Јоахим Гаук

германски политичар

Јоаким Гаук (германски: Joachim Gauck; р. 24 јануари 1940 во Росток) — претседател на Германија, стапувајќи на оваа функција на 22 март 2012 година. Тој е поранешен лутерански пастор. Во јавноста станал познат како антикомунистички деец за човекови права во Источна Германија.[3][4][5][6]

Јоахим Гаук
Претседател на Германија
На должноста
18 март 2012 – 19 март 2017
Канцелар Ангела Меркел
Претходник Кристијан Вулф
Наследник Франк-Валтер Штајнмаер
Сојузен полномошник за архивите на Штази
На должноста
4 октомври 1990 – 10 октомври 2000
Претходник Тогаш основана
Наследник Маријане Биртлер
Член на Бундестагот
На должноста
3 октомври 1990 – 4 октомври 1990
Член на Народниот дом
На должноста
18 март 1990 – 3 октомври 1990
Лични податоци
Роден(а) 24 јануари 1940(1940-01-24)(84 г.)
Росток, Германија
Партија независен
(1990–денес)
Други припадности Нов форум/Сојуз 90
(1989–1990)
Сопружник Герхилд Гаук(в. 1959; разведени од 1991)
Сожител Даниела Шат (2000–денес)
Деца Кристијан
Мартин
Гезине
Катарина
Установа Росточки универзитет[1]
Професија пастор
Вероисповед Лутеранство[2]
Потпис

За време на Мирната револуција, тој е соосновач на Новиот форум, опозициско движење во Источна Германија, кое што придонело за падот на диктатурата[7] на Партијата за социјалистичко единство на Германија поддржана од Советскиот Сојуз. Во 1990 станал член на единствениот слободно избран Народен дом за партијата Сојуз 90. По повторното обединување на Германија бил избран од Бундестагот за прв сојузен полномошник за архивите на Штази, служејќи од 1990 до 2000. Како сојузен полномошник бил нарекуван „ловецот на Штази“ и „неуморен адвокат на демократијата“, откривајќи ги злоделата на поранешната комунистичка тајна полиција.[8][9][10][11]

Бил предложен како кандидат на СПД и на Зелените за претседател на Германија на изборите во 2010 година, но изгубил во тесна битка со Кристијан Вулф, кандидат на владејачката коалиција. Неговата кандидатура била во голема мерка одобрена од населението и од медиумите; Der Spiegel го опишал како „подобриот претседател“,[12] а Bild го нарекол „претседател на срцата“.[13][14][15] Откако Кристијан Вулф се повлекол, Гаук бил избран за претседател со 991 од 1228 гласови од Сојузниот собир на изборите во 2012 година, како непартиски заеднички кандидат на ЦДУ, ЦСУ, ФДП, СПД и Зелените.

Како син на преживеан од советски Гулаг,[16][17][18][19] политичкиот живот на Гаук бил оформен од семејните искуства со тоталитаризмот. Гаук бил меѓу првите потписници на Прашката декларација за европска свест и комунизам, заедно со Вацлав Хавел и други државници и Декларација за злоделата на комунизмот. Тој бил одговорен за зголемената свесност на комунистичките злодела во Европа.[3] Тој е автор и соавтор на неколку книги, вклучувајќи ја Црната книга на комунизмот. Неговата книга од 2012 Слобода. Молба повикува на одбрана на слободата и човековите права низ целиот свет.[20][21] Бил опишан од канцеларката Ангела Меркел како „вистински учител на демократијата“ и „неуморен адвокат на слободата, демократијата и правдата“.[22] The Wall Street Journal го опишал како „последното парче леб: предводници на протестите зад Железната завеса, кој започнале да ги предводат своите земји по 1989."[23] Добил бројни награди, вклучувајќи ја наградата Хана Арент во 1997 година.

