Ивица Зориќ: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот: Промена на шаблон: Инфокутија Личност
с Бот: козметички промени
Ред 35:
 
 
'''Маестро д-р Ивица Зориќ''', е македонски диригент, роден во {{роден во|Белград}} во [[1948]] година. Основно образование завршил во [[Тетово]], а средно музичко училиште во [[Битола]]. Дипломирал, магистрирал и докторирал на [[ФМУ]] во [[Скопје]], како прв Доктор од областа на интерпретација во [[Република Македонија]]. Во [[1977]] година го основа детскиот хор "[[Хор Лале|Лале]]", а во [[1981]] година го основа и женскиот младински хор "[[Хор Менада|Менада]]" во [[Тетово]].
 
== Кариера ==
Од [[1980]] до [[јули]] [[2007]] година бил директор на [[Музичко училиште - Тетово|ОМУ "Тодор Скаловски - Тетоец"]] од [[Тетово]], под чие раководство учениците од оваа училиште освоиле 180 републички и 50 меѓународни награди. На репертоарот со хоровите со кои работи поставил повеќе од 450 композиции од различни стилови и епохи на 18 јазици. Во македонската и меѓународната културна јавност познат е пред се како реномиран хорски диригент. Со хоровите "Лале" и "Менада" има остварено повеќе од 1000 настапи во земјава и странство. Како диригент со хоровите настапувал на фестивали, коцертни турнеи и конкурси во 17 земји: [[Албанија]], [[Бугарија]], [[Србија]], [[Грција]], [[Словенија]], [[Турција]], [[Романија]], [[Италија]], [[Австрија]], [[Германија]], [[Чешка]], [[Полска]], [[Шпанија]], [[Шведска]], [[Холандија]], [[Данска]] и [[Португалија]].
 
== Награди ==
 
Како учесник на меѓународните хорски натпревари во странство ги освоил следните награди: Прва награда во Добрич, Бугарија; две втори награди во Литомишл, Чешка; една прва и една втора награда во Гисен, Германија; една втора и една трета награда во [[Целје]], Словенија; една втора и една трета награда во Превеза, Грција; две први награди и "Гран при" во Бад Ишл, Австрија. На меѓународниот хорски фестивал "Драган Шуплевски" во Скопје во 2002 година ја освои третата награда, а на фестивалот во Хајновка, Полска во 1999 година доделена му е наградата за најуспешен диригент на фестивалот. На републичкиот натпревар во Кавадарци со хоровите "Лале" и "Менада" освоил 21 прво место и 2 втори места, како и повеќе пати награда за диригент и награди за праизведба. Повеќе македонски композитори посветиле композиции за маестро Ивица Зориќ и за хоровите со кој работи. Како музички истражувач, теоретичар и педагог од областа на хорската музика учествувал со свои трудови на домашни и меѓународни собири и трибини. Во организација на Хорскиот фестивал "ТЕХО" вклучен е од самиот почеток, денес е претседател на Управниот одбор на оваа, кај нас, единствена меѓународна хорска манифестација.
Ред 46:
Како општественик во областа на културата, организирал повеќе од 1000 концерти на сериозна музика со реномирани домашни и странски уметници. Иницијатор и оснивач е на "Балканскиот хорски форум", во Тетово во [[1998]] година во кој членуваат преставници од Македонија, Албанија, Бугарија, Грција, Турција, Србија и Романија.
 
Во [[1979]] година ја добива "19 Ноемвриската" награда на Тетово, во [[1982]] година наградата "Кирил Пејчиновиќ", во [[2005]] највисоката државна награда на Р. Македонија "[[Награда 11 Октомври|11 Октомври]]" и во [[2007]] година наградата на Здужението на музички педагози за "Повеќегодишна успешна работа во областа на музичката педагогија".
 
 
[[Категорија:Македонски диригенти]]