Комедија дел арте: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот Додава: ko:콤메디아델라르테
с Бот: козметички промени
Ред 1:
'''Комедија дел арте''' ([[италијански]] ''commedia dell'arte'') е вид на италијанска [[комедија]] со исто утврдено [[сценарио]] во кое се менуваат [[стереотип]]ните, најчесто љубовни [[заплет]]и; успехот зависи првенствено од умешноста на [[актер]]ите, бидејќи поединечните изведби, вклучувајќи ги [[монолог|монолозите]], [[дијалог|дијалозите]], вообичаените досетки и шеги, се препуштени на [[импровизација]]та<ref>http://www.commedia-dell-arte.com/timeline2.htm</ref>.
 
Комедијата дел арте не е театарски род туку различен начин на изведба на театарските претстави. Дефиницијата '''дел арте''' всушност значела „занает“ и исто така имала и други имиња како: '''''commedia all'improvviso''''' (комедија на импровизацијата) или '''''commedia degli Zanni''''' (комедија на Ѕаниеви) и др.
 
== Потекло ==
[[СликаПодатотека:Pietro Longhi 015.jpg|thumb|left|300px|[[Пјетро Лонги]], ''Шарлатан'', [[1757]]]]
За прв пат дефиницијата за комедија дел арте се среќава во [[1750]] во [[комедија]]та „Комичниот театар“ ([[италијански|итал]].''Il teatro comico'') на [[Карло Голдони]]. [[Венеција]]нскиот автор зборува за оние актери кои ја изведуваат „комедијата дел арте“ употребувајќи [[маска|маски]] и импровизирајќи ги своите улоги, со помош на професионални актери (за прв пат значи во Западниот Театар се среќава група од професионални актери а не [[аматер]]и), и го употребува зборот "arte" во смисол на професија, занает, односно на целата група од сите оние кои ја извршуваат таа професија. Значи '''''Commedia dell'arte''''' во смисол на „професионална комедија“ односно комедија на професионалци. Впрочем, во [[италијански јазик|италијанскиот јазик]] зборот "'''arte'''" имал две значења: првото - уметност - како плод на човековиот ум, а другото занает, работа, професија.
 
Преминот од [[ренесансна комедија|ренесансната комедија]], со висок стил и изведувана од страна на аматери кон ''комедија дел арте'' се случува меѓу [[16 век|16]] и [[17 век]] благодарение на серија од среќни околности кои настануваат во тој период.
 
Првата од тие околности е раѓањето на приватните театри, пред сѐ во [[Венеција]] каде благородничките фамилии отпочнуваат политика на распространување, во рамките на градот, на нови простори посветени за изведба на [[комедија|комедии]] и [[мелодрама|мелодрами]] со плаќање. Токму таквите театри му даваат поттик на уличниот изведувач, жонглер и дворски забавувач да се испроба во посложени сценарија. Од таа причина некои улични актери започнуваат да се собираат и ги создаваат патувачките актерски трупи.
 
 
== Маските во ''комедија дел арте'' ==
Главните ликови се слугата и неговиот господар, а основната интрига ја сочинува судирот меѓу старите и младите, глупавите и паметните, сиромашните и богатите. Во постојаните ликови на комедија дел арте, кои носат карактеристични костуми и маски, спаѓаат: [[Доторе]] ([[италијански|итал]]. '''''Dottore'''''), зборлест интелектуалец од [[Болоња]]; [[Панталоне]] ([[италијански|итал]]. '''''Pantalone'''''), приглуп татко, отмен трговец или излажен сопруг од [[Венеција]]; итриот слуга [[Арлекин]] ([[италијански|итал]]. '''''Arlecchino''''') или [[Скапино]] ([[италијански|итал]]. '''''Scapino''''')или [[Бригела]] ([[италијански|итал]]. '''''Brighella''''') од [[Бергамо]] односно [[Пулчинела]] ([[италијански|итал]]. '''''Pulcinella''''') од [[Неапол]]; [[Коломбина]] ([[италијански|итал]]. '''''Colombina'''''); фалбаџијата [[Капитано]] ([[италијански|итал]]. '''''il Capitano'''''); [[Тартаља]] ([[италијански|итал]]. '''''Tartaglia''''') стариот [[нотар]] кој пелтечи; [[Пјер]] и др.
 
<gallery>
Ред 32:
Преку патувачките трупи комедијата дел арте се шири низ [[Европа]], извршувајќи големо влијание на германската, француската и англиската [[комедија]] и [[лакрдија]] ([[Молиер]], [[Шекспир]] и др.). Влијанието на комедијата дел арте е видливо денес во англиската [[пантомима]], во европските куклени претстави, во [[балет]]от и [[опера]]та.
 
== Наводи ==
{{reflist}}
 
== Надворешни врски ==
* [http://www.commediadellarte.eu Комедија дел арте]
{{шаблон:Комедија дел арте}}
 
[[Категорија:Театар]]
Ред 42 ⟶ 43:
[[Категорија:Театарска терминологија]]
[[Категорија:Италијанска литература]]
 
{{шаблон:Комедија дел арте}}
 
{{Link FA|lv}}