Детство и живот во Источна Германија уреди

Јоахим Гаук е роден во семејство на морнари во Росток, син на Јоахим Гаук Постариот (р. 1907) и Олга Гаук (р. Вареман, 1910). Неговиот татко бил искусен капетан на брод и истакнат поморски офицер, кој по Втората светска војна работел како инспектор во бродоградбената компанија Neptun Werft. По советската окупација на крајот на Втората светска војна, комунистите ја презеле власта во Германската Демократска Република (Источна Германија). Семејството било жртва на советското прогонување. Кога Јоахим Гаук имал единаесет години, во 1951, неговиот татко бил уапсен од советските окупациски сили; не се вратил назад.[24] Бил обвинет од рускиот воен трибунал за шпионажа поради примање писмо од Западот и исто така поради антисоветска демагогија поради поседување западно списание за поморски работи и бил депортиран во Гулаг во Сибир,[25] каде бил мачен до состојба да по една година биде сметан за физички неспособен, според неговиот син.[26] Скоро три години, семејството не знаело ништо околу тоа што му се случило и дали тој е сè уште жив. Тој бил ослободен во 1955 по државната посета на Конрад Аденауер на Москва. Аденауер преговарал за ослободување на илјадници германски воени заробеници и цивили, кои биле депортирани.[27]

Завршил гимназија во Росток. Според Јоахим Гаук, неговите политички активности биле инспирирани од искушението на неговиот татко,[28] и изјавил дека растел со „многу длабоки антикомунистички чувства“.[29] Во училиште во Источна Германија не ги криел своите антикомунистички ставови и одлучно одбивал да му се приклучи на комунистичкото младинско движење, Слободна германска младина. Сакал да студира германски и да стане новинар, но бидејќи не бил комунист, тоа не му било дозволено.[13] Наместо тоа одбрал да студира теологија и станал свештеник на Протестантската црква во Мекленбург. Изјавил дека неговата првична намера не му била да стане свештеник, туку дека теологијата му нудела можност да ја проучува филозофијата и дека црквата била една од ретките институции во Источна Германија, каде комунистичката идеологија не преовладувала.[30] Сепак, на крајот станал свештеник. Неговата работа како свештеник во Источна Германија била особена тешка поради односот на комунистичкиот режим кон црквата и поради тоа многу години бил под будното око на тајната полиција Штази.[31][32] Штази во нивното досие посветено на Гаук го опишале како „непоправлив антикомунист“ („unverbesserlicher Antikommunist“). Изјавил дека „на девет години, јас знаев дека социјализмот беше неправеден систем“.[13]

Кариера за време и по Тивката револуција уреди

 
Јоахим Гаук (1990)

Во текот на Мирната револуција во 1989 станал член на Новиот форум, демократско опозициско движење и бил избран за нивни гласноговорник. Исто така бил учесник на големите демонстрации против комунистичкиот режим на ГДР. На слободните избори на 18 март 1990, бил избран во Народниот дом на ГДР, претставувајќи го Сојуз 90 (кој бил составен од Нов форум, Демократија Сега и Иницијатива за мир и човечки права), каде останал до распуштањето на ГДР во октомври 1990.

 
Јоахим Гаук како член на источногерманскиот Народен дом во 1990

На 2 октомври 1990, ден пред распуштањето на ГДР, Народниот дом го избрал за специјален претставник за архивите на Штази. По распуштањето на ГДР следниот ден, бил назначен за специјален претставник на Сојузната влада за архивите на Штази од претседателот Рихард фон Вајцзекер и канцеларот Хелмут Кол. Како таков, тој бил задолжен за архивите на Штази и имал задача да ги истражи комунистичките злодела. Во 1992, неговата функција била преименувана во Сојузен полномошник за архивите на Штази. Работел на ова место до 2000, кога бил наследен од Маријане Биртлер.

Гаук бил член на Бундестагот, парламентот на Германија, од 3 до 4 октомври 1990 (Народниот дом во 1990 имал право да одреди одреден број на претставници како дел од процесот на повторно обединување). Отстапил од ова место поради неговото назначување за специјален претставник на Сојузната влада. Поради тоа, тој го има најкраткиот мандат за член на парламентот на Германија некогаш.

