Разлика помеѓу преработките на „Џон Доуленд“

Додадени 16 бајти ,  пред 14 години
с
нема опис на уредувањето
с
с
Најголемиот дел од Доуландовата музика е за неговиот сопствен инструмент, лејтата. Тука се вбројуваат неколку книги со музика за соло лејта, [[лејтска песна|лејтски песни]] (за еден глас и лејта), делумни песни со придружба на лејта и неколку дела за конзорциум од [[ножна виола]] и лејта. Неговото најпознато дела е лејтската песна ''Течете, солзи мои'' („Flow My Tears“), чиј прв стих оди вака:
 
:''Flow, my teares, fall from youre springs,''
:''Exiled for ever, let mee mourn''
:''Where night's black bird hir sad infamy sings,''
:''There let mee live forlorn.''
 
Подоцна Доуланд го компонира неговото најпознато инструментално дело, ''Солзи'' (''„Lachrimae“'' или ''„Seaven Teares Figured in Seaven Passionate Pavans“''), збирка од седум за пет ножни виоли (да гамба) и лејта, секоја од нив базирана на ''Течете, солзи мои''. Во своето време ова станало едно од најпознатите конзорциумски дела. Неговата [[павана]], ''Стари солзи'' („Lachrymae antiquae“) исто така била меѓу големите хитови на 17-тиот век.