Јанко Веселиновиќ

Јанко Веселиновиќ (Црнобарски Салаш, 13 мај 1862Глоговац, 26 јуни 1905) бил српски книжевник.

Споменик на Јанко Веселиновиќ во градскиот парк во Шабац

Животопис уреди

Татко му бил свештеник Милош Веселиновиќ. Основно училиште завршил во Глоговац, а потоа четири разреда гимназија во Шабац (1878). Потоа запишал богословија, која не ја завршил, а во 1878 година се запишал во учителско училиште, кое исто така не го завршил. За тогашно време и то било доволно да биде со неполни 18 години учител во Свилеуви. Тука бил на должност до 1882 година. Во Свилеуви ја запознал својаа идна сопруга Јованка Јоку Јовановиќ со која и се венчал 1881. Положил практичен испит за учител во Свилеуви 1884 година. Истата година е распореден во село Костур кај Пирот. 1886 година поставен е за учител во Свилеуви. Тоа го одбил бидејќи изразил желба да заврши во Виена телеграфски курс. Поради болест се вратил во Србија каде го продолжил курсот, проведувајќи време по кафеани така што курсот не го завршил.

Првиот обид за печатење расказ 1886 година завршил со неуспех. Koста Арсенијевиќ, уредникот на "Мисли", му го вратил ракописот со совет "младиот учител да прекине со оваа работа". Обесхрабрен Веселиновиќ сакал да ги запали сите свои ракописи. Од тоа го одвратил неговиот драг пријател Јова Алексиќ. Подоцна Јанко бил претседник на општината Коцељево, па повторно учител. Работел и како помошник на главниот уредник на листот Српски весник (Српске новине), од каде потекнува и неговото големо пријателство со главниот уредник Милован Глишиќ. Бил и коректор во Државна печатница (Државне штампарије), драматург во Народен театар (Народног позоришта), покренувач и уредник на листот Ѕвезда (Звезда), уредник на листовите Побратим, Дневен лист (Дневни лист). Раскажувач, романописец, драмски писател.

Неуредниот живот оставил траги, па се разболел од туберкулоза, од која и умрел. На неговиот погреб присуствувале дури и Алекса Шантиќ и Светозар Ќоровиќ, кои поради тоа допатувале од Мостар.