 
Јоахим Гаук присуствува на конференција за печат на Меѓународното здружение за човечки права, каде говорел за злоделата на Штази

Го одбил местото за претседател на Сојузната агенција за политичко образование, како и понудите да биде предложен за кандидат за парламентот од СПД. Гласовите во ЦСУ го предложиле како можен конзервативен претседателски кандидат (против политичарот на СПД Јоханес Рау) во 1999,[33] и неговото име исто така било споменувано како можен кандидат за ЦДУ/ЦСУ и Слободната демократска партија и во наредните години. На пример, саксонскиот огранок на ФДП го предложила за либерално-конзервативен кандидат во 2004, пред водачите на партиите да се согласат за Хорст Келер.[34]

Од 2003 бил претседател на здружението „Против заборавање - За демократија“ (Gegen Vergessen – Für Demokratie) и бил во одборот на Европскиот центар против расизмот и ксенофобијата 2001–2004.[35]

Политички погледи уреди

Има пишувано за концентрациските кампови од советскиот период, како НКВД Специјален камп Бр. 1, злоделата на комунизмот и политичката репресија во Источна Германија и придонесите кон германското издание на Црната книга на комунизмот.

 
Јоахим Гаук (2008)

Во 2007, Јоахим Гаук бил поканет да го има главниот говор во текот на комеморацијата во Ландтагот на Саксонија во чест на повторното обединување на Германија и падот на комунистичката влада.[36] Учествувале сите партии, освен Левицата (наследник на комунистичката партија за социјалистичко единство (СЕД)), чии членови излегле на протест против Гаук.[37] Гаук го поддржал набљудувањето на Левицата од Сојузната служба за заштита на Уставот и соодветните државни власти.[38] Гаук ги пофалил СПД за оддалечувањето од Левицата.[39]

Јоахим Гаук е меѓу првите потписници на Прашката декларација за европската совест и комунизам (2008)[40] и Декларацијата за комунистичките злодела (2010),[41] обете повикуваат на осуда на комунизмот, учење за комунистичките злодела и казнување на комунистичките криминалци. Прашката декларација предложила основање на Европски ден за сеќавање на жртвите на сталинизмот и нацизмот, кој подоцна бил изменет од Европскиот парламент. Во 2010, Гаук ја критикувал политичката левица за тоа што не ги земале предвид комунистичките злодела.[42]

Гаук е поддржувач на идејата за основање Центар против протерувањата во Берлин.[43]

На 70. роденден во 2010, Гаук бил пофален од канцеларката Ангела Меркел како „вистински учител на демократијата“ и „неуморен адвокат на слободата, демократијата и правдата“.[22]

Податотека:2010 ноември 29 JoachimGauck 198.JPG
Јоахим Гаук (2010)

The Independent го опишал Јоахим Гаук како „германскиот одговор на Нелсон Мандела“.[44] The Wall Street Journal го опишал како „последната кришка леб: предводниците на протестите зад Железната завеса, кои станале водачи на нивните земји по 1989“, споредувајќи го со Лех Валенса и Вацлав Хавел.[23] Corriere della Sera го опишал како „германскиот Хавел“.[45]

Гаук е член на Атлантик-Брике, организација која го промовира германско-американското пријателство. Гаук ги поддржал економските реформи предложени од црвено-зелената влада на канцеларот Герхард Шредер. Исто така го поддржал бомбардирањето на НАТО на Југославија во 1999, ставање на крај на југословенските ужаси во Косово. Исто така го поддржал германското воено присуство во Авганистан. Гаук е поборник на пазарната економија и е скептичен кон движењето Окупирај. Во 2010 изјавил дека политичарот на СПД Тило Сарацин „изразил храброст“ кога ја отворил дебатата за имиграцијата.[46] Меѓутоа ги критикувал некои од погледите на Сарацин.[47]

Во интервју со Радио Слободна Европа во 2007, Гаук изјавил дека „мораме да ја деозакониме (комунистичката ера) не само поради многуте жртви и криминалните злодела, туку (исто така и поради) политиката на целиот Советски Сојуз била насочена кон враќањето во минатото.[3] Според The Wall Street Journal, „го посветил неговиот живот да ги покаже злоделата на советскиот систем, кои не биле ништо помали од тие на Третиот Рајх“.[23] Во неговата книга од 2012 Слобода. Молба, ги искажал неговите мисли за слободата, демократијата, човечките права и толеранцијата.

