Едгар Кејси: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот: Промена на шаблон: Инфокутија Личност
с Бот: козметички промени
Ред 32:
| lbl-style = <!-- Стил на додатните полиња -->
}}
'''Едгар Кејси''' ([[18 март]] [[1877]] &ndash; [[3 јануари]] [[1945]]) (Edgar Cayce) бил [[Америка|американски]] [[парапсихологија|парапсихолог]] и [[јасновидост|јасновидец]]. Се тврди дека имал способност да одговара на прашања додека бил во изменета состојба на свест, [[транс]]. Иако Кејси се сметал себеси за побожен христијанин и живеел пред појавувањето на движењето [[Њу Ејџ]], некои веруваат дека тој е негов основач и дека извршил големо влијание врз тоа движење.<ref>{{цитирана книга |title=The Emerging Network: A Sociology of the New Age and Neo-Pagan Movements |first=Michael |last=York |year=1995 |pages=p60 |publisher=Rowman & Littlefield |isbn=0847680010}}</ref>
 
Кејси станал позната личност пред крајот на својот живот, а популарноста на неговите предвидувања ја засенила неговата работа на полето на [[теологија]]та.
Ред 38:
[[Скептицизам|Скептиците]]<ref>{{цитирана книга | title=Fads & Fallacies In The Name Of Science |first=Martin |last=Gardner |year=1957 |pages=p216-219 |publisher=Dover Publications |isbn=0486203948}}</ref> се споритвставуваат на тврдењето дека Кејси покажувал медиумски способности, а на христијанските верници не им се допаѓаат одговорите на Кејси на некои религиозни теми, кои се спротивни на христијанското учење, како на пример за [[реинкарнација]] и [[Акаша записи]]те. Идејата дека [[Калифорнија]] ќе пропадне под океанот му се припишува на Кејси, иако тој никогаш не кажал нешто токму со тие зборови. Денес постојат десетици илјади ученици на Кејси, од кои повеќето се во [[САД]] и [[Канада]], а центарот „Едгар Кејси“ веќе постои во 25 други држави.
 
== Биографија ==
 
Едгар Кејси е роден во фармерско семејство на [[18 март]],[[1877]] година во близина на Беверли, 11 километри јужно од Хопкинсвил, [[Кентаки]].<ref name="MM_13">
Ред 51:
</ref>
=== Кентаки период: 1877 – 1920 г. ===
Во декември 1893 година, семејството на Кејси се сели во Хопкинсвил, Кентаки. Кејси веќе завршил осум години од основното училиште, го открил својот интерес за спиритуалноста, ја напуштил фармата и се вработил.
 
Ред 113:
</ref>
 
=== Тексас период: 1920 – 1923 г. ===
Популарноста и успесите на Кејси инспирирале неколкумина да побараат богатство со помош на способностите на Кејси. Еден продавач на памук му понудил на Кејси да му плаќа сто долари секој ден само за дневни известувања во врска со пазарот на памук. И покрај лошата финансиска состојба во која се наоѓал, Кејси ја одбил понудата. <ref>
{{цитирана книга
Ред 161:
</ref>
 
=== Вирџинија Бич период: 1925 – 1945 г. ===
[[Податотека:Cayce Hospital.jpg|thumb|right|Болницата Кејси, 2006]]
До 1925 година, Кејси веќе бил професионален јасновидец, со неколкумина вработени и волонтери.<ref name="AAR">
Ред 196:
</ref> Закопан е во Хопкинсвил, [[Кентаки]].
 
== Неговите способности ==
Едгар Кејси е наречен [[пророк]], („заспаниот пророк“), [[мистицизам|мистик]], и [[јасновидост|јасновидец]]. Неговиот метод на работа се состоел од легнување на кревет и влегување во состојба на [[транс]] или некаква состојба на [[сон]]. Во таква состојба, Кејси одговарал на прашања поврзани со здравјето или некој друг проблем на своите клиенти, кои и не морале да бидат присутни. Подоцна, од него се барало да одговара на прашања поврзани со минати животи, да дава совети за бизниси, да толкува соништа и слично.
 
Ред 207:
Најбројни се неговите совети во врска со здравствената состојба на клиентите, но оние кои ги интересира [[езотерија]]та се фокусираат на следниве теми:
 
* '''Потеклото и судбината на човештвото:''' „Сите души се создадени на почетокот, и го наоѓаат својот пат назад од каде што дошле.“ [Запис 3744-5] Кажувањата на Кејси велат дека човечките души се создадени со свесноста на нивниот единствен [[Бог]]. Земјата со сите нејзини ограничувања, создадена е како арена за спиритуален развој.
 
* '''Реинкарнација:''' Кејси зборува за [[реинкарнација]]та и [[карма]]та како за реалност, но како за инструменти на Господ, а не како за природни закони. Нивната цел е да нè научат на некои лекции. Луѓето никогаш не се реинкарнираат како животни. Во кажувањата (Записи 3744-5), Кејси изјавил: „Човекот не потекнува од мајмун, но се развива, еволуира малку по малку.“
 
* '''Астрологија:''' Кејси изјавил дека нашите души понекогаш меѓу два живота поминуваат извесно време на другите планети. Позицијата на планетите во моментот на нашето раѓање го покажува тоа.
 
