Разлика помеѓу преработките на „Меланизам“

Одземен 1 бајт ,  пред 10 години
с
Бот: козметички промени
(Нова)
 
с (Бот: козметички промени)
'''Меланизам''' — [[Физиологија|физиолошка]] појава при која се јавува зголемена црна или близу црна [[пигмент]]ација, било да е тоа на [[кожа]]та, [[пердув]]ите, лушпите на [[Пеперутки|пеперуткините]] крила или влакната на еден организам. Се јавува како резултат на присуството на пигментот [[меланин]]. Меланизмот е спротивен на [[Албинизам|албинизмот]], кој се јавува како резултат на недостаток на меланинот. Всушност, меланизмот се однесува на [[фенотип]] во кој пигментацијата на еден организам е целосно или делумно изразена. Кај луѓето, оваа појава се нарекува [[меланоза]].
 
Меланизмот е најчесто резултат на [[Мутација (генетика)|генетска мутација]], но може да настане и од други дразби, како што се абнормалните температурни промени за време на [[гестација]]та (растењето на плодот) кои повремено го менуваат текот на [[Транскрипција (генетика)|транскрипцијата]] или [[транслација]]та. Меланизмот, пак, кој е причинет од антропогеното влијание (менување на животната средина од страна на човекот) е познат како [[индустриски меланизам]]. Тој се јавувал кај најразлични животни, вклучувајќи ги цицачите (верверички, многу видови на мачки итн.), рептили и инсекти (''[[Biston betularia]]''). Последниот случај на индустриски меланизам со пеперутката од фамилијата на ''[[Geometridae]]'', ''Biston betularia'', е класичен пример за оваа појава. Со помош на него се изучуваат принципите на [[Природна селекција|природната селекција]].
 
[[Категорија:Генетски нарушувања]]
[[es:Melanismo]]
[[eu:Melanismo]]
[[fi:Melanismi]]
[[fr:Mélanisme]]
[[he:מלניזם]]
[[hr:Melanizam]]
[[hu:Melanizmus]]
[[it:Melanismo]]
[[he:מלניזם]]
[[lb:Melanismus]]
[[hu:Melanizmus]]
[[nl:Melanisme]]
[[pl:Melanizm]]
[[ru:Меланизм]]
[[sh:Melanizam]]
[[fi:Melanismi]]
[[sv:Melanism]]
[[tr:Melanizm]]
941.847

уредувања