Разлика помеѓу преработките на „Дидактички системи на настава“

с
Бот: козметички промени
с (Бот додава Шаблон: Без извори)
с (Бот: козметички промени)
При изградувањето на современите системи потребно е на ум да се имаат сите структурни компоненти на наставниот процес и тоа со нивните микроелементи. Во секој дидактички систем се искажуваат специфични варијанти во изведувањето на специфичните компоненти на наставниот процес од аспект на директното поучување на наставникот и самостојната работа на ученикот.
Изведени се повеќе наставни системи па од таму и називот мултристратегија на наставата.
= Предавачка настава =
Ја препознаваме п претежно вербалната и ex – cathedra фронтално емитување на одредени содржини, информации, и други пораки на кои што цел им е воспитанието и образованието на учениците. Настанува со појавата на одделенито и оделенско–часовната оранизација на наставата. Наглиот пораст на образованието ( посебно на основното), големите одделенски оддели ( во почетокот и до 300 ученици, а покасно се помалку и помалку) биле непосредни по повод нејзиното настанување. Во почетокот тоа била и значајна дидактичка иновација која веќе при крајот на 19 век и покасно станала значаен ограничувачки фактор на наставата.
Со појавата на предавачката настава се врзува и настанувањето на традиционалната дидактика како теорија на наставата, најмногу како теорија на поучување која (како и предавачкиот концепт) е и денес цврсто втемелена во училиштата и човечката свест со што го отежнува продирањето на современи дидактички идеи.
Предавачкиот начин на работа, со самото тоа што наставникот го става во центарот на наставата, што произлегува од предавањата како решение за воспитанието и образованието на учениците. Таквата настава е и ограничувачки фактор за афирмирање на наставникот како вистински воспитувач.
 
= Хеуристичка настава =
 
Како што веќе објаснивме во подглавјето за хеуристичиот облик на разговор, нејзиниот назив потекнува од Архимедовата изрека – еурека (gr~.heuriskein – наоѓа, пронаоѓа, открива). Врз основа на таа изрека е формирана посебна научна дисциплина – heuristika која се занимавала со проучување на методата за правилно управување со умот поради откривање на нови сознанија.
Но, без оглед на нејзините слабости таа има свое оправдување и во современото училиште, и тоа особено кога станува збор за тешките и сложени наставни содржини кои што учениците можат да ги сфатат со помош на сигурното водење на наставникот.
 
= Егземпларна (применета) настава =
 
Атрибутот егземпларна потекнува од латинскиот збор exemplar што значи примерок. Се користи и терминот парадигматска настава што потекнува од грчиок збор парадигма кој има исто значење (образец, примерок).
Со егземпларната настава се поттикнува самостојната работа на учениците. Таа мисловно ги активира.
 
= Менторска настава =
 
Менторот е водач, сопственик. Во грчката митологија Ментор бил воспитувач на Одисејевиот син Телемах па по него настанал и овој поим со кој се означува наставникот кој некого води, упатува.
Главна карактеристика на менторската настава е да ја сведи улогата на наставникот на