Јена (германски: Jena) — универзитетски град во средишна Германија на реката Зале. Има население од околу 103.000 жители и е вториот најголем град во сојузната покраина Тирингија, по Ерфурт.

Јена

Jena

Панорама на Јена
Панорама на Јена
Панорама на Јена
Грб на Јена
Јена во рамките на Германија
Јена
Управа
Земја Германија
Покраина Тирингија
Округ Урбан округ
Градски единици 41 градски округ,
24 места
Градоначалник Албрехт Шретер (СДП)
Основни податоци
Површина 114 км2
Надм. височина 145−425 м
Население 110.731 (31 декември 2020)[1]
 - Густина 971 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. J
Пошт. бр. 07701–07751
Повик. бр. 03641, 036425 (Крипендорф, Лицерода, Исерштет)
Портал www.jena.de
Местоположба на градот Јена во Тирингија
Местоположба на градот Јена во Тирингија
Местоположба на градот Јена во Тирингија
Координати 50°55′38″N 11°35′10″E / 50.92722° СГШ; 11.58611° ИГД / 50.92722; 11.58611

Историја уреди

Јена била првпат спомената во документ од 1182 година. Во XI век било во посед на грофовите од Лобдебург, но во следниот век се развил како слободен пазарен град со закони. Локалната економија главно се потпирала на производството на вино. Во 1286, доминиканците се населиле во градот, следени од цистерцијанците во 1301.

Грофовите од Мајсен ја наметнала својата власт над Јена во 1331. Од 1423, припаѓал на изборното кнежевство Саксонија на династијата Ветин, која го наследила Мајсен и останал под нивна власт до поделбата на земјите на Ветин во 1485.

Реформацијата дошла во градот во 1523. Во следните години, доминиканските и кармелитските манастир биле напаѓани од граѓаните. Во 1558, универзитетот (сега наречен Универзитет Фридрих Шилер Јена) бил основан од изборниот кнез Јохан Фридрих Велокодушен.

За краток период (1672–1690), Јена била главен град на независното војводство (Саксо-Јена). Во 1692, било припоено од Саксо-Ајзенах, а во 1741, на Војводството (подоцна Големо Војводство) Саксо-Вајмар, на кое припаѓала до 1918.

На крајот на XVIII век, универзитетот станал најголем и најпознат во германските држави и ја направил Јена центар на идеалистичката филозофија (со професори како Јохан Готлиб Фихте, Георг Вилхелм Фридрих Хегел, Фридрих Шилер и Фридрих Вилхелм Јозеф Шелинг) и на раниот романтизам (со писатели како Новалис, браќата Шлегел и Лудвиг Тик). Во 1794, писателите Гете и Шилер се сретнале на универзитетот и го започнале своето долгогодишно пријателство.

На 14 октомври 1806, Наполеон се борел и ја поразил пруската армија овде во Битката кај Јена-Ауерштет. Отпорот против француската окупација бил силен, особено помеѓу студентите од градор, многу од нив се бореле во слободните сили Лицов во 1813. Две години подоцна, братството Urburschenschaft било основано во градот.

На крајот на XIX век, со изградбата на железничката линија Зал (Saalbahn) долж реката Зале од Хале/Лајпциг до Нирнберг, Јена станала центар на прецизното инженерство, оптика и правењето на стакло, со основањето на светски познатите компании Carl Zeiss AG и Schott Jenaer Glaswerk, од Карл Цајс, Ернст Абе и Ото Шот.

Во 1945, кон крајот на Втората светска војна, Јена бил силно бомбардирана од американските и британските сили. 153 луѓе загинале и поголемиот дел од средновековниот центар на градот бил уништен (иако обновен по крајот на војната).

Дел од Државата Тирингија од нејзиното основање во 1920, бил припоен кон Германската Демократска Република во 1949, а нејзиниот округ Гера во 1952. Од 1990, градот Јена припаѓа на Слободната Држава Тирингија во обединетата Сојузна Република Германија.

Стопанство уреди

Денес, Јена е производствен град, специјализирана во прецизното инженерство, фармацевството, оптиката и фотографската опрема и е дом на познатата фабрика за оптика Цајс. Во 1926, првиот современ планетариум бил изграден од компанијата Цајс во округот Даменфиртел во градот.

Денес, економијата на градот е сочинета од биоинформатиката, биотехнологијата, програмската опрема и фотониката. Областа околу Јена е помеѓу 50. најбрзо растечки региони во Германија, со многубројни меѓународно познати научно-истражувачки институции и компании, значително мала невработеност и многу млади луѓе. На Јена ѝ била доделена титулата „Stadt der Wissenschaft“ (град на науката) од Stifterverband für die Deutsche Wissenschaft, германското здружение за наука, во 2008.

