Јангцекјанг

најдолга река во Кина

Јангцекјанг (кинески: 扬子江, пинјин: Yángzǐ Jiāng, Јангѕеѓанг или Сина Река), во самата Кина наречена Чангѓанг (长江 Cháng Jiāng - Долга Река) — најдолгата река во Азија, а и трета река по должина во светот со должина околу 6.300 км. Реката извира во западниот дел на Кина, во покраината Ќингхај. Реката тече од запад кон исток и се влева во Источно-кинеското Море во близина на градот Шангај. Географски реката ја дели Кина на северна и јужна, што и денес служи како ориентир.

Јангцекјанг
Местоположба
Физички особености
Должина6.300 км[1]
Особености на сливот

Имиња уреди

 
Првиот поголем свиок на рејата Јангцекјанг кај Шигу во покраината Јинан, каде што реката заобиколува за 180 степени од југ кон север

Името на реката Јангцекјанг е само едно од многуте на истата река. Всушност реката може да се сретне и како Јангце што е многу распространето, Јангѕе-ѓанг од коешто и најверојатно потекнува името Јангцекјанг. Името Јангце ѓанг започнала да го употребува династијата Суеј. За време на династијата Минг името на реката било само Јангце. Денес Јангѕе-ѓанг е поетското име на реката, а нејзиното современо име е Чангѓанг, но во употреба најчести се Јангце или Јангцекјанг.

Во Тибет реката е позната под името Дангку (мочуришна река), а во некои јужни кинески покраини и како реката Јинша (река на златни песоци). Денес оваа река е позната и уште како Сина река.

Географија уреди

Јангцекјанг извира на планината Геладандунг на планинскиот венец Дангла во источниот дел на Тибетската висорамнина, во кинеската покраина Ќингхај. Реката најпрвин поминува низ Сечуан и Тибет, за да стигне до Јинан. Во овој свој тек реката се спушта од 5000 на само 1000 м надморска висина.

Реката поминува низ Сечуанската Котлина во Јабин каде што се зголемува нејзиното количество на вода, а потоа тече низ планината Вушан, течејќи покрај Чунгќинг и Хубеј образувајќи ги познатите Три Клисури по што реката поминува низ првиот град Јичанг.

Минувајќи низ Хубеј, реката прима вода од повеќе езера од кои најпознато е Дунгтинг, а исто така и од реката Ханшуј.

Во северниот дел од Јиангкси најголемото езеро во Кина Појанг се припојува во реката која продолжува да тече низ покраините Анхуеј и Ѓангси, поврзувајќи се со многу пократки реки и помали езера од каде што стигнува кон својот влив во Источнокинеско Море.

Стопанско значење уреди

 
Бродови пловат по Јангцекјанг кон мостот во близина на Нантунг.

Реката е голема, пловна и има огромно стопанско значење. Постојат две брани на реката. Водата која што тече во реката е чиста, а за тоа служи и фактот дека четири од петте најголеми производители на минерална вода во Кина се служат со водата од реката Јангцекјанг, а водата од истата претставува симбол за чиста вода во Кина.

Наводи уреди

  1. Encyclopaedia Britannica: Yangtze River http://www.britannica.com/eb/article-9110538/Yangtze-River