Економска географија: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот: козметички промени
Ред 2:
'''Економската географија''' е релативно млада научна географска Дисциплина. Нејзината појава и формирање е сврзано со развитокот на [[капитализам|капитализмот]]. Таа произлегла од потребата што подобро да се запознае природната средина во која живеат луѓето и да се стави во служба на [[општество]]то, поточно од потребата за претворање на природните во економски богатства.
 
== Појава на економската географија ==
 
Првите податоци од областа на економската географија датираат од времето на [[големите географски откритија]], кога разните морепловци и истражувачи оставале од своите патувања, во вид на патеписи, податоци за природата, луѓето и нивното занимање, односно производството и деловите на светот коишто ги посетувале.
 
Подоцна, развојот на економската географија доста го унапредиле германските географи кои се занимавале со проучување на природната средина и нејзиното дејство врз човекот и општеството. Тие го воведуваат и компаративниот метод во географијата преку кој појавите во природата почнуваат да се истражуваат, а не само да се опишуваат.
Ред 12:
За време на [[Втората светска војна]] економската географија во Британија многу се афирмирала и зафатила нова проблематика. Тогаш поради тешкотиите што се јавиле околу снабдувањето со лрехранбени производи од прекуморските земји, Англичаните ја развиле теоријата за најниски производствени трошоци и најрентабилно ползување на обработливото земјиште. За таа цел тие изработиле голем број [[карти]] на природните услови на одделни реони на државата со укажувања на земјоделските култури кои во дадени услови би дале и најдобри резултати. На тој начин е извршена промена на производствената структура, специјализација и реонизација на аграрното производство, со што се зголемило производството и се намалила потребата за увоз на прехранбени производи. Оваа теорија и методологија за најрационално ползување на аграрните површини денеска е прифатена и се користи во многу земји.
 
Во втората половина од XX век економската географија е насочена главно кон економската реонизација. Се истражува територијалкната разместеност на аграрното производство, [[индустрија]]та, [[сообраќај]]от а со цел да се обезбеди преку погодните локации оптимално ползување на природните и човечки потенцијали. Оттука потекнува и современата дефиниција на економската географија. Таа е географска наука која ги проучува условите и особеностите во географската разместеност на производството, неговата размена и потрошувачка.
 
== Предмет на економската географија ==
 
Предмет на проучување претставува производството, при што најпрво се истражува географската средина зашто таа ја претставува базата во која се одвива производството. Меѓутоа, елементите на таа средина, како што се: [[релјеф]]от, [[клима]]та, [[хидрографија]]та, [[почви]]те, растителниот и животинскиот свет и минералното богатство, не се истражуваат изолирано туку комплексно во нивното единство и поврзаност. Набљудувањата се изведуваат од аспект на нивното влијание врз нивото, структурата и територијалната разместеност на производството.
Ред 22:
Потоа следуваат истражувањата во областа на географската разместеност на одделните видови производство и на сообраќајот. Притоа најпрво обично се набљудува развитокот, структурата и разместеноста на аграрното производство, бидејќи низа аграрни производи служат како суровинска база на индустријата и како такви придонесуваат за објаснувањето на прашањата од областа на разместеноста на индустриското производство. Индустријата, пак, се разработува по еден логичен ред. Најпрво се прикажува енергетското стопанство, потоа базичната индустрија и најпосле гранките на лесната индустрија. Аграрното и индустриското производство завршуваат со реонизација на тоа производство, со цел да се изнајде оној простор каде што постојат оптимални услови за одделните видови на производство.
 
== Поделба на економската географија ==
 
Економската геогрефија според одредени услови и фактори се дели на: општа економска географија, која ја изучува разместеноста на производството во светски размери, посебна или регионална економска географија, која ја изучува разместеноста на производството во рамките на една држава или на едно географско лодрачје и гранска економска географија, која ги проучува одделните стопански гранки и во зависност од предметот на проучување се дели на: аграрна географија, индустриска географија, сообраќајна географија, тргoвска географија, туристичка географија и др.