Македонски претседателски избори (1999): Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот додава Шаблон: Без извори
с Бот: козметички промени
Ред 4:
Претседателските избори кои се одржаа во 1999 година беа втори по ред слободни и демократски избори во независна Република Македонија. На ова претходеа Претседателските избори во 1994 на кои победи Претседателот Киро Глигоров.
 
== Кандидати во Прв Круг ==
* [[Муарем Неџипи]]
* [[Васил Тупурковски]]
* [[Мухамед Халили]]
* [[Тито Петковски]]
* [[Стојан Андов]]
* [[Борис Трајковски]]
 
== Резултати од Првиот круг ==
По преброените резултати, сите кандидати беа елиминирани од учевство во вториот круг освен Борис Трајковски со освоени 449026 гласови, и Тито Петковски со освоени 509933 гласови во првиот круг на гласањето кој се одржа на 14.11.1999.
 
== Резултати од Вториот круг ==
Вториот круг на гласање се одржа на 05.12.1999 година. Изборниот ден ќе биде запаметен со многу нерегуларности, и огромен број на излезени гласачи помеѓу Албанското малцинство. Во вториот круг победи Борис Трајковски со 582808 гласови а Тито Петковски имаше 513614 гласови, или 52.40% наспроти 46.18%. [[СДСМ]] не ги призна изборните резултати и го бојкотираше Претседателот Трајковски се до доаѓањето на власт во 2002 година на Парламентарните избори.
 
== Останати статистики ==
Бројот на запишани избирачи во 1999 година бил:1610340 од нив на гласање излегле 1112153 гласачи. По преброените гласачки ливчиња [[Државна Изборна Комисија на Република Македонија |Државната Изборна Комисија]] констатираше дека има 16281 неважечки гласачки ливчиња или 1,46% од вкупниот број на ливчиња.
 
== Види исто така ==