Лариса Латинина: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот додава Шаблон: Без извори
с Бот: козметички промени
Ред 1:
{{Без извори|датум=ноември 2009}}
[[Податотека:Larysa Latynina.jpg|thumb|Лариса Латинина во [[2000]]]]
'''Лариса Семјоновна Латинина''' (руски:Лари́са Семёновна Латы́нина) ([[27 декември]] [[1934]] во [[Херсон]]) е поранешна советска [[сгимнастика|гимнастичарка]] која во својата кариера освоила 18 медали на [[ Олимписки игри|Олимписките игри]] (9 златни, 5 сребрени и 4 бронзени) што е рекорд којшто се уште никој го нема срушено. Лариса исто така се закитила и со наградите [[Заслужен мајстор во спорт на СССР]] во [[1956]] и [[Заслужен тренер во спорт на СССР]] во [[1972]] година.
 
== Олимписки игри ==
Сите рекордни 18 медали Лариса ги освоила на само 3 Олимпијади: [[Летни олимписки игри - 1956|1956]], [[Летни олимписки игри - 1960|1960]] и [[Летни олимписки игри - 1964|1964]].
 
=== Летни олимписки игри - 1956 во Мелбурн ===
На [[Летни олимписки игри - 1964|Летните олимписки игри - 1956 одржани]] во [[Мелбурн]], Лариса имала конкуренција во унгарската гимнастичарка [[Агнеш Келети]]. Но, Лариса ја победила својата 13 години постара противничка и го освоила златниот медал во комбинација поединечно, а потоа со тимот на [[Советски Сојуз|Советскиот Сојуз]] и комбинација тимски. На овие игри Лариса освоила уште 2 злата во [[прескок]] и на [[партер]], а освоила и сребро во двовисински разбој и бронза во тимска конкуренција на преносни помагала. Со 6 медали (4 златни, 1 сребрен и 1 бронзен) Лариса Латинина била најуспешна спортистка на игрите во Мелбурн.
 
=== Летни олимписки игри - 1960 во Рим ===
Во [[Рим]], продолжила доминацијата на Лариса. На овие [[Летни олимписки игри - 1960|Олимписки игри]], Лриса ги одбранила Олимписките титули во поединечна и тимска комбинација, а освоила и злато на партер. Лариса се закитила и со 2 сребра во [[двовисински разбој]] и [[греда]] и со една бронза во прескок. Лариса на игрите освоила 6 медали (3 златни, 2 сребрени и 1 бронзен).
 
=== Летни олимписки игри - 1964 во Токио ===
Успесите на Лариса продолжиле и во [[Токио]]. На [[Летни олимписки игри - 1964|Летните олимписки игри - 1964]], нејзини последни, Лариса како и на претходните 2 Олимпијади освоила 6 медали, но овој пат со само 2 златни одличја. Таа трет пат по ред победила во комбинација во тимска конкуренција и на партер, сребро освоила во комбинација поединечни и прескок, а бронза во двовисински разбој и на греда.
 
== По славната кариера ==
Лариса се пензионирала по светското првенство во [[гимнастика]] во [[1966]] година по што станала тренер.
 
Денес Лариса живее во [[Јапонија]].