Во 2012, Гаук изјавил дека „муслиманите кои живеат овде се дел од Германија“, но одбил да каже дали Исламот е дел од Германија, како што изјавил претходниот претседател Кристијан Вулф. Централниот совет на муслиманите во Германија ги поздравила неговите изјави.[48]

Претседателски кандидат во 2010 уреди

 
„Граѓани за Гаук“, протести за поддршка на Гаук пред Бранденбуршката порта во 2010

На 3 јуни 2010, Јоахим Гаук бил предложен за претседател на Германија на изборите во 2010 година од СПД и Зелените.[49] Гаук не бил член ниту на СПД ниту на Зелените (иако неговата поранешна партија во Источна Германија на крајот се споила со Зелените по повторното обединување)[50] и изјавил дека ќе го прифати и предлогот од ЦДУ исто така.[51] Гаук еднаш се опишал самиот како „левичар, либерално конзервативен“[50] и по неговото предложување, изјавил: „Јас не сум ниту црвен ниту зелен, јас сум Јоахим Гаук“.[52] Frankfurter Allgemeine Zeitung го опишал како либерален конзервативец.[53]

Гаук бил многу почитуван од политичарите[54] и бил многу омилен помеѓу политичарите на ЦДУ/ЦСУ и ФДП поради неговата историја на чесна и морална личност во текот на комунистичкиот режим, како и неговата историја како „ловец на Штази“ во 1990-тите.[55] Неговиот главен противник, Кристијан Вулф, и политичарите од сите владејачки партии, изјавиле дека многу го почитуваат Гаук и неговиот живот и дело.[56] Јерг Шенбом, поранешен претседател на ЦДУ во Бранденбург, исто така го поддржал Гаук.[57]

Единствената партија која во основа го одбивала Гаук како можен претседател била правниот наследник на историчногерманската комунистичка партија, Левица, која номинацијата на СПД и Зелените ја сфатила како одбивање на соработката со партијата.[58] Политичарот на ЦСУ Филип Фрајхер фон Бранденштајн дискутирал дека изборот на Јоахим Гаук ќе спречело секаква соработка помеѓу СПД/Зелените и партијата Ди Линке во наредните години: „Гаук совршено јасно му предочил на Зигмар Габриел дека никогаш нема да назначи некој од следбениците на комунистичката тиранија како владини членови“.[57] Левицата предложила свој кандидат, поранешниот новинар Лук Јохимзен[59] и избрал да отстапи во третото гласање.[60][61] Одбивањето на Левицата да го поддржи Гаук повлекло силна критика од СПД и Зелените.[62][63] Зигмар Габриел, претседателот на СПД, ја опишал положбата на Левицата како „бизарна и срамна“, изјавувајќи дека бил „шокиран“ дека партија ќе го прогласи Јоахим Гаук нивни главен непријател поради неговата истрага за комунистичките неправди.[64] Според Габриел, Левицата уште еднаш се покажала самата како наследник на источногерманската комунистичка партија.[62] Политичар на Левицата го споредил изборот помеѓу Гаук и Вулф како избор помеѓу Адолф Хитлер и Јосиф Сталин, привлекувајќи силна осуда од СПД и Зелените.[65]

На изборите на 30 јуни 2010, Гаук бил поразен од Кристијан Вулф во третото гласање, со разлика од 624 наспроти 490.[66]

Гаук бил првично предложен како претседателски кандидар за Зелените од Андреас Шулце, нивен советник за комуникации во Бундестагот. Шулце бил назначен за портпарол на Гаук во 2010 и повторно во 2012.[67]

Претседател на Германија уреди

Избор уреди

 
Јоахим Гаук (2012)

По оставката на претседателот Кристијан Вулф на 17 февруари 2012, Јоахим Гаук бил предложен на 19 февруари како заеднички кандидат за претседател на Германија од владејачките партии ЦДУ, ЦСУ и ФДП, како и опозициските СПД и Сојуз ’90/Зелените. Ова се случило откако ФДП, СПД и Зелените, кои самите заедно го контролирале мнозинството во изборното тело, силно го поддржале Гаук и инсистирале конзервативците да го поддржат.[68] Претседателот на СПД, Зигмар Габриел, изјавил дека Гаук бил негов претпочитан кандидат уште на 17 февруари, наведувајќи ја „големата доверба помеѓу граѓаните“ на Гаук.[69] Подоцна, канцеларката му дала на претседателот на ФДП (и заменик канцелар) Филип Реслер цврста поддршка за Гаук; согласувањето било најавено откако президиумот на ФДП едногласно гласал за Гаук на 19 февруари.[70][71] Така бил поддржан од сите поголеми партии претставувани во Сојузното собрание, освен Левицата, наследникот на источногерманската комунистичка партија.[3]

