Ѓердапско езеро (романски: Lacului de acumulare Porţile de Fier) — вештачко езеро, акумулирано на Дунав во источна Србија на границата со Романија. Настанало во 1972 година кога Југославија и Романија ја изградиле хидроелектраната „Ѓердап I”. Езерото лежи во Ѓердапска Клисура. На брегот на езерото се наоѓа Национален парк Ѓердап.

Ѓердапско Езеро

Езерото е долго преку 100 km, а на најширокото место е широко 8 km. Најголема длабочина достигнува 100 метари. Површината на езерото е 253 km², од што 163 km² е на српската, а 90 km² на романската страна. По големина е четврто најголемо езеро на Балканот и во Србија.

Настанување уреди

Ѓердапско езеро настанало во 1972 година кога Романија и Југославија ја изградиле хидроцентралата Ѓердап 1. Имено, дизајнерот на српскиот канал Хуго Лутер прв предложил поделба на Дунав во Ѓердап. Подготвителните работи за изградба на ХЕПС започнале во 1964 година и се завршени во 1972 година. Првите агрегати на хидроцентралата биле пуштени во употреба на 5 август во 1970 година.

Ѓердапска клисура уреди

Клисурата Ѓердап е најголемата и најдолгата клисура во Европа, која се состои од четири долини и четири клисури наизменично: Голубачка клисура, Љупковска котлина, клисура Госпоѓиниот Вир, Доњомилановачка котлина, Казанска клисура, Оршавска котлина, Сипска клисура и Влашка низина.

Локација уреди

До езерото Ѓердап лесно може да се стигне од правец на Белград, Панчево, Смедерево, Пожаревац, Неготин, Заечар, како и други градови во источна и централна Србија. До езерото води патот Голубац-Кладово. Железничката пруга Белград-Бор е најблиску до езерото кај Мајданпек. На браната на хидроцентралата „Ѓердап“ каде што се одвива значителен патнички сообраќај е формиран граничен премин кон Романија.

Влијанието на Ѓердапското Езеро врз промените во природната средина уреди

Врз основа на податоците добиени од дваесетгодишното набљудување на елементите на природната средина пред и по изградбата на браната, промените во температурата и длабочината на водата во Дунав, содржината на хемиски соединенија, зголемувањето на нивото на подземните води и многу други параметри кои ги дефинираат хидролошките и климатските одлики на Ѓердапското Езеро. Со акумулацијата ХЕПС Ѓердап 1, водите на реката беа запрени и подигнати на 69,5 m надморска височина. Брзината на водата беше намалена на 0,1-0,3 m/s. Обликот на езерото е прилагоден на клисурата. Во тесните делови, езерото е широко 150–400 m, додека во котлината се шири до 2250 m. При ниски водостои, должината на езерото е 132 km, а површината е 135 km², додека на високи водостои должината е 264 km, а површината е 245 km². Вкупниот волумен на вода е околу 2800000000 m³ (28 милијарди m³).

 
Трајанова табла
 
Голубачки град

Водениот режим на Дунав не е многу променет. Највисоки водостои се во мај и јуни, а најниски во септември, октомври и ноември. Сепак, просечните годишни водостои се зголемени, а амплитудите на просечните месечни водостои се намалени.

Промени на температури на водата уреди

Како што водата е се поизложена на влијанието на сончевото зрачење поради намалената брзина, дојде до зголемување на просечните годишни вредности на температурата на водата. Највисоките просечни температури веќе не се во јули, туку во август, поради поголемата количина на вода во коритото на која и треба повеќе време за загревање. Создавањето на акумулацијата ја исклучува можноста за ледени поплави во секторот помеѓу браната и Велико Градиште, ледениот режим е поповолен во однос на природниот режим поради отстранување на условите за формирање на природни ледени брани.

Влијание врз содржината на хемиските соединенија уреди

Акумулацијата на Ѓердап 1 има негативно влијание врз содржината на азотни и фосфорни соединенија, јони на железо и манган, микроелементи и органска материја. Сепак, задржувањето на овие хемиски соединенија има позитивен ефект врз акумулацијата на Хидроелектрична централа Ѓердап II. Подобрувањето на водата во акумулацијата негативно се одразува на квалитетот на тињата на дното на езерото и тоа е последица на седиментација на материи од различно потекло и состав, поради намалената брзина на водата. Акумулацијата го намали бројот на колиформни бактерии на профилите поблиски до браната.

Подземни води уреди

Со подигање на нивото на водата во реката околу устието Млава, во Панчевачки Рит и Годоминско поле, подземните води се подигнати на 70 см, додека амплитудите беа намалени на 180 см. Постои и опасност од зголемување на соленоста на почвата.

