Јанус првобитно бил почитуван како римски бог на сонцето а подоцна: бог на годината, на војната и мирот, на времето и на секој почеток при што бил именуван и првиот месец на годината, јануари.

Негова скулптура во Ватикан

Јанус бил чувар на вселената и присуствувал во раѓањето на секое човечко суштество. Бил претставуван со жезол во десната рака, со клуч во левата, и со две лица: едно младешко, што гледало напред, во иднината, и едно старо, што гледало назад, во минатото. Храмот што му бил посветен нему во време на мир бил затворен, а во време на војна секогаш бил отворен.