Коскени риби: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
с Бот: козметички промени
Ред 15:
| subdivision_ranks = Класи
| subdivision =
[[Зракоперки|Actinopterygii]]<br />
[[Резноперки|Sarcopterygii]]
}}
Ред 21:
Во '''коскени риби''' (односно класата '''Osteichthyes''') спаѓаат најголемиот дел од [[риби]]те, со околу 24,000 видови кои ја населуваат речиси секоја [[водна површина]] на Земјата. Поделени се во две групи: [[резноперкови]] (''Sarcopterygii'') и [[зракоперкови]] (''Actinopterygii'') риби. Резноперкови риби се [[Дводишалка|дводишалките]], мала група на примитивни риби кои дишат [[воздух]], како и [[Целакантина|целакантините]], за кои до неодамна се сметаше дека се изумрени, но пронајден е еден жив претставник: [[латимерија]]та.
 
Зракоперковите риби се поделени во две поголеми групи: примитивните [[Есетра|есетри]] и [[Кечига|кечиги]], и понапредните [[новоперкови риби]]. Најпознатите видови на риби припаѓаат на новоперковите. Такви се [[харинга]]та и [[јагула]]та. Други новоперкови риби се [[мрена]]та, [[харацин]]ите (меѓу кои спаѓаат и [[Пирана|пираните]]) и [[сом]]от, кои ги населуваат слатките води во тропските предели и наоколу. [[Лосос]]ите се адаптирале за живот на бреговите на северните океани, но тие дел од својот живот поминуваат и во слатките води. Постојат преку 9000 видови на [[Перкија|перкии]] (вклучувајќи ја и [[туна]]та), правејќи ги најголемиот ред на [[‘Рбетници|‘рбетници]]. Перкиите и нивните роднини се доминантните риби во тропските морски води.
 
== Општи карактеристики ==
 
[[СликаПодатотека:Fischskelett-drawing.jpg|thumb|лево|310|Скелет на коскена риба.]]
 
Коскените риби се карактеризираат со коскен [[скелет]]. Тие имаат релативно стабилен број на главени [[Коска|коски]]. Главата и пекторалниот појас се покриени со големи дермални коски. [[Око|Очното јаболко]] е потпрено со склеротичен прстен од четири мали ковчиња, но оваа карактеристика се губи или е модифицирана кај многу денешни видови. Лавиринтот во [[Внатрешно уво|внатрешното уво]] содржи големи [[отолит]]и. Мозочната кутија, или неврокраниумот, е најчесто поделена на предни и задни оддели поделени со фисури. Коскените риби поседуваат [[бел дроб]] или [[пловен меур]], што им овозможуваат рамнотежа во водата. Тие немаат перкови иглички, а перките се потпрени со лепидотрихии (коскени перкови зраци). Исто така, оваа група на риби поседува [[Оперкулум (риба)|оперкулум]], кој им помага да дишат без да мора да пливаат. Способни се да гледаат во боја, што не е својствено за другите риби.