Според анкетата спроведена за списанието Штерн, предложувањето на Гаук било дочекано со големо одобрување. Мнозинството на гласачите од сите политички партии претставувани во Бундестагот го одобриле неговиот избор, каде гласачите од Зелените биле најмногу ентузијастички (поддршка од 84%), а кај гласачите на Левицата најмала поддршка (55%); вкупно, 69% го поддржале неговиот избор, додека 15% биле против.[72] Неговото предложување било одлично дочекано во германските медиуми,[73] кои биле опишани како „восхитени“.[74] Меѓутоа, неговата кандидатура била критикувана од Левицата, како и некои други поединечни критики; бил критикуван од поединечни членови на ЦСУ дека не бил оженет со жената со која живее,[75][76] и од поединечни политичари на Зелените, особено за неговите поранешни изјави за Тило Сарацин и движењето „Окупирај“.[75] Меѓутоа, претседателот на СПД, Зигмар Габриел, изјавил дека причината поради која Левицата била единствената партија која не го поддржала Гаук била нивната „симпатија за Источна Германија“.[77][78]

Давид Гил бил назначен на чело на тимот на Гаук,[79] и подоцна станал државен секретар и член на службата на претседателот.[80]

На 18 март 2012 година, Гаук бил избран за претседател на Германија со 991 од 1.228 гласа во Сојузното собрание.[81] По прифаќањето на неговиот избор, веднаш го почнал неговиот мандат.[82] Новиот претседател положил заклетва врз основа на германскиот устав на 23 март 2012 во присуство на избраните членови на Бундестагот и Бундесратот.[83][84][85]

Личен живот уреди

Гаук се оженил со Герхилд „Ханзи“ Гаук (родена Ратке), негова љубов од детството, со која се сретнал на 10-годишна возраст,[86] но двојката се разделила во 1991 година. Се земале во 1959 година, на 19 години, и покрај противењето на неговиот татко и имале четири деца: синовите Кристијан (р. 1960) и Мартин (р. 1962) и ќерките Гезине (р. 1966) и Катарина (р. 1979). Кристијан, Мартин и Гезине успеале да ја напуштат Источна Германија и емигрирале во Западна Германија кон крајот на 1980-тите, додека Катарина, сè уште дете, останала со нејзините родители. Неговите деца биле дискриминирани и им било ускратено правото на образование од комунистичкиот режим бидејќи нивниот татко бил свештеник.[87] Неговиот син Кристијан, кој заедно со неговиот брат одлучиле да ја напуштат Источна Германија во 1984 година и успеале во тоа во 1987 година, студирал медицина во Западна Германија и станал доктор.[88]

Од 2000 година, негова партнерка е Даниела Шат, новинарка.[89]

