Ѓон (турски: gön) – долен дел од чевелот обично изработен од кожа, гума и сл.[1]

Гумени ѓонови кај женски патики

Служи да го заштити стапалото од студ, топлина, нерамни површини, остри предмети и влијание на подлогата. Постојата различни видови ѓонови [2]:

  • кожен ѓон – потемнува во контакт со сонце. Се користи за танцови обувки. Се аби при честа употреба и бара поправки и често се врши пенчетирање со гумени додатоци.
  • гумен ѓон – флексибилен, водоотпорен и лесен за одржување.
  • синтетички ѓон – свитлив, лесен за одржување, но лизгав.
  • дрвен ѓон (налани и кломпи)

Постојат повеќе начини горниот дел на обувката да се поврзе со ѓонот: со лепење, шиење (кај свитлива најчесто куќни обувки) и со пресување (кај спортски обувки).[2]

Удобните обувки за носење најчесто имаат свитлив ѓон кој најдобро ги амортизира ударите на стапалото на подлогата и најдобро ги следи движењата на стапалото. Од друга страна, ако ѓонот е многу мек, тој дозволува претерани бочни движења кои со време може да предизвикаат кривење на стапалото кон внатре или нанадвор. Ѓоновите покажуваат како е одот. После неколку месеци носење одредени делови на ѓоновите се тенчат. Тие делови ги откриваат точките на газење и неправилностите во распоредот на тежината при одењето.[3]

Наводи уреди

  1. „ѓон“Дигитален речник на македонскиот јазик
  2. 2,0 2,1 „Материјали“. batashoes.rs. Архивирано од изворникот на 5 октомври 2014.
  3. Вера Бошковић. „Како препознати лоше ципеле“. politika.rs. Београд: Политика новине и Магазини д. о. о.

Надворешни врски уреди