Информација: Разлика помеѓу преработките

Одземени 2 бајти ,  пред 12 години
с
Бот: козметички промени
с (Бот Додава: su:Informasi)
с (Бот: козметички промени)
Информациските сензорирања се детерминирани на видни, слушни, допирни, вестибуларни, кинестатички, температурни и електрични. Притоа, во посебна група се издвоени [[Генетика|генетските]] информации кои се едни од најважните за концепцијата и состојбата на живите организми. Во биокибернетиката, освен терминот информација, се користат и поими како обработка на информација, [[сигнал]], размена на информација, канал на врска, шум, [[шифра]], код и други. Предавањето на информациите се одвива по канал на врски. Обликот на информацијата може да биде континуиран или дискретен.
 
Во однос на информацијата може да се проучуваат процеси кои се одвиваат во живите организми, било да се работи за нивна нормална или патолошка состојба. Во разни патолошки состојби на организмот по правило доаѓа до промена и нарушување на информациониот механизам со кој се координираат животните процеси.
 
Помеѓу елементите на еден кибернетски [[систем]], како и помеѓу системот и неговата околина може да постои одредена врска со која се постигнува организацијата на овој систем. Одразот на интеракција на елементите на системот или системот и неговата околина може формално да се означи во вид на букви, зборови, бројки или воопшто со [[симбол]]и на физички величини. Сите овие формални групи се нарекуваат [[Податок|податоци]] или информациски карактеристики. Во одреден момент состојбата на системот се карактеризира со група на информациски карактериситки кои се нарекуваат [[настан]]. Во текот на времето, системот може да се наоѓа во било која состојба и тој се карактеризира со мноштво од можни состојби, односно настани. За состојбата на системот опишана со група на информациски карактеристики може да се формулира [[соопштение]] како група од податоци. Соопштенијата за состојбата на системот можат да се поделат на непрекинати и дискретни.
 
[[Категорија:Наука]]
[[Категорија:Техника]]
941.847

уредувања