Разлика помеѓу преработките на „Историја на Пиринска Македонија (1913 - 2005)“

с
Бот: козметички промени
с (Бот: козметички промени)
''Види [[Прва балканска војна]]''
 
== Пиринска Македонија во Втората светска војна ==
 
Во текот на Втората светска војна, [[Пиринска Македонија]] како дел од [[Царство Бугарија]], прво ќе го крене својот глас за ослободување и обединување со останатите делови на [[Македонија]]{{факт}}. На територијата на Пиринска Македонија уште во 1941 година ќе се оформат партизански одреди под раководство на македонскиот комунист од овој крај [[Никола Парапунов]], а токму во Пиринска Македонија ќе се одигра и првата вооружена борба против бугарската фашистичка војска{{факт}} и воопшто првата вооружена битка против фашистичка армија на Балканот.{{факт}} На [[1 јули]] [[1941]] година, помал партизански одред под водството на македонецот [[Иван Козарев]] ќе ја нападне бугарската фашистичка полиција кај [[Разлог]], со што официјално ќе започне вооружената борба на македонскиот и останатите балкански народ кон фашистичките окупатори.{{факт}} Во периодот на Втората светска војна, Пиринска Македонија и целиот македонски народ ќе го загуби еден од најголеми македонски национални дејци и поети од овој крај [[Никола Вапцаров]], кој ќе биде стрелан од бугарските фашисти во Софија во [[1942]] година. Во Пиринска Македонија во август [[1943]] година ќе бидат и забележани првите активности на [[Македонска народна федерална организација|Македонската народна федерална организација]]{{факт}}, која поактивно ќе дејствува во периодот на националната афирмација и слобода на Македонците во Пиринска Македонија, од 1944 до 1948 во времето на владеењето на [[Георги Димитров]].
 
=== Припојување на Пиринска Македонија кон Вардарска Македонија ===
 
[[Георги Димитров]], водачот на [[Отчествен фронт|Отечествениот фронт]] и првиот пртеседател на НР [[Бугарија]] кој по мајчина страна имал македонско потекло од околината на [[Разлог]], е единствениот бугарски [[државник]] кој не само што ги признал постоењето на македонскиот народ како посебен словенски народ, [[македонски јазик|македонскиот јазик]] како посебен [[словенски јазик]], македонската историја и [[Република Македонија]] (тогаш [[Социјалистичка Република Македонија|Народна Република Македонија]]) како национална држава на Македонците, туку и се залагал за целосно обединување на Македонија во рамките на [[Балканска Федерација]].{{факт}}
На заседание на партијата (21 април 1948 година) (БРП) околискиот секретар Георги Иванов вели дека ученњето на македонскиот јазик во Пиринскиот крај е много тешко, бедејки државјаните не мислеле овој процес за нешто естествено, наспроти големиот труд по воведувањето.<ref>Съвещание на околийските секретари на БРП (к) от Пиринския край, 21 април 1948</ref>
 
== Борба за национални права на Македонците во Пиринска Македонија (1989-2005) ==
 
* '''1989'''
14.11. - Во Софија е формирано Независно здружение - Македонска организација Илинден (ВМРО - независна), од која подоцна се разви ТМО ВМРО - независна Илинден; лидер: [[Георги Солунски]].
 
* '''1990'''
5-6.01. - Основан е Сојузот на македонските културно-просветни друштва (СМКПД) во Бугарија.
11.03. - Мирни демонстрации во Софија на стотина Македонци од Софија и од Пиринска Македонија. Врачена Петиција до Народното собрание на НР Бугарија.
2.08. - во с. [[Оштава]] полицијата го прекина одржувањето на Првиот конгрес на ОМО Илинден, материјалите се запленети, а организаторите притворени.
 
* '''1991'''
19.04. - Бугарскиот претседател [[Желју Желев]]: „Бугарскиот Устав не го познава статусот национално малцинство“.
20.04. - Оваа, како и сите наредни години, бугарските власти забрануваат собирање на Македонците крај гробот на Јане Сандански.
ноември - формирана е [[Македонска демократска партија|Македонската демократска партија]]; лидер: [[Славе Македонски]].
 
* '''1992'''
4-14.12. - На пописот на населението Македонците се повикани слободно да се декларираат како Македонци. ОМО испрати протест до [[КЕБС]].
 