Климатски промени уреди

Акумулацијата ги намалува просечните годишни температури на воздухот. Релативната влажност се зголемува до 1-3% и се јавува во април, мај, јули, август и септември, а во Текија во октомври. Што се однесува до облачноста, нема големи промени, додека количината на врнежи е зголемена. Снежната покривка е намалена, а брзината на ветерот е посилна, поради што е зголемена висината на брановите и до 1,5 m.

Туризам уреди

Езерото Ѓердап има исклучително природно богатство и прекрасни пејзажи, како и многу културни и историски споменици. Најинтересниот дел од езерото Ѓердап е клисурата Ѓердап, чиј пејзаж се менува на кратко растојание. Во клисурата Голубац доминира средновековната тврдина Градот Голубац, која го означува почетокот на Националниот парк Ѓердап. Во Љупковска котлина езерото е долго 10 km и широко 1,3 km. Вниманието на туристите го привлекуваат неколку остатоци од римски утврдувања и населбата Добра. Клисурата Лепенски Вир е позната по најголемата длабочина на Ѓердапското Езеро (92 м), но и по Лепенски Вир и резерватот Природен резерват Бољетинка — Гребен. Долномиланскиот дел од езерото е широк 2,4 километри и долг 15 километри. Клисурите на Велики и Мали Казан се познати по Таблетата на Трајан и регионалниот парк Голем и Мал Штрбац. Оршавска котлина е најраспространетиот дел на Ѓердапското Езеро. Сипска клисура е центар на младинскиот туризам на езерото Ѓердап. За поинтензивен развој на туризмот на езерото Ѓердап, покрај подобрувањето на чистотата на водата и развојот на водниот патнички и туристички сообраќај, потребно е подобро и повеќе да се валиризираат огромното богатство на историски значајни места и објекти, како и археолошки објекти. Тоа е основа за богата содржина на престојот и покомплексна туристичка понуда.

Историја уреди

На просторот кој е покриен со езеро, се наоѓаат бројни археолошки остатоци за живот на овие простори од праисториски период. Евидентирано е околу 40 археолошких наоѓалишта и културни добра на овој локалитет:

  • Ливадице, (античко утврдување)
  • Брњица, (римски преградни каструм)
  • Цезава, (римски каструм)
  • Цезава, (средновековна некропола)
  • Салдум, (римско и рановизантиско утврдување)
  • Зидинац, (касноантички спецулум)
  • Козица, (праисториски населби)
  • Босман, (рановизантиско утврдување)
  • Госпоѓин Вир, (античко и средновековно наоѓалиште)
  • Манастир – Госпоѓин Вир, (праисторијско, античко и средновековно наоѓалиште)
  • Падина, (населба од мезолит и постар неолит)
  • Песаца, (праисториска населба, античко утврдување и средновековна некропола)
  • Стубица, (населба од постар неолит)
  • Велике Ливадице, (праисториска, античка и средновековна населба)
  • Мале Ливадице, (населба од постаро железно доба и античка опсерваторија)
  • Клисура, (населба од бронзено доба)
  • Лепенски Вир, (римска кула)
  • Лепенски Вир, (праисториска поткапина)
  • Катаринине ливаде, (населба од бронзено доба)
  • Бољетин, (римски и рановизантиски логор)
  • Бољетин, (средновековна населба и некропола)
  • Власац, (мезолитска населба)
  • Равна, (римско и рановизантиаско утврдување)
  • Равна, (средновековна насеба и некропола)
  • Рибница, (праисториско и античко наоѓалиште, средновековна населба и некропола)
  • Долен Милановац – Голем Градац, (римско и рановизантиско утврдување)
  • Мрфаја, (комплекс на праисторијски наоѓалишта на потез на Поречка река)
  • Поречка Река, (собирен центар за снабдѕвање на римските трупи во Ѓердап)
  • Поречка Река, (средновековна населба и некропола)
  • Мало и Големо Голубиње, (праисториско, римсковизантиско налоѓалиште)
  • Пеќска Бара, (праисториско, античко и средновековно налаоѓалиште)
  • Хајдучка Воденица, (праисториска некроплола)
  • Хајдучка Воденица, (праисториска населба)
  • Хајдучка Воденица, (касноантичко и рановизантиско утврдување)
  • Хајдучка Воденица, (средновековна населба и некропола)
  • Бараце кај Трајанова Табла, (праисториска и античка населба)
  • Текија (Кладово), (римско утврдување – Трансдиерна)
  • Сип (локалитет), (касноантичко утврдуавање)
  • Косовица, (римски мост)
  • Римски Пат низ Ѓердапска клисура

Галерија уреди

Поврзано уреди

Литература уреди

  • Мала енциклопедија Просвета (3. изд.). Београд: Просвета. 1985. ISBN 978-86-07-00001-2. Отсутно или празно |title= (help)
  • Марковић, Јован Ђ. (1990). Енциклопедијски географски лексикон Југославије. Сарајево: Свјетлост. ISBN 978-86-01-02651-3.CS1-одржување: ref=harv (link)

Надворешни врски уреди