Наводи уреди

  1. „Auf vielfältige Weise mit der Universität Rostock verbunden“. Uni Rostock. 20 февруари 2012. Архивирано од изворникот на 2014-10-28. Посетено на 29 февруари 2012.
  2. Гесат, Михаел (19 февруари 2012). „Gauck's civic engagement wins him wide support“. DW. Посетено на 28 февруари 2012.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 Robert Coalson, Longtime Anticommunist Activist To Become Germany's Next President, Radio Free Europe/Radio Liberty, 20 февруари 2012
  4. German Presidential Nominee’s Background Seen as an Asset, New York Times, 20 февруари 2012
  5. „A crucial test for Angela Merkel“. FRANCE 24. Посетено на 21 февруари 2012.
  6. „Gauck's civic engagement wins him wide support“. DW.DE. 17 февруари 2012. Посетено на 21 февруари 2012.
  7. „German Bundestag: The freely elected People's Chamber“. Bundestag.de. Посетено на 20 март 2012.
  8. „German media roundup: Little excitement for Wulff presidency“. thelocal.de. 4 јуни 2010. Посетено на 30 јуни 2010.
  9. „Politik Inland: Joachim Gauck, der Stasi-Jäger“ (германски). Wn.de. 30 јуни 2010. Посетено на 20 февруари 2012.
  10. „Следниот претседател на Германија: Јас не сум супермен“. Spiegel.de. Посетено на 20 февруари 2012.
  11. февруари 20/merkel-names-gauck-as-unity-candidate-for-german-presidency.html „Меркел го именува Гаук како заеднички кандидат за германски претседател“ Проверете ја вредноста |url= (help). Businessweek. 8 декември 2009. Посетено на 20 февруари 2012.
  12. „DER SPIEGEL 23/2010 – Inhaltsverzeichnis“. Spiegel.de. Посетено на 20 февруари 2012.
  13. 13,0 13,1 13,2 „Profile: Joachim Gauck, Germany's 'President of Hearts'. Thelocal.de. 1 јануари 2012. Посетено на 20 февруари 2012.
  14. „Joachim Gauck: Der "Kandidat der Herzen" (германски). Bild.de. Посетено на 20 февруари 2012.
  15. „Vom Sieger der Herzen zum Bundespräsidenten?“. MDR.DE. Посетено на 20 февруари 2012.
  16. „Joachim Gauck: Anti-communist pastor who could turn out to be Angela Merkel's nemesis“. Belfasttelegraph.co.uk. 30 јуни 2010. Посетено на 20 февруари 2012.
  17. Коноли, Кејт (20 јуни 2010). „Joachim Gauck: the dissident hero who holds the destiny of Germany in his hands“. The Guardian. Лондон.
  18. „Eastern Inspiration: Gauck the Therapist Wants to Put Germany On the Couch“. Spiegel.de. 29 јуни 2010. Посетено на 20 февруари 2012.
  19. „Rival candidate for president new headache for Merkel“. Reuters. 6 јуни 2010.
  20. „Gauck-Buch: Plädoyer für Freiheit und Menschenrechte“. Volksstimme.de. Архивирано од изворникот на 2012-09-14. Посетено на 21 февруари 2012.
  21. „Angela Merkel backs 'German Nelson Mandela' for president“. Globalpost.com. Посетено на 21 февруари 2012.
  22. 22,0 22,1 „Presidential Vote 'Could Turn into a Disaster for Merkel'. Der Spiegel. 7 јуни 2010. Посетено на 30 јуни 2010.
  23. 23,0 23,1 23,2 The Gauck File, The Wall Street Journal, 22 февруари 2012, стр. 14
  24. „Der Herr der Akten erzählt sein Leben“. ZDF (германски). 16 октомври 2009. Посетено на 30 јуни 2010.
  25. „Profile: Joachim Gauck, Germany's 'President of Hearts'. Thelocal.de. Посетено на 20 март 2012.
  26. Гаук 2009, стр. 37
  27. Вит, Јан. „Joachim Gauck – Oppositionskandidat für das Amt des Bundespräsidenten“. randomhouse.de (германски). Посетено на 30 јуни 2010.
  28. „Wir Deutsche können Freiheit“, Interview, Ostseezeitung Rostock, 23/24 јануари 2010
  29. Eckhard Jesse, Eine Revolution und ihre Folgen: 14 Bürgerrechtler ziehen Bilanz, 2000
  30. „Joachim Gauck: Vom Bürgerrechtler zum Staatsoberhaupt“. otz.de. 21 февруари 2012. Архивирано од изворникот на 2017-10-31. Посетено на 20 март 2012.
