Исаија Мажовски: Разлика помеѓу преработките
[непроверена преработка] | [непроверена преработка] |
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот: Промена на шаблон: Инфокутија Личност |
с Бот: козметички промени |
||
Ред 11:
}}
'''Исаија Мажовски''' ('''Исаија Радев Мажовски''') ([[1852]]
Застапник е на тезата дека денешните [[Македонци]] се [[Словени]] и истовремено директни потомци на [[Антички Македонци|Античките Македонци]], и дека македонските цареви [[Каран]], [[Филип Македонски]] и [[Александар Македонски]] се чисти Словени и Македонци кои пред 2500 години први ги донеле и населиле Македонците на балканските простори.
== Патувања во Русија, со барања за поддршка за ослободувањето на Македонија ==
[[Податотека:Спомените на Исаија Мажовски.jpg|thumb|right|Насловната страна на Спомените на Исаија Мажовски издадени 1922 год. во Софија]]
На петнаесетгодишна возраст доаѓа во светогорскиот манастир „Зограф“ во потрага по пошироки знаења, од оние што ги стекнал во родното село. Под непосредно влијание, на својот воспитувач, отецот [[Натанаил Охридски|Натанаил]], кој ќе му вдахне љубов кон за поблиско поврзување со матицата на Словенството [[Русија]], Исаија неколку пати ќе замине во Русија за да испровоцира нејзина поддршка за неговата поробена татковина - [[Македонија]]. Макар што е следбеник на тезата дека ослободувањето на Македонија е задача на самите Македонци, сепак остварувањето на тој возвишен идеал не го замислува идеалистички - туку како заеднички потфат на македонските револуционерни сили и Русија. За време на својата посета на Петербург (1885) му предава молба на рускиот цар Александар III од името на македонското (словенското) население од [[Дебар|Дебарскиот крај]] со надеж дека ќе го заинтригира за состојбата во [[Македонија]].
Ред 21:
Слично патешествие има и во 1897 година, кога сакајќи да се види со рускиот цар Николај II, ќе му биде ветена морална и материјална поддршка во борбата за ослободувањето на [[Македонија]]. Во име на остварувањето на таа цел ќе контактира со руските претставници во [[Цариград]] - Н.П.Игнатиев и [[Букурешт]] - М.А.Хитрово.
== Говор на бродот Рицар, прокламација на Македонската национална посебност ==
Своевидна прокламација на македонскиот национален индивидуалитет и засебност претставува неговиот говор на бродот „Рицар“ на 18.7.1888 година, на пат за [[Киев]] по повод прославата на 900-годишнината од покрстувањето на Русите. Токму во овој свој говор, од име на "заробените славјано-бугари македонци", Исаија Мажовски, ќе ја истакне својата теза дека [[Македонци]]те (односно македонскиот старословненски народ) се донесени на балканските простори од цар [[Каран]] пред 2500 години, кој исто како [[Филип II Македонски|Филип]] и [[Александар III Македонски|Александар]] бил чист словен.<ref>Исая Мажовски - „Възпоминания“, София, 1922, Печатница на Ив. К. Божинов, стр. 26</ref> Својата теза за античко-македонското потекло на Македонците ќе ја поткрепи со повеќе македонски народни песни и преданија поврзани со македонските цареви Филип и Александар. Со овој свој говор, тој повторно сакал да издејствува поддршка и помош од [[Русија]] за ослободувањето на [[Македонија]].
Во рамките на борбата против грчкиот владика на Дебарската епархија, Антим, тој ќе развие широка пропаганда која ќе резултира со протерување на владиката од [[Дебар]] и Дебарско. Неговата благонаклоност кон бугарската Егзархија, не значи скршнување од македонските национални залагања и позиции, и иако до крајот на својот живот ќе престојува во [[Бугарија]], тој не станува нејзин емисар и помагач.
== Соработка со Албанско-македонската лига ==
Значаен е и неговиот ангажман во работата на Албанско-македонската револуционерна лига, формирана во [[1887]] година како резултат на заложбите на македонските и албанските патриоти за борба против Отоманската Империја. За таа цел тој по порачка на бугарскиот премиер [[Стефан Стамболов]] често комуницирал со видни албански првенци, патувајќи на релацијата [[Софија]] - [[Дебар]] - [[Тирана]], каде што постојано бил следен од турски шпиони за што неколку пати бил затворан и жестоко мачен од турските власти. Соработката со албанските патриоти ја прекинува во [[1908]] година, по кревањето на [[
Починал во с. [[Угрчин]], [[Ловеч|Ловечко]], [[Бугарија]] во [[1926]] година.
== Бугарски став ==
Спроред бугарскиот став, коj се базира на книгата на самиот Мажовски која е печатена во [[Бугарија]], во својот живот Мажовски се изјавувал како Македонски Бугарин. На повеќе места во книгата се зборува за бугаро-македонци, бугари или словено-бугарски народ во Македониjа. Исаија Мажовски го нарекува цар Каран "први бугаро-македонски цар" <ref>Мажовски, Исая. Възпоминания, София 1922, с. 5</ref>, а во молбата до рускиот цар при втората посета на Русија ги опишал турските злосторства над "словено-бугарскиот народ во Македонија"<ref>Исто, с. 20</ref>.
== Видете исто така ==
* [[Македонски извори за Македонскиот идентитет]] - говорот на Мажовски на бродот „Рицар“ 18.7.1888 година
== Надворешни врски ==
* [http://macedonia-history.blogspot.com/2006/11/isaja-radev-mazovski-mazovski-isaja.html Исая Мажовски - Възпоминания] ({{lang-mk|Исаија Мажовски - Спомени}})
== Извори ==
<references/>
|