Ким Мехмети: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот додава Шаблон: Без извори
с Бот: козметички промени
Ред 2:
'''Ким Мехмети''' ([[Грчец]], [[Скопје]], [[10 декември]] [[1955]] - ). Романсиер, раскажувач, есеист, полемичар, публицист и преведувач кој објавува на мајчин – [[албански јазик]], и на [[македонски јазик]].
 
Еден е од основачите на неделникот на албански јазик „Лоби„, кој излегуваше во Скопје од 2001 – 2006 година. Бил уредник на списанието за култура на албански јазик „Јехона„ (Скопје) како и уредник за издавачката дејност при НИК „Флака е велазеримит (1991-1992). Во Институтот Отворено Општестсво – Македонија, работел како координатор за издавачка дејност. Потоа работел како извршен директор на „Центарот за мултикултурно разбирање и соработка“ (1997-2003) во Скопје, каде што бил креатор на многу граѓански иницијативи за афирмирање на мултиетничките и мултикултурните концепти. Од 2003 – 2004, бил Заменик-генерален директор на МТВ, каде поднесе оставка заради неслагања со партизацијата на овој јавен информативен сервис. Ким Мехмети е иницијатор на повеќе граѓански иницијативи во Македонија и во регионот. Член е на повеќе совети на регионални граѓански организации. Од 1994 – 2004 бил главен и одговорен уредник на балканската Алтернативна информативна мрежа (АИМ) за Македеонија и координатор на истата за Јужен Балкан. Сега е Претседател на Граѓанското движење „Поинаку“ која се залага за афирмација на демократските вредности и заштита на човековите права.
 
Ким Мехмети пишува на албански и на македонски јазик. Тој е типичен билингвален творец, и несомнено е дека денес претставува еден од најафирмираните албански писатели, и истовремено еден од најинтересните претставници на новиот бран во современата македонска проза. Своите први литературни творби ги објавил во почетокот на осумдесетите години, во Хрватска. Мехмети е роден раскажувач, тој нема склоности кон тезите, туку се предава на ткаењето на раскажувачката материја. Затоа неговата проза е исклучително привлечна. Читателот едноставно се вовлекува во заводливата игра на одгатнување на тоа што го испретплетува неговата жива имагинација во распонот меѓу фантазмагоријата на вистинското и реалноста на имагинарното. Судбината, како мерило на животот, битно го означува сето негово прозно творештво.
 
Неговите творби се преведени на германски, англиски, француски, турски, хрватски и други јазици. Застапен е во повеќе антологии.
== Библиографија ==
 
==== Романи и раскази: ====
“Прашината што никнува” (“Pluhuri që mbin”, Flaka e vëllazërimit, Shkup,1986.), раскази на албански јазик,
“Тагување” (“Dënesje, Rilindja, Prishtinë, 1988.), раскази на албански јазик,
Ред 37:
„Така оди човекот„ (“Ashtu ecën njeriu”, Ideart, 2007, Tiranë), книга за Али Алиу
 
==== Објавени дела на други јазици: ====
“Das Haus am Ende des Dorfes” (Zeitgenössische Erzählungen aus Mazedonien) („Куќа на крајот на селото“ (Современи раскази од Македонија)), Drava Verlag, Klagenfurt, 2001., антологија на современа македонска проза на германски јазик,
“Das Dorf der verfluchten Kinder” (“Село на проколнатите деца”, Drava Verlag, Klagenfurt, 2002.), роман на германски јазик,
“Balkan Beauty, Balkan Blood” (Modern Albanian Short Stories, 2006.), антологија на албанскиот расказ на англиски јазик
 
==== Преводи: ====
* Исмаил Кадаре: “Ескил-големиот губитник” ( Култура, Скопје, 1993.), превод од албански јазик (Ismail Kadare: “Eskili-ky humbës i madh”)
* “Канонот на Лек Дукаѓини” ( FI-GA, Tetovo, 1994.), превод од албански јазик (“Kanuni i Lekë Dukagjinit”)
 
==== Награди: ====
* Националната награда за најдобро прозно дело за книгата “Fati i Fatushes” - Tirana, 1994.
* Расказот “Рибата екстасис” е избран медју 10 најдобри кратки прози во Европа на конкурсот во Арнсберг – Германија, 1994.
== Надворешни врски ==
* [http://www.kmehmeti.com Официјaлна wеб страница на Ким Мехмети]
* [http://www.blesok.com.mk/tekst.asp?lang=mac&tekst=331
 
[[Категорија:Писатели]]