* '''Универзални закони:''' Душите кои се инкарнирани на Земјата подлегнуваат на исти универзални закони на [[карма]]та: „Што ќе посееш, тоа ќе пожнееш“ или „Како им судиш на другите, така ќе ти биде судено“. Ваквите закони се милост божја, без разлика на настаните што ги предизвикуваат. Кејси изјавил дека ако ова го погледнете од повисока димензија, ќе видите дека не постои време и простор, ниту пак минато или иднина, а она што ние го доживуваме како „време“ е илузија која си има своја цел.
 
* '''За непознатиот дел од животот на Исус Христос:''' Кејси изјавил дека Исус се реинкарнирал на Земјата повеќе пати, почнувајќи од мистериозниот човек на [[Атлантида]] наречен „Амилиус“, преку познатите [[Библија|библиски]] личности како [[Адам]], [[Енох]], [[Мелцезедек]], [[Џошуа]] и други. Кејси изјавил дека Исус патувал низ [[Индија]] во младоста за да ги проучи источните религии, посебно астрологијата.
 
* '''Исус и Христос:''' Кејси правел разлика меѓу Исус и Христос. Накратко, Исус е душа како нас која се реинкарнирала повеќепати, а „Христос“ е она во што бил прв и дозволил да се манифестира преку неговиот материјален живот, и кон што треба и ние да се стремиме. Кејси го нарекувал Исус „постар брат“.
 
* '''Идеали:''' Кејси повеќепати нагласувал дека изборот на идеалот треба да ни биде духовен пат. Можеме да избереме било кој идеал што нè привлекува, и треба да го примениме во животот. Тогаш Господ ќе нè води и ќе нè инспирира да го постигнеме идеалот. Највисокиот идеал е Христос.
 
* '''Тело, ум, душа:''' Кејси често ги споменувал овие три термини кога објаснувал ситуација на некого. „Душата е животот. Умот е градителот. Телото е резултатот.“ (Се споменува во повеќе записи.)
 
* '''Медитација:''' Кејси понекогаш опишувал [[Медитација|медитативни]] техники на пеење „Aррр--eee-ooммм“ што многу наликува на [[мантра]]та ''[[Харе]] [[Ом]]'', сепак велел дека главната работа е да бидеш отворен за божествените влијанија.
 
* '''Екстра-сензорна перцепција:''' Кејси ја прифаќал како природна последица на духовниот развој. Господ може да ни зборува преку соништа, или преку интуицијата. Сепак не го одобрувал [[спиритуализам|спиритуализмот]] и разговорот со [[ентитет]]и, туку велел дека треба да се разговара со Христос.
 
* '''Атлантида:''' Според кажувањата на Кејси, [[Атлантида]] постоела, и тоа била земја со напредна технологија, чии бегалци го населиле древен Египет, како и предколумбовска Америка. Според него, многумина денес се реинкарнација на Атлантиѓаните, кои сега се соочуваат со слични искушенија. Рекол дека Атлантида ја погодиле три големи катастрофи, а конечната катастрофа била експлозија на кристалот кој го користеле како извор на енергија.
 
* '''Египет:''' Древната цивилизација на [[Египет]] била составена од бегалци од Атлантида. Тие ги изградиле монументалните градби во [[Гиза]], вклучувајќи ја и [[Кеопсова пирамида|Големата пирамида]], и оставиле записи за Атлантида во „салата на записи“ која се наоѓа некаде под [[Сфинга]]та.
 
* '''Промени на Земјата:''' Кејси известил за серија на [[катаклизма|катаклизми]] кои би требало да се случат во наредните децении, меѓу кои изместување на земјината оска.
 
* '''„Лековите“ на Кејси:''' Често советувал употреба на масажи, молитви, таблетки од црн јаглен (во медицината познати како лек за прочистување на организмот од отрови), вежби, и еден посебен вид на диета. Диетата се состоела од избегнување на црвено месо, алкохол (освен црвено вино), бел леб, пржена храна, а наместо сето тоа да се користи што повеќе овошје, зеленчук. Интересно е што Кејси неколку пати изјавил дека кафето и цигарите не се голема пречка за здравјето. Самиот не се придржувал постојано на советите за здрава исхрана.
 
* '''Толкување на соништа:''' Кејси е еден од првите толкувачи на соништа спротивставени на толкувањата на [[Фројд]]. Тој велел дека постојат различни видови соништа со различни нивоа на значење, и дека само сонувачот може вистински да си го одгонетне својот сон. <ref>{{цитирана книга|title=The Dream Game|author=Faraday, Ann|pages=xiv}}</ref>
 
== Фусноти ==
{{reflist}}