Крсте Црвенковски: Разлика помеѓу преработките
[непроверена преработка] | [непроверена преработка] |
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето |
с Бот: козметички промени |
||
Ред 2:
'''Крсте Црвенковски''' ({{роден во|Прилеп}}, {{роден на|16|јули|1921}} - {{починал во|Скопје}}, {{починал на|21|јули|2001}}) е еден од водечките македонски политичари и [[дисидент]]и од времето на [[комунизам|комунизмот]]. Учесник е во [[НОБ]] и носител на орденот [[народен херој]] и на [[Партизанска споменица 1941]].
== Пристапување кон КПЈ и учество во НОБ ==
Кон комунистичкото движење пристапува уште како ученик во гимназија, станувајќи член на [[СКОЈ]] во [[1935]] година, на 14 години. Во [[1939]] година е примен во членство на [[КПЈ]] и влегува во Месниот комитет за Прилеп. По завршувањето на гимназијата, по налог на Партијата се запишува на Филозофскиот факултет во [[Скопје]], но набрзо е принуден да премине во илегала.
Ред 10:
По два неуспешни обиди, Црвенковски во април [[1943]] година успева да побегне од затворот и да се префрли во [[Западна Македонија]]. Именуван е за секретар на Обласниот комитет на [[КПМ]] за Западна Македонија, а во јули [[1944]] станува секретар на Покраинскиот комитет на СКОЈ за Македонија. Учествува во борбите на Првата македонско-косовска бригада, а зема учество и во [[Февруарски поход|Февруарскиот поход]].
== Повоена кариера ==
По ослободувањето Црвенковски врши повеќе раководни функции. Во јануари [[1948]] година е избран за член на Политбирото на ЦК СКМ, а во [[1951]] година е избран за организациски секретар. Во [[1958]] година е избран за министер за просвета и култура во сојузната влада. Во [[1963]] година тогашниот секретар на СКМ, [[Лазар Колишевски]], паѓа во немилост кај [[Јосип Броз Тито]] и е повлечен во [[Белград]], а на негово место во јули 1963 година доаѓа Црвенковски.
Ред 18:
На Петтиот конгрес на СКМ во ноември [[1968]] година, Црвенковски е реизбран на чело на СКМ, но на таа функција останува до март [[1969]] година, кога повторно е повикан на работа во Белград, во новоформираното Извршно биро на ЦК на СКЈ. Во овој период Црвенковски станува член на Претседателството на [[СФРЈ]], а во периодот јуни [[1971]] – јуни [[1972]] е и потпретседател на Претседателството. Мандатот на член на Претседателството му завршува во [[1974]], по што повеќе нема да врши ниту една функција во Федерацијата или во Републиката.
== Дисидентство ==
Наспроти политиката на струјата на [[Лазар Колишевски]], политиката на Црвенковски е во насока на поголемо почитување на Македонија во рамките на Југословенската федерација и во таа насока тој се залага за поголема самостојност на републиките во федерацијата. Во раните седумдесетти им дава поддршка на предводниците на [[Хрватска пролет|Хрватската пролет]], поради што кога централното југословенско раководство решава да се пресмета со т.н. [[либерализам|„либерали“]], во Македонија една од главните жртви ќе биде токму тој.
Ред 28:
Татко е на екс министерот за надворешни работи и амбасадор во [[Велика Британија]], [[Стево Црвенковски]].
== Творештво ==
Крсте Црвенковски е и публицист и аналитичар на политичкото и национално движење во Македонија. Ги има објавено следните дела:
* „Проблеми на реформата на универзитетот“ (1959, на српскохрватски јазик)
* „Сојузот на комунистите на Македонија и демократизацијата на општеството“ (1971)
* „Во одбрана на македонската кауза“ (1989)
* „Подводни гребени на политиката: разговори со Крсте Црвенковски“ (1993)
* „Нашиот поглед за времето на Колишевски“ (заедно со [[Славко Милосавлевски]]) (1996)
* „На браникот на македонската самобитност: материјали од политичките разговори за македонското прашање“ (1999)
* „Заробена вистина“ (постхумно, 2003)
[[Категорија:Македонци]]
Ред 44 ⟶ 43:
[[Категорија:Дејци на КПЈ|Ц]]
[[Категорија:Партизани|Ц]]
[[Категорија:
[[Категорија:Дисиденти|Ц]]
[[Категорија:Народни херои на Југославија]]
|