Зузана Тополињска: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот: Промена на шаблон: Инфокутија Личност
с Бот: козметички промени
Ред 1:
{{Инфокутија за личност
| име = Зузана Тополињска<br />Zuzanna Topolińska
| портрет =
| px =
Ред 34:
'''Зузана Тополињска''' ([[полски јазик|полски]]: ''Zuzanna Topolińska''; родена на [[2 јануари]] [[1931]]) е [[Полска|полски]] [[полонист]], [[македонист]], [[универзитетски професор]] и член на [[Македонската академија на науки и уметности]]<ref>[http://www.polonistika.com.mk/polonistika/mk/vraboteni/biografija.asp?id=81 Биографија]</ref>.
 
== Биографија ==
 
Академик Зузана Тополињска е родена на [[2 јануари]] [[1931]] година во [[Варшава]], [[Полска]]. Во [[1944]] година таа се отселила од Варшава и завршила средно образование во [[Ќелце]] во [[1948]] година. На Универзитетот во Лоѓ дипломира полска [[филологија]], додека во [[1964]] година докторира на тема полско-поморски дијалекти. Покасно Зузана станува редовен [[универзитетски професор]]. Покрај професорската професија, Зузана работи со [[Полска академија на науки и уметности|Полската академија на науки и уметности]] со кои издаваат трудови за полските и кашупските дијалекти. Во периодот од 1964 до 1968 година, Зузана започнува да работи на студијата „Синтаксата на македонскиот стандарден јазик. Подоцна, во [[1983]] година ја објавува [[Полска граматика|полската граматика]]<ref>[http://www.polonistika.com.mk/polonistika/mk/vraboteni/biografija.asp?id=81 Биографија]</ref>.
Ред 40:
Зузана Тополињска се преселува во [[Македонија]] каде во периодот од [[1983]] до [[1999]] работи како професор-гостин на Катедрата за [[славистика]] про [[Филолошки факултет- Скопје|Филолошкиот факултет во Скопје]]. Како редовен член на [[МАНУ]] е узбрана на [[20 јуни]] [[1996]] година. Тополињска станува раководител на новооснованиот Истражувачки центар за ареална лингвистика при МАНУ. Акад. Тополињска е активен член на две Меѓународни комисии на Меѓународниот комитет на славистите (МКС): Комисија за Општословенски лингвистички атлас и Комисија за истражување на граматичките структури на словенските јазици. Во 1997 година таа е избрана за „doctor honoris causa“ на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје<ref>[http://www.polonistika.com.mk/polonistika/mk/vraboteni/biografija.asp?id=81 Биографија]</ref>.
 
== Публикации ==
 
Меѓу останатите, Зузана ги има објавено следните публикации:
 
* Атлас на кашупските и соседните полски дијалекти
* Синтакса на македонскиот стандарден јазик
* Studia Linguistica Polono-Meridianoslavica, списание
* Меѓународни лингвистички атласи
* Дијалектите на македонскиот јазик
 
== Референци ==
{{reflist}}
 
== Видете исто така ==
* [[Македонистика]]
* [[Полонистика]]
 
[[Категорија:Македонисти]]