* '''1993'''
24.04. - ОМО Илинден е обвинета за тероризам.
18.06. - Уапсен е Георги Солунски - (на 31.10.1995 осуден на затвор).
30.09. - Формиран е [[Сојуз за просперитет на Пиринскиот дел на Македонија]].
 
* '''1994'''
10.03. - Лидерот на ОМО Илинден, [[Јордан Костадинов]], на прес-конференција во Софија побара статус на [[автономна област]] за Пиринска Македонија. Остри реакции од бугарска страна.
5.10. - во селото [[Мусомишта]], Гоцеделчевско, е формирана [[ОМО ИЛИНДЕН - Демократско движење]]. Лидер - [[Иван Сингартијски]].
31.07 - полицијата, ја блокира местноста "Самуилова крепост", за да го спречи чествувањето на годишнина од Илинденското востание од ОМО Илинден.[http://www.bghelsinki.org/index.php?module=resources&lg=bg&id=242]
 
* '''1995'''
17.03. - ОМО Илинден ја обвини Бугарија пред [[Европски суд|Европскиот суд]].
Април - луѓе на ОМО Илинден прв пат се пуштени слободно до гробот на [[Јане Сандански]].26.07. - четворица активисти на организацијата се уапсени при разлепување на летоци за прослава на [[Илинденското востание]] кај "Самуилова крепост".Настанот е забранет и оневозможен.[http://www.bghelsinki.org/index.php?module=resources&lg=bg&id=243]
02.12. - Одржан е Вториот конгрес на ОМО Илинден за обединување.
 
* '''1996'''
4.02. - Во с. [[Мусомишта]] е спречен собир на [[ОМО Илинден-ДД]].04.05.во Благоевград се уапсени 12 припадници на ОМО Илинден.08.06.во Сандански се уапсени 25 лица од ОМО Илинден.Истиот ден во Петрич се уапсени други 6 лица од организацијата,а во Благоевград уште 11.
8.06. - Спречено е одржувањето на конгресот на ОМО Илинден закажан во [[Американски универзитет во Бугарија|Американскиот универзитет во Благоевград]]. На 10.06. 6 лица од истата група наново се уапсени во Благоевград,а други 30 лица се предупредувани дека ќе бидат уапсени.[http://www.bghelsinki.org/upload/resources/hr1996-bg.pdf] Обиди за избор на ново раководство на ОМО.
21.10. - Жалба на ОМО Илинден пред Европската комисија за правата на човекот во [http://www.echr.coe.int/echr/ Стразбур].
 
* '''1997'''
20.04. - активисти на ОМО Илинден не се пуштени од полицијата до гробот на [[Јане Сандански]] кај [[Роженски манастир|Роженскиот манастир]].Собирот е забранет од окружниот прокурор и кметот на град [[Сандански]].Автобус со 30 луѓе е сопрен кај село [[Лозеница]] и вратен назад.Двајца Македонци се жалат дека се тепани од полицајци кај село [[Ново Делчево]].Единиот го документира со медицинско сведоштво.
05.05. - уапсени се 15 луѓе од ОМО Илинден при обид аа чествување 94-годишнината от смртта на [[Гоце Делчев]].
 
 
* '''1998'''
28.02. - во градот [[Гоце Делчев (град)|Гоце Делчев]] е одржан Обединувачки конгрес на фракциите и на групите на ОМО Илинден (со исклучок на групата на Јордан Костадинов).
29.07. - Европската комисија за човековите права ја разгледа и ја прифати тужбата на ОМО Илинден против Република Бугарија и ја упати до Европскиот суд во Стразбур.
Сите пројави на организираните Mакедонци се забрането.Неколку лица се уапсени,а Васил Ѓуџемов, от село [[Ново Лески]], Гоцеделчевско, е тепан при што се му искршени предните заби.Јордан Тошев е уапсен кај Смоиловата тврдина,поради тоа што фрлил цвеќа во нозете на полицајците.[http://www.bghelsinki.org/index.php?module=resources&lg=bg&id=259]
 
