, овозможувајќи го неговото крунисување.

Света Јованка Орлеанка
Jeanne d'Arc
Слика на Јованка Орлеанка од периодот меѓу 1450 и 1500 (Историски центар на националните архиви, Париз, AE II 2490).
Saint
Роден(а) 1412, Домреми , Свето Римско Царство
Починал(а) 30 мај 1431(1431-05-30) (возр. 19), Руан, Франција
Почитуван(а) во Римокатоличка црква
Англиканска заедница
Беатификација 18 април 1909, Богородична црква од Папа Пиј X
Канонизација 16 мај 1920, Базилика Свети Петар, Рим од Папа Бенедикт XV
Слава 30 мај
Заштитништво France ; маченик; заробеник; војник; луѓе исмејувани својата побожност

Во 1429. на чело на неколку стотици Французи, кај Поатје ги победи англиските освојувачи и го зазеде градот Орлеан. Бургундијците ја заробуваат во 1430. и им ја предаваат на Англичаните, по што е осудена за ерес и запалена на кол во 1431 во градот Руан.

Во 19 век, таа е прогласена за француска национална хероина. Јованка Орлеанка е прогласена за светица од страна на Католичката црква на почетокот од XX век. Моментално, Република Ирска, Канада, Велика Британија и Соединетите Американски Држави покажуваат голем интерес во нејзините дејствија. Јованка Орлеанка се смета за силна жена полна решеност и вера.

Јованка Орлеанка како тема во уметноста и во популарната култура уреди

Јованка Орлеанка се јавува како тема на повеќе дела во уметноста и популарната култура, како:

Наводи уреди

  1. Her name was written in a variety of ways, particularly prior to the mid-19th century. See Pernoud and Clin, pp. 220–221. She reportedly signed her name as "Jehanne" (see www.stjoan-center.com/Album/, parts 47 and 49; it is also noted in Pernoud and Clin).
  2. Leonard Cohen - Joan of Arc (пристапено на 12.11.2016)
  3. IMDb, The Passion of Joan of Arc (1928), Awards (пристапено на 28.1.2017)
  4. IMDb, The Messenger: The Story of Joan of Arc (1999) (пристапено на 28.12.2014)

Надворешни врски уреди