Клисура (Костурско): Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот: козметички промени
Ред 24:
Во македонската историја, историјата на илинденскиот период, како и во колективната меморија на македонскиот народ, ослободувањето на градчињата Крушево, Клисура и Невеска, заземаат посебно место. За македонската националноослободителната борба во периодот по задушувањето на Илинденското востание, овие херојски настани ќе бидат постојан поттик, кои кај голем број на идни генерации на Македонци ќе биде патоказот во напорите за стекнување на толку посакуваната македонска државност. Сепак, со жалење може да се констатира дека на ослободувањето на Клисура и Невеска во македонската историографија, но и во годишните традиционални чествување на Илинденското востание, за разлика од ослободувањето на Крушево, не им се придава заслуженото значење и внимание, а со тоа постои опасност од постепено избледување на споменот за овие настани.
 
Како што забалежавме погоре во текстот, информацијата за почетокот на Востанието костурските раководители ја добиле со задоцнување, на 20 јули, денот одреден за неговиот почеток. На тој ден, најголем дел од реонските раководители, војводи и чети се наоѓале северно од градот Костур, во околината на с.Дреновени. По почетната весела и еуфорична атмосфера, која, поради добрата вест, владеела меѓу вооружените востаници, костурските организациони првенци се зафатиле со давање на општите инструкции, планови и насоки за што поуспешно водење на востаничките акции. Потоа, уште истиот ден, откако извршиле делумна мобилизација на селаните од околните села, востаниците се приближиле до градот Костур, стационирајќи се во с.Апоскеп. Целата биал да се изврши диверзија и напад на Костур. Сепак, поради објективни причини, планот не успеал. Акцијата пропаднала поради доцнењето на писмото од ГШ, кое, според Иван Попов, „доколку го добиевме навреме и бевме распоредени според планот, сигурно ќе го заземевме Костур, во кој имаше до 800 војници“.[1] Додека, според Хрсисто Силјанов, причината за неуспехот била „раздвижувањето на аскерот“, кој логорувал во шатори на крајот од градот, при што, „го осуетиле влегувањето на четниците… и го принуди[ло] раководството да го смени планот“.[2] Единствено, таа вечер, успешно било завршено со прекинувањето на електричната мрежа и телеграфските врски на градот Костур со околните места.
 
Како и да е, дел од востаничките сили, уште додека се наоѓале во с.Апсокеп, биле распоредени низ разни делови од Корештата и Пополе, со цел да го направат потребното мобилизирање на луѓе, но и соодветно да го подготват теренот за вооружени акции. На 20 јули четата на Митре Влашето се стационирала во с.Кономлади, Манол Розов се упатил кон с.Загоричани, додека Пандо Кљашев со својата чета заминале кон с.Блаца. Наредниот ден, по неуспешниот обид за напад на Костур, Лазар Поп Трајков се упатил за с.Д’мбени, Васил Чакалров кон с.Шестеово, а во с.Вишени заминал Иван Попов.[3] Првиот судир меѓу востаниците и османлиската војска, која била стационирана во с.Вишени и броела околу 100 војници, се случил на 21 јули, по кој Турците го напуштиле селото и се повлекле во Костур. Целта на костурското раководство во првите акции биле селските гарнизони, кои биле стационирани во поголемите села во околијата.[4] Освен судирот во с.Вишени, војската од останатите села успешно се повлекла во Костур, на тој начин избегнувајќи ја вооружената конфронтација со, во тој период, помоќниот противник.
Ред 36:
За секој случај, како мерка на претпазливост, организационите првенци, вечерта на 23 јули, на сите стратешки места и височинки над Клисура поставиле стража, очекувајќи контраудар од страна на османлиската војска. Сепак, такво нешто не се случило.
 
Во Клисура, покрај гарнизот од околу 300 војници, било сместено седиштето на мудурлукот. Мудирот, по кажувања на клисурчани, побегнал уште додека траела акцијата за ослободување на градот.[18] Нредниот ден, 24 јули, востаничкото раководство, со 15-20 востаници, се упатило кон управната зграда, каде ја запалиле целокупната архива, а воедно присвоиле неколку пушки „Гра“ и 4 коњи, кои востаниците им ги подариле на раководителите.[19] Потоа, како што забележал и Чакаларов во својот дневник, биле направени неколку фотографии, преку кои било овековечено ослободувањето на градот. На првата фотографија биле: „јас [Чакаларов], Кљашев, Розов и Николов, друга поза јас и Кљашев качени на коњи, па, по желба на фотографот, јас сам качен на коњ“.[20] Постои уште една фотографија, која во својот дневник не ја споменал Чакаларов, а се однесува на заедничкото фотографирање на костурското раководство со сите востаници кои учествувале во ослободувањето на градот. Откако востаниците се снабдиле со потребните намирници, после 30 часовно присуство во Клисура, го напуштиле градот и се упатиле кон Врбица, каде биле направени неопходните распоредувања за идните акции.
 
Според расположливите историски извори, ослободувањето, како и 23 дневниот слободен живот, влашкото население на Клисура го дочекало со радост. Како и за повеќето етнички групи кои тогаш постоеле во Македонија, така и за влашката, македонските востаници биле нивните ослободители од неколку вековната османлиска доминација, нивната солидарност и восхит кон ослободителите „не можеле да бидат поматени од… грчката пропаганда против македонското движење, ниту пак од турската“.[21] Војводата Попов во својте спомени забележал дека тие и селаните од околните села, кога и да посакале, оделе на пазар во Клисура, како во свој град и дека до „14 август бевме полни господари, дење и ноќе трубевме, пеевме, знамињата се вееја, кои се гледаа до Костур“.[22] За жал, од достапните извори не може да потврди дали во градот се формирало нова востаничка власт.
Ред 79:
[18] Дневникот на војводата Васил…, 343.
 
[19] Спомени на Иванъ Попов, 36; Дневникот на војводата Васил…, 343, 344; Дневници и спомени за Бьлгарската историяа; Дневници…, 63.
 
[20] Дневникот на војводата Васил…, 344.
Ред 95:
== Демографија ==
 
== Општествени институции ==
 
== Културни и природни знаменитости ==
Ред 103:
== Личности ==
 
== Култура и спорт ==
 
== Иселеништво ==
Ред 109:
== Надворешни врски ==
 
[[Категорија: Села во Околија Костур]]
[[Категорија: Села во Егејска Македонија]]
[[Категорија: Села во Македонија]]
 
[[bg:Клисура (Ном Костур)]]