* '''1999'''
12.02. - Градскиот суд на Софија ја регистрира [[ОМО Илинден - Пирин|ОМО Илинден - Партија за економски развиток и за интеграција на населението (Пирин)]] како политичка партија - претседател [[Иван Сингартијски]].
16.02. - [[протестна декларација од ОМО Илинден - Пирин]] по повод проектот на бугарско-македонската декларација, потпишана на 21 февруари во Софија од премиерите [[Љубчо Георгиевски|Георгиевски]] и [[Иван Костов]] во [[Софија]]
24.12. - Двајца кандидати на ОМО Илинден - Пирин се избрани на локалните избори за кметови на селата [[Мусомишта]] и [[Ново Лески]].[http://www.bghelsinki.org/index.php?module=resources&lg=bg&id=260]
 
* '''2000'''
26.02. - Во Кресна - [[прв легален конгрес на ОМО Илинден-Пирин]].
29.02. - Уставниот суд на Бугарија ја прогласи за неуставна ОМО Илинден-Пирин. Лидерот Сингартијски најавува тужба до Европскиот суд во Стразбур.[http://www.bghelsinki.org/index.php?module=resources&lg=bg&id=261]
 
* '''2001'''
02.10.ЕСЧП во Страсбург прв пат ја осудува Бугарија по делото Станков и ОМО-Илинден против Бугарија.[http://cmiskp.echr.coe.int/tkp197/view.asp?item=4&portal=hbkm&action=html&highlight=omo%20%7C%20ilinden&sessionid=11793455&skin=hudoc-pr-en]Но Бугарија не го прекинува притисокот врз Македонците.[http://www.bghelsinki.org/index.php?module=resources&lg=bg&id=262]ОМО Илинден и ОМО Илинден-ПИРИН се пуштени до горбот на Јане Сандански,но се повеќе пати провоцитани од полицијата и нејзините агенти,а Ангел Тренев е уапсен и заплашуван со парична казна.[http://www.bghelsinki.org/index.php?module=resources&lg=bg&id=262]
 
* '''2002'''
12.09.при обид да поднесат цвеќа на Денот на геноцид на Македонците во Благоевград, Македонците се нападнати од националистички групи(повеќето дојдени надвор од Пиринска Македонија),организирани од ВМРО. Некои од активистите се тепани, нивни предмети оштетени.Полицијата не реагира на насилствата,иако присуствува на настанот. 12.12. Софијски градски суд одкажува да регистрира ОМО-ПИРИН.[http://www.bghelsinki.org/index.php?module=resources&lg=bg&id=263]
 
* '''2003'''
Во март Софијскиот градски суд одкажува да регистрира нова политичка партија - „Обединена македонска обштност - партија за интеграција, развитие и икономически напредък“, или ОМО ПИРИН,создадена пред локалните избори.[http://www.bghelsinki.org/index.php?module=resources&lg=bg&id=264]
 
* '''2004'''
Со исклучок на традициониот собир кај Рожен(дозволен само за 2 часа), другите пројави на организираните Македонци се забранети.ОМО Илинден ја тужи Бугарија во Страсбург.[http://www.bghelsinki.org/index.php?module=resources&lg=bg&id=265]
 
* '''2005'''
31.07. ОМО Илинден одржува митинг на „Самуилова крепост“,иако е забранет.Полицијата не го спречува,но ги слика сите учесници, а тројца,што биле прв пат на сличен настан се повикани во полициската станица и заплашувани.
12.09. - полицијата во Благоевград не дозволува активисти на ОМО Илинден да положат свежо цвеќе на паметникот на Гоце Делчев во градот. Полицајци одземаат четири од нивните знамиња и един постер, а подоцна и един венец со лента, демонстративно уништен на плоштадот. На Борис Павлов му е наложена парична казна. На враќање од Благоевград групата македонски активисти се нападнати от неидентифицирани лица при обид да поднесат цвеќа на един паметник во село Черниче. По нив се фрлани камења. Напаѓачите ги сокриле табличките на колата да не се гледаат.Се знае дека тоа е организирано од софијската ВМРО{{факт}}.[http://www.bghelsinki.org/index.php?module=resources&lg=bg&id=348]
== Македонски борци и херои од Пиринска Македонија ==
 
* [[Никола Вапцаров]]{{факт}}
* [[Јане Сандански]]
* [[Никола Парапунов]]
* [[Иван Козарев]]
* [[Герасим Тодоров]]{{факт}}
 
== Извори ==
{{reflist|2}}
 
 
[[Категорија:Историја на Пиринска Македонија]]
941.847

уредувања