Ентеробактерии: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот Додава: tl:Enterobacteriaceae
с Бот: козметички промени
Ред 1:
'''Ентеробактериите''' ја сочинуваат фамилијата '''''Enterobacteriaceae''''', која е една од најважните фамилии на [[Бактерија|бактерии]], како во поглед на количество (повеќе од 30 родови и преку 100 видови), така и во квалитативен поглед. Тука се среќаваат многу родови, од кои повеќето се [[Убиквитарност|убиквитарни]] и често предизвикуваат инфекции кај човекот и животните. Други наоѓаат широка примена ([[ферментација]] на сирење и останати млечни производи, алкохол, производство на токсини во козметиката, медицински третман, добивање на антивирални агенси во фармацевтската индустрија итн.).
 
Ентеробактериите се [[грам-негативни бактерии]] кои по својата морфологија може да се [[коки]] или [[Стапчеста бактерија|стапчиња]]. Членовите на оваа група се дел од цревната (од [[Грчки јазик|грчки]]: ''enteron'' - црево) [[микробиота]] (познати како [[колиформи]]), како и од кожната микробиота на човекот и животните. Некои видови може да живеат во почвата, водните растенија и животните. Релативно лесно се отстрануваат со најчестите дезинфектанти каков што е [[хлор]]от.