Разлика помеѓу преработките на „Кинеска кујна“

Додадени 28 бајти ,  пред 10 години
с
Бот: козметички промени
с
с (Бот: козметички промени)
Регионалните култури во [[Кина]] се разликуваат една од друга во голема мера, па така се разликува и нивната храна. Во Кина постојат осум главни регионални [[кујна (култура)|кујни]]: [[Анхујска кујна|анхујска]], [[Кантонска кујна|кантонска]], [[Сечуанска кујна|сечуанска]], [[Фуџиенска кујна|фуџиенска]], [[Хунанска кујна|хунанска]], [[Џеџианшка кујна|џеџианшка]], [[Џиангсујска кујна|џиангсујска]] и [[шандуншка кујна|Шандуншка]]. Постојат и [[Будистичка кујна|будистичка]] и [[кинеска исламска кујна|муслиманска]] поткујни во рамките на пошироката кинеска кујна.
 
== Кујна ==
Оброкот во [[кинеска култура|кинеската култура]] обично се состои од два или повеќе дела: (1) [[јаглехидрат]]ен или [[скроб]]ен дел, познат како 主食 („чуши“ = главна храна) — обично [[ориз]], [[нудли]] или [[манти]], и (2) придружни јадења [[зеленчук]], [[месо]], [[риба]] или други храни, познати како 菜 („цаи“ = зеленчук). Ова [[култура|културно поимување]] прилично се разликува од западните кујни, каде изворот на [[протеин|животински белковини]] се смета за [[главно јадење]].
 
За разлика од другите кујни, оброкот во Кина не завршува со десерт. Слатко јадење може да се послужи само на крајот на формалните ручеци или гозби, и истото се состои од [[овошје]] или [[Тонг суи|слатка чорба]] (糖水 = шеќерна вода) која се служи топла.
 
=== Јадења на национално ниво ===
Постојат многу јадења кои се сметаат за заедничко кинески јадења како дел од националната кујна. Еве листи на почестите јадења во [[Кина]]:
* [[Листа на кинески јадења#Солени јадења|Солени јадења]]
* [[Листа на кинески јадења#Скробни јадења|Скробни јадења]]
* [[Листа на кинески јадења#Други јадења|Други специјалитети]]
 
== Прибор за јадење ==
Во кинеската култура, [[Стапчиња за јадење|стапчињата]] се главниот [[прибор за јадење]] на цврсти храни, додека супите, чорбите и другите течности се консумираат со широка, [[супена лажица|лажица]] со рамно дно (традиционално [[керамика|керамичка]]). Секојдневните стапчиња се изработуваат од [[дрво (материјал)|дрво]], [[пластика]] или [[бамбус]], додека полуксузните стапчиња се прават од [[слонова коска]] и [[сребро]].
 
== Изглед ==
[[Податотека:Song Dynasty Elegant Party.JPG|thumb|left|250px|Гозба во двор. Династија [[Сунг (династија)|Сунг]], според оригинал од династија [[Танг (династија)|Танг]]]]
Највеќето храни во кинеската кујна се припремаат во парчиња со големина на залци, спремни за земање. Во Кина употребата на [[нож]]еви и [[вилушка|вилушки]] на маса се смета за [[варварин|варварска]] бидејќи тие се сметаат за [[оружје]]. Исто така се смета за нељубезно гостите да се напрегаат во сечење на храна. [[Риба]]та обично се готви и служи цела, па гостите земаат парчиња со стапчињата, за разлика од други кујни каде таа прво се [[филета|филетира]]. Ова доаѓа од желбата храната да се служи што по свежа, и поважно, целата риба има културно занчење на целосност на нештата и има исправен почеток (глава) со крај (опашка). Во рестораните често пати служителот ја дели рибата на порции со две вилушки. [[Кокошка|Пилешкото]] е исто така мошне популарно во кинеската кујна. Слично на рибата, кокошката се сече на парчиња, но се служи и заедно со утробата и главата за да се запази целокупноста.
Кај кинескиот оброк секој гостин добива свој сад со ориз додека другите јадења се служат на заеднички чинии и сите земаат од нив, залак по залак. Ова значително се разликува од позападните оброци, каде секој гостин однапред добива своја порција со сѐ што треба да се послужи.
 
== Пијалоци ==
Според традиционалните кинески сфаќања, ладните [[пијалок|пијалоци]] се сметаат за лоши по [[варење (организам)|варењето]] на топлата храна, па така разладена вода и [[безалкохолен пијалок|безалкохолни пијалоци]] не се служат за време на оброкот. Затоа со јадењето обично се служи топол [[чај]] или топла вода. Се смета дека тие се полезни за варењето на масните храни. И покрај оваа традиција, денес пивото и безалкохолните пијалоци се популарен додаток на јадењето.
 
== Видете исто така ==
* [[Листа на кинески ресторани во Македонија]]
* [[Кинеска култура]]
* [[Кинеско пиво]]
* [[Кинески чај]]
* [[Кинеско вино]]
 
== Наводи ==
* ''How to Cook and Eat in Chinese'', Buwei Yang Chao, Прво изд. 1945
* ''Chinese Table Manners - You Are How You Eat'', Eugene Cooper. 1986
 
== Надворешни врски ==
* [http://star.vecer.com.mk/tekst.asp?tid=8061 Кинеска кујна, Вечер] {{mk}}
* [http://www.restaurants.com.mk/restoran.php?restoran=29&language=1 Мени на кинескиот ресторан „Ѕвезден океан“, Скопје] {{mk}}
* [http://www.zk.com.mk/Details.aspx?zaglavje=2016 Директориум на кинеските ресторани во Македонија] на [[Златна книга]] {{mk}}
 
[[Категорија:Кинеска кујна|*]]
941.847

уредувања