Јевле е град во Шведска, поточно град кој се наоѓа во средишниот дел на државата. Градот се наоѓа во рамките на Јевлеборшкиот округ, а воедно градот е и седиште и најголем град во округот. Јевле е истовремено и седиште на истоимената Општина Јевле.

Јевле
Амблем на Јевле
Амблем
Јевле is located in Шведска
Јевле
Јевле
Координати: 60°40′N 17°10′E / 60.667° СГШ; 17.167° ИГД / 60.667; 17.167
Површина
 • Вкупна42,45 км2 (1,639 ми2)
Население (31 декември 2010)
 • Вкупно71,033
 • Густина1.673/км2 (4,330/ми2)
Часовен појасCET (UTC+1)
 • Лете (ЛСВ)CEST (UTC+2)
Мреж. местоhttp://www.gavle.se/

Јевле е познат и како најсат град во историската покраина Норланд („Северна земја“), кој градските права ги добил во 1446 година.

Природни услови уреди

Градот Јевле се наоѓа во средишниот дел на Шведска и Скандинавскиот Полуостров. Од главниот град на државата, Стокхолм, градот е оддалечен 175км северно.

Релјеф: Јевле се формирал во областа Гестрик во рамките на историската покраина Норланд. Подрачјето на градот е претежно рамничарско до бреговито, а надморската височина се движи од 0 до 30м.

Клима: Климата во Јевле е претежно континентална.

Води: Јевле се формирал на брегот на Ботнискиот Залив, на Балтичко Море, на местото каде реката Јевлеон се влева во морето. Реката го дели градот на северен и јужен дел. При влевањето на реката во морето се формирало и големо пристаниште.

Историја уреди

Подрачјето Јевле било населено уште во времето на раниот среден век. Поради значајното населување на северот на денешна Шведска, населбата во 1446 година ги добила градските права.

Со векови градот бил мал, со црква, властелински двор и градската куќа. По големите пожари од 1776 година и 1869 година градот е обновен на современ начин, со правилна, ортогонална улична мрежа.

Во втората половина на 19 век, со доаѓањето на индустријата и железницата, Јевле доживува преокрет. Ова довело до добра благостостојба, која трае и ден денес.

Население уреди

Јевле денес е град со средна големина според шведските услови. Градот има околу 71.000 жители (податок од 2010 година), а градското подрачје, т.е. истоимената општина има околу 96.000 жители (податок од 2010 година). Последните децении бројот на населението константно расте.

До средината на XX век Јевле бил населен со исклучително етнички Швеѓани, а со подоцнежните доселувања во Шведска, населението на градот станало шарено.

Стопанство уреди

Денес Јевле е современ индустриски град со посебна развиена индустрија (посебно она поврзана со преработка на дрво). Во градот се наоѓа и доста познато претпријатие за производство на кафеЈевалија“. Последните неколку децении посебно се развиваат трговијата, услугите и туризмот.

Јевле е и универзитетски град со околу 12.500 студенти.

Галерија уреди

Извори уреди

Надворешни врски уреди