Индустриска сопственост: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот додава Шаблон: Без извори
с Бот: козметички промени
Ред 3:
{{Внимание}}
: Правото на индустриска сопственост е релативно нова правна дисциплина. Таа се развива со донесување на првите национални закони и со меѓународните конвенции- кои ја регулираат заштитата на индустриската сопственост на меѓународно рамниште, надвор од границите на една земја.
 
: Терминот индустриска сопственост потекнува од француското право, така што коренот на овој термин е содржан во текстот на првиот патентен закон во Европа, Францускиот закон за патенти од 1791 година.
 
: Поимот „право на индустриска сопственост“ или „индустриско право“ има повеќе значења: право на индустриска сопственост во објективна смисла; во субјективна смисла; како правна наука и како правна практика.
 
: Во објективна смисла правото на индустриска сопственост може да се дефинира како збир на правни правила коишто ги нормираат правните односи во поглед на интелектуалните творби на полето на индустријата.
 
: Правото на индустриска сопственост во субјективна смисла може да се дефинира како право на творецот на конкретна индустриска творба, на полето на индустријата, во однос на неговата творба признато со објективното право. Содржината на правото на индустриска сопственост во субјективна смисла зависи од правните правила на право на индустриска сопственост во објективна смисла.
 
 
Ред 20:
 
 
: Модерната доктрина и практика, под индустриска сопственост подразбираат збир на права утврдени со членот 1 од [[Париската конвенција за заштита на индустриска сопственост]]. Предмет на заштита, според [[Хашката ревизиона конференција]] од 1925 година, се патентите, корисните модели, индустрискиот дизајн, фабричките и трговските марки , услужните трговски марки, трговското име, ознаката на географското потекло и сузбивањето на нелојалната конкуренција. Истовремено, поимот индустриска сопственост се подразбира во најшироко значење, па не се применува само на индустријата и трговијата во буквална смисла на зборот.
 
: Во поново време, во индустриската сопственост се инкорпорораат и know-how, т.е. знаењето и искуство кое не е заштитено со исклучително право, бидејќи имателот на тоа знаење и искуство располага со него само додека не го отстапи на другите. Во најширока смисла know-how се однесува не само на техничкото знаење и искуство, туку и на знаењето и искуството од комерцијален, организационен, фискален и сличен карактер кое може да се примени во стопанското работење.
 
: Со донесувањето и стапувањето во сила на [[Договорот за трговскте аспекти на правата од интелектуана сопственост (ТРИПС)]] , како права од индустриска сопственост се почесто се сметаат и трговската тајна (неоткриените информации) и топографијата на интегралните кола. Последниве неколку години се прават обиди во корпусот права од индустриска сопственост да се инкорпорира и името на доменот.(domain name).
 
: Карактеристично за сите овие права од индустриска сопственост е што тие можат да се групираат во две групи. Во првата група спаѓаат оние кои се правно заштитени, односно се регистрираат, и тоа: [[патент]], [[корисен модел]], [[индустриски дизајн]], [[трговска марка]], [[ознака на потеклото на производ и географска ознака]], [[топографија на интегрално коло]] и [[домен име]]. Во втората група спаѓаат оние кои не се регистрираат, и тоа: [[ трговска (деловна) тајна]], односно неоткриена информација и [[know-how]]. Овие се штитат само преку правилата за заштита од дејства на нелојална конкуренција.
 
[[Категорија:Економија]]