  31. Баринг, Арнулф (8 ноември 2009). „Unbelehrbarer Antikommunist“. Die Welt (германски). Посетено на 30 јуни 2010.
  32. Cammann, Alexander (24 јануари 2010). „Joachim Gauck: Eine Freiheitslehre“. Die Zeit (германски). Посетено на 30 јуни 2010.
  33. „Bundespräsidenten-Kandidat Gauck: "Ich kann zählen". taz. 5 јуни 2010. Посетено на 30 јуни 2010.
  34. Гупта, Оливер (8 јуни 2010). „FDP-Politiker Zastrow – "Gauck ist ein Liberaler wie wir". Süddeutsche Zeitung (германски). Посетено на 30 јуни 2010.
  35. Commemoration of the 20th Anniversary of the Commissioner for Civil Rights Protection in Poland Архивирано на 30 октомври 2012 г., Влада на Полска, 2008
  36. „Sächsischer Landtag feiert Tag der Deutschen Einheit – Festredner Joachim Gauck: "Freiheit wagen – Verantwortung leben". Ландтаг на Саксонија (германски). 3 октомври 2007. Посетено на 30 јуни 2010.
  37. „Kandidaten für das Amt des Bundespräsidenten: Warum "Die Linke" Joachim Gauck nicht wählt“. Bild (германски). 4 јуни 2010. Архивирано од изворникот на 2010-08-20. Посетено на 30 јуни 2010.
  38. „Bundespräsident – Warum die Linke Joachim Gauck ablehnt“. Morgenpost.de. Посетено на 21 февруари 2012.
  39. Distanzierung von Linkspartei: Gauck begrüßt Haltung der SPD
  40. „Прашка декларација - Текст“. praguedeclaration.org. 3 јуни 2008. Архивирано од изворникот на 2008-09-29. Посетено на 28 јануари 2010.
  41. „Декларација за комунистички злодела“. crimesofcommunism.eu. 25 февруари 2010. Посетено на 3 јуни 2010.
  42. Шнајбергова, Мартина (3 јуни 2008). „Gauck in Prag: Auch Linke im Westen brauchen Nachhilfeunterricht“. Radio Prague (германски). Посетено на 30 јуни 2010.
  43. „Zentrum gegen Vertreibungen“. z-g-v.de. Посетено на 30 јуни 2010.
  44. Патерсон, Тони (30 јуни 2010). „Anti-communist pastor who could turn out to be Merkel's nemesis“. The Independent. Посетено на 30 јуни 2010.
  45. „Merkel sceglie Gauck Un pastore luterano a prova di scandali“. Archiviostorico.corriere.it. 24 декември 2009. Посетено на 20 март 2012.
  46. „Leserdebatte: Als Gauck Sarrazin "Mut" attestierte – Politik – Tagesspiegel“ (германски). Tagesspiegel.de. Посетено на 21 февруари 2012.
  47. „Designierter Bundespräsident: Das Internet-Märchen vom bösen Joachim Gauck“ (германски). Welt.de. Посетено на 21 февруари 2012.
  48. „German president sparks debate with Islam comments“. 1 јуни 2012.
  49. „Koalition präsentiert Wulff als ihren Kandidaten“. tagesschau (германски). 7 јуни 2010. Посетено на 30 јуни 2010.
  50. 50,0 50,1 Зиберт, Свен (4 јуни 2010). „Rot-Grün setzt auf Joachim Gauck“. Sächsische Zeitung (германски). Посетено на 30 јуни 2010.
  51. Клајне, Ролф (4 јуни 2010). „Kandidat Joachim Gauck: Für die CDU würde ich auch antreten!“. Bild. Архивирано од изворникот на 2010-07-24. Посетено на 30 јуни 2010.
  52. „Auftritt des Kandidaten: "Ich bin weder rot noch grün, sondern Joachim Gauck". Die Welt (германски). 4 јуни 2010. Посетено на 30 јуни 2010.
  53. Карстенс, Петер (5 јуни 2010). „Die FDP hatte keine Wahl“. Frankfurter Allgemeine Zeitung (германски). Посетено на 30 јуни 2010.
  54. „Merkel nominates Wulff for president“. Thelocal.de. 3 јуни 2010. Посетено на 30 јуни 2010.
  55. Золмс-Лаубах, Франц (4 јуни 2010). „Kandidaten-Poker um das Präsidenten-Amt: Wackelt Wulffs Mehrheit?“. Bild. Архивирано од изворникот на 2010-07-01. Посетено на 30 јуни 2010.
  56. Дракслер, Алфред; Балдауф, Анги (4 јуни 2010). „Kandidatfür das Amt des Bundespräsidenten Christian Wulff: Ich will Mut und Optimismus verbreiten!“. Bild (германски). Архивирано од изворникот на 2010-07-10. Посетено на 30 јуни 2010.
