Јанија — македонско традиционално чорбесто јадење од разен зеленчук (компири, пиперки, домати, кромид и др. во зависност од сезоната) со или без месо (телешко, свинско, пилешко).

Јанија
Посна јанија
Дел од оброкотглавно јадење
Место на потеклоМакедонија, Турција, Балкан
Температура на послужувањетопло
Главни состојкикомпири, пиперки, домати, кромид

Рецепт уреди

 
Јанија со телешко месо

Ова јадење практично нема ограничување во однос на варијантите, секој ја прави на свој начин. 800 г телешка удина се сече на парчиња и се пржи додека не испари течноста од месото, потоа се додава една главица сечкан кромид и се запржува 5 минути. Се додаваат два сечкани домати и две пиперки и се динста на тивко додека не испари течноста од зеленчукот. Се зачинува со црвен пипер и се додаваат 500-600 мл вода, се остава да вари околу 40 минути, па се додаваат 4 сечкани компири и се вари уште 30 минути. На крајот се додава запршка од масло и брашно и се вари уште минута-две. [1].

Наводи уреди