Јан Колар (словачки: Ján Kollár; Мошовце, 29 јули 1793Виена, 24 јануари 1852), познат под псевдонимот „Чехобрат Протиштурски“ — словачки политичар, поет, писател, идеолог на словачката народна преродба и претставник на чешката народна преродба, јазичар, археолог, евангелистички свештеник и главен идеолог на панславизмот.

Јан Колар
Јан Колар
Изворно имеJán Kollár
Роден/а29 јули 1793(1793-07-29)
Мошовце, Кралство Унгарија (денес Словачка)
Починат/а24 јануари 1852(1852-01-24) (возр. 58)
Виена, Австриско Царство
Занимањеписател, поет, пастор
НационалностСловак
Значајни делаЌерката на Слава
РодниниМатеј Колар (татко)
Катарина Фрндова (мајка)

Животопис уреди

Јан Колар потекнува од селско-занаетчиско семејство. Се школувал во Мошовце и во гимназиите во Кремница, Банска Бистрица, а од 1812 до 1815 година, на евангелистичкиот лицеј во Братислава.[1] По двогодишна работа во образованието во Банска Бистрица го продолжува своето студирање од 1817 до 1819 година на евангелистичкиот универзитет во Јена. Во 1819 година почнува неговата триесетгодишна работа во Будимпешта каде бил евангелистички свештеник. Во 1835 година се оженил со Фредерика Шмитова, ќерка на евангелистички свештеник, која ја запознал уште во 1817 година. Неговите пријателски врски со Људовит Штур и неговите пријатели го нарушувале воведувањето на нов книжевен словачки јазик, кој јавно го критикувал. Во текот и после револуционерните настани (1848-1849), работел во Виена, во служба на царскиот двор како советник и „повереник за Словачка“. Предложил самоуправа на Словачка и словачки училишта со чешка наставна програма. Заради поддршка на дворот во текот на револуцијата во 1849 година награден е со именување на вонреден професор по словенска археологија на универзитетот во Виена каде се интересирал за археолошки истражувања.

Дело уреди

Поезија уреди

  • Песни (Básně)
  • Ќерката на Слава (Slávy dcera) – негово животно дело кое настана од неговата збирка песни. Инспирација за ова дело била Дантеовата Божествена комедија. Делото е пишувано на анахрон јазик и релативно компликувано.

Во ова дело тој ја обработува словенската заемност. Тој ги изразува своите чувства кон жена, но оваа љубов се претворила во љубов кон татковината.

  • Песни на словачкиот народ во Унгарија (Písně světské lidu slovenského v Uhřích) – два дела кои ги собрал со помош на Павел Јозеф Шафарик и други.

Научни дела уреди

  • За литературната заемност меѓу словенските племиња и наречја (O literárnej vzájemnosti mezi kmeny a nářečími slávský) – во ова дело ги шири своите погледи за словенската поврзаност и Словените ги смета за народ кој има 4 основни дијалекти:
    • руски
    • полски
    • српскохрватски
    • чехословачки
  • Божицата Слава и потеклото на името Славов или Славјанов (Sláva bohyně a původ jména Slavův čili Slavjanův)
  • Памтења (Paměti)

Учебници уреди

  • Читанка (Čítanka)
  • Буквар (Slabikář)

Проповеднички дела уреди

  • Неделни, свечени и пригодни проповеди и говори од Јан Колар (Nedělní, svátečné i příležitostné kázně a řeči od Jana Kollára)

Патописи уреди

  • Патопис, вклучувајќи го патувањето до Горна Италија, а оттаму преку Тирол до Баварска со посебен осврт на словенските елементи (1841 година) (Cestopis, obsahující cestu do Horní Itálie a odtud přes Tyrolsko a Bavorsko se zvláštním ohledem na slavjanské živly r. 1841 konanou) – во ова дело изрекол тврдење дека Италијанците се со словенско потекло.

Напишал голем број помали дела, прилози за магазини и весници. Значителен дел од овие прилози се однесувал на јазиците.

Галерија уреди

Наводи уреди

  1. Petro, Peter (1995). A History of Slovak Literature (1. изд.). Mcgill Queens's University Press. стр. 66.

Надворешни врски уреди