  57. 57,0 57,1 „Der Krimi um die Präsidentenwahl“. Die Welt (германски). 6 јуни 2010. Посетено на 30 јуни 2010.
  58. „Die Linke sieht ein Signal gegen Rot-Rot-Grün“. Die Welt (германски). 5 јуни 2010. Посетено на 30 јуни 2010.
  59. "DDR war kein Unrechtsstaat": Jochimsen definiert Unrecht“ (германски). n-tv.de. Посетено на 20 февруари 2012.
  60. Linke verhindert Gauck, Wulff wird Präsident, Manager Magazin
  61. „Bundespräsidentenwahl: Linke Jochimsen zieht Kandidatur zurück“. Der Spiegel (германски). Посетено на 30 јуни 2010.
  62. 62,0 62,1 Gauck-Boykott vertieft die Gräben, n24.de
  63. Causa Gauck entlarvt Rot-Rot-Grün als Illusion, Die Welt
  64. „Bundespräsident: Gabriel: Lafontaine-Kritik an Gauck peinlich“. Focus.de. 17 јуни 2010. Архивирано од изворникот на 2013-05-23. Посетено на 20 февруари 2012.
  65. Opposition streitet über Gauck, n-tv.de
  66. „Merkel candidate Wulff wins presidency on third attempt“. BBC News. 30 јуни 2010. Посетено на 30 јуни 2010.
  67. Der Gauck-Macher, Bild
  68. „Германската влада и опозиција се согласија за Јоахим Гаук како кандидат за претседател на државата“. Newsday.com. Посетено на 20 февруари 2012.
  69. Гаук фаворит на СПД за наследник на Вулф, DTS, 18 февруари 2012
  70. „FDP beharrt auf Gauck: Rösler feiert gefährlichen Sieg“. sueddeutsche.de. Посетено на 20 февруари 2012.
  71. „Gauck-Nominierung: Union wirft FDP "gewaltigen Vertrauensbruch" vor“ (германски). Welt.de. Посетено на 20 февруари 2012.
  72. Аплаус за Јоахим Гаук, stern.de
  73. German press hails Joachim Gauck presidency nomination, BBC
  74. „Germany's 'president of hearts' seeks to restore the faith“. Expatica.com. Архивирано од изворникот на 2013-05-24. Посетено на 21 февруари 2012.
  75. 75,0 75,1 Gauck in der Kritik Архивирано на 23 февруари 2012 г., news.at
  76. „Joachim Gaucks "wilde Ehe" irritiert die CSU“. Morgenpost.de. Посетено на 21 февруари 2012.
  77. Gabriel greift Linke an: Betonköpfe, die Stasi-Aufklärung unanständig finden, Focus, 26 февруари 2012
  78. Gabriel: Linke lehnt Gauck wegen Sympathie für DDR ab, Agence France-Presse, 26 февруари 2012
  79. David Gill – Gaucks Vertrauter fürs Schloss Bellevue, Die Welt 25 февруари 2012
  80. http://www.faz.net/aktuell/politik/inland/david-gill-gaucks-zielstrebiger-vertrauter-11689769.html
  81. Одлука во Берлин, Der Spiegel, 18 март 2012
  82. „Gauck ist neuer deutscher Bundespräsident“. Diepresse.com. Посетено на 20 март 2012.
  83. Official Website of the Federal Presidency
  84. Agenda of the German President. Taking of the oath of office.
  85. „Article on the Bundestag's website with information on the election and on the swearing-in scheduled for 23 March 2012“. Архивирано од изворникот на 2014-05-15. Посетено на 2014-07-15.
  86. „Hansi Gauck versteht Trauschein-Debatte nicht“ (германски). Bild.de. 22 февруари 2012. Посетено на 20 март 2012.
  87. „Vater-Sohn-Verhältnis – Bruchstellen – Christian Gauck über seinen Vater“. Abendblatt.de. 28 февруари 2011. Посетено на 20 февруари 2012.
  88. „Joachim Gauck: Wenn Vater sagt "Gesine, steh doch mal auf!" (германски). Welt.de. 25 февруари 2012. Посетено на 20 март 2012.
  89. „Joachim Gauck: Sein Liebespfad nach Nürnberg“. Nürnberger Nachrichten (германски). 7 јуни 2010. Посетено на 30 јуни 2010.

Надворешни врски уреди

Нова титула Сојузен полномошник за архивите на Штази
1990–2000
Наследник
Маријане Биртлер
Политички функции
Претходник
Кристијан Вулф
Претседател на Германија
2012–2017
Наследник
Франк-Валтер Штајнмаер