Исихазам: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот додава Шаблон: Без извори
с Бот: козметички промени
Ред 1:
{{Без извори|датум=ноември 2009}}
'''Исихазам''' (или паламизам, грч. ἡσυχασμός) е движење кое дошло до израз особено во 14 век, и кое е органски поврзано со личноста на св. Григориј Палама (нему св. Црква му ја посветила втората недела од [[Велигденски Пост|Великиот пост]]), долго време заборавено во Македонија, а под влијание на западната литература било и презирано. Дефининирањето на исихазмот е поврзано со контроверзи, при што некои сакале да го прикажат дури и како „болен мистицизам” на минатото.
 
== Терминот исихазам, исихија ==
Ред 10:
Исихазмот обично се врзува за гореспоменатото духовно-светогорско движење од 14 век. Но ако работите малку подлабоко се погледнат, тоа е карактеристично за целокупниот православен живот. Доволно е да се погледне во древниот [[Старечник]], збирка изреки на египетските старци, па човек да се увери, дека исихазмот не е некој нов пронајдок (изум), туку тој постои како начин на живот и пат за спасение. Тоа е поточно Мариино служење (милување) на нозете Исусови, често присутно во животот на св. Црква.
 
За исихастите зборуваат и Отците на старохристијанската Црква. Во 5 век во палестинскиот манастир св. Сава се споменува некој пустиник Јован кој животот го минувал во “молитвено тихување”. За исихастите се зборува и во Јустинијановото законодавство, а се спомнува и во 41 канон на Трулскиот собор. Големиот подвижник на 6 век, преподобен Јован Лествичник, 27 Слово во својата [[Лествица]], која оставила огромен впечаток и на Исток и на Запад, го посветува на “Свештеното тихување на душата и телото” и “разликите и разликувањето во мирувањето”. Исихиата за него е идеал, како и за многумина пред него. Меѓутоа, тој е свесен за опасноста која таа во себе ја крие. Затоа препорачува постојана будност и смирение, кое го чува го чува подвижникот од гордоста , од таа “сеопфатна смрт”. Св. Јован Лествичник советува за вистинско сакање на духовниот живот: ''Непрестаното спомнување и мислење на Господа Исуса Христа нека се соедини со твоето дишење, и тогаш ќе почувсвуваш корист од молитвеното тихување''. Овде всушност се работи за постојано љубовно општење со Христа, кое има за цел соединување со Бога и со неговиот “''свет наднебесен оган, кој нечистите ѓи гори, а другите (чистите) ги осветлува по “мера на совршенството''” (Слово 28).
 
[[Св. Григорие Ниски]] во толкувањето на [[Псалми|Псалмите]] зборува за Мојсеј, дека поминал четириесет години оддалечен од луѓето, пребивајки во “молитвено тихување”, созерцавајки невидливи работи. Според [[преподобен Исак Сирин]], “исихија” е врв на совршенството и “мајка на покајанието”. Тој ја нарекува и “почеток на очистувањето”. Според истиот свет отец, зборовите се орган на овој свет; молитвеното тихување, кое бара радикално одрекување од светот како желба на телото, страст на очите и гордост на животот, го употребува како орган на молчењето во кој е тајната на идниот век.
Ред 16:
== Учења и карактеристики ==
 
Законот на животот според [[св. Григорие Богослов]] се состои во ова: “Бога треба повеќе да го споменуваме од дишењето”. Само така може да се исполни целта на христијанскиот живот: постигнување заедница со Бога, причестување и гледање на Бога. Тоа е основната идеа на исихастите низ сите времиња, богословски потврдена и озаконета во Црквата, прво низ Ареопагитските списи, а потоа и во делата на преподобен на [[преподобен Максим Исповедник]]. Тоа се, заедно со Евагрие, св.Исак Сирин, а особено [[преподобен Симеон Нов Богослов]], духовните родоначалници на светогорските исихасти.
 
Според нивното учење, Бог е светлина и претстојува ( почива ) во неискажлива светлина. Затоа оној кој постигнува заедница со Бога ,-се причестува со Неговата вечна светлина, притоа постанувајки и сам светлина. Тоа се постигнува со вера и добродетели, oд кои “Исихиата” е најсовршена; останатите добродетели се пат кој кон неа водат.
Ред 26:
== Исихазмот на Света Гора Антоска ==
 
Токму оваа жед и подвиг е создадена, растела, живеела и живее [[Св. Гора Атонска]]. Од самиот почеток светогорските подвижници го зграбиле исихазмот. Св. Гора, по својата природа е место за “ исихија ”, а истовремено и “ огниште на добредетелите ”. Она што пишува за првиот светогорски пустиник, [[преподобен Петар Атонски]], дека:'' ”своите очи, душа, и ум, ги утврдил на небото, се откажал од дома, од татковината, од родителите, пријателите и кажувајки им на сите збогум, својот живот го посветил на Бога...”'', тоа било и останало евангелско правило на сите негови духовни следбеници. За него св. Григорие Палама ( еден од тие следбеници ), вели дека со своето умерено и полно ( вистинско ) воздржување во животот “''здобил силна умствена сила''”.
 
Преку тоа собирање на сите душевни и духовни сили, човекот се ослободува од својот страствен однос спрема себе и светот, ја симнува од себе “лошата маска”. Тоа е патот на собирање по созданијата и надвор себе на рассеаното човечко битие, патот на здобивање на вистински мир, богосознание, обожување преку причестување со Божјата благодат, и патот кон вечно усовршување и кон подобро напредување. Исихастот од таков вид, откажувајќи се од се богољубиво и богољубно, стои пред Бога “глув и нем” победувајќи го законот на материјата, а душата му се преобразува со Божја благодат, предавајќи му и на телото “знаци” на Божјата убавина.
Ред 34:
== Надворешни врски ==
 
* [http://www.mpc.org.mk/mpc/se/vest.asp?id=655 Македонска Православна Црква - Школа за исихазам]
* [http://www.hesychasm.ru/en/library.htm Исихазам: книги, статии и врски]
* [http://rankovic.bfspc.bg.ac.yu/?q=node/5 Исихазам] *[http://www.oca.org/OCchapter.asp?SID=2&ID=195 Исусовата Молитва]
* [http://www.monachos.net/patristics/palamas_theology.shtml Три основни аспекти на теологијата на св. Григориј Палама]
 
[[Категорија:Православие]]