 
Јен-Кула.
 
Поглед на центарот на градот
 
Јоханисштрасе, гледајќи кон Ајхплац Јена
 
Божиќен пазар во Јена

Главни знаменитости уреди

  • Градското собрание од XIII век („ратхаус“). Има астрономски часовник кој го прикажува Schnapphans.
  • Готската црква Св. Михаил („Michaelskirche“, 1506). Ја има бронзената плоча од гробот на Мартин Лутер.
  • Споменик на Јохан Фридрих I Велокодушниот (1905–08), на главниот плоштад.
  • Бројни кули од средновековните утврдувања.
  • Куќата на Фридрих Шилер и неговата црква на венчавање.
  • Ботаничка градина Јена, основана во 1580, втората најстара ботаничка градина во Германија.
  • Јен-Кула, истражувачка градба изградена во времето на ГДР. Постои ресторан и платформа за набљудување на 27. кат.

Во близина на градот се замоците во Дорнбург и замокот во Капелендорф.

Јавен сообраќај уреди

  • Градот е опслужуван со трамвајска мрежа и со широката мрежа на автобуси, обете управувани од претпријатието „Jenah“.
  • Автобуси на JES Verkehrsgesellschaft ја поврзуваат Јена со градовите и селата во областа.
  • Брзите ICE возови од Берлин до Минхен застануваат на железничката станица Јена Парадиз, источно од центарот на градот (како и сите други возови кои се движат север-југ на железничката линија Зал); возовите од Ерфурт и од запад пристигнуваат на железничката станица Јена Вест, западно од центарот на градот (како и сите други возови кои се движат исток-запад на железничката линија Вајмар-Гера).
  • Најблиски аеродроми до Јена се аеродромот Лајпциг/Алтенбург и Аеродром Ерфурт. Меѓутоа, меѓународните посетители најчесто слетуваат на аеродромите во Франкфурт, Берлин или Минхен; од сите има добри врски со возови до Јена.

Образовни институции уреди

  • Универзитетот Фридрих Шилер во Јена бил основан во 1558 како „Collegium Jenense“.
  • Универзитетот за применети науки (Fachhochschule Jena) бил основан во 1991.
  • Институтот Макс Планк за хемиска екологија е важен истражувачки центар и нуди докторски студии.
  • Институтот Макс Планк за економија.
  • Институтот Макс Планк за биогеохемија.
  • Институт за фотонска технологија.
  • Институт Фраунхофер за применета оптика и прецизно инженерство.
  • INNOVENT - еден од најголемите приватни истражувачки центри во Германија.
  • Институтот Лајбниц за истражување на возраста е важен истражувачки центар и нуди докторски студии.
  • Институтот Лајбниц за истражување на природни производи и биологија.
  • Институт Фридрих Лефлер за бактериски инфекции.
  • Институт Фридрих Лефлер за молекуларна патогенеза.
  • Центар Јена за биоинформатика.

Музеи уреди

  • Оптички музеј Јена - историја на оптичките инструменти
  • Шот ГласМузеум - производство и употреба на стаклото
  • Гере Градски музеј - урбана историја на Јена
  • Ботаничка градина
  • Музеј за филогенеза и теорија на еволуцијата
  • Куќа на романтизмот - книжевност
  • Меморијал на Гете - книжевност
  • Ориентален кабинет Јена - ориентална историја, нумизматика (не е јавен, отворен само за научници)
  • Вила Шот - историја на фабриките за стакло во Јена и на Ото Што и неговото семејство

Култура уреди

 
Ботаничката градина на Јена
  • Јенска филхармонија е најголемиот независен симфониски оркестар во Тирингија.
  • Културарена: годишен музички фестивал, кој се одржува пред самиот театар.

Познати жители и алумни на универзитетот уреди

Меѓународни односи уреди

Јена е збратимена со:

Наводи уреди

  1. „Население по општини, надлежни општини и општински заедници во Тирингија“. Статистичка служба на Тирингија. јуни 2021. (германски)
  2. „Меѓународни врски на Градот Порто“ (PDF). © 2006-2009 Municipal Directorateofthe PresidencyServices InternationalRelationsOffice. Архивирано од изворникот (PDF) на 2012-01-13. Посетено на 2009-07-10.
  3. Binjakëzime Архивирано на 21 септември 2013 г., Општина Камза (на албански)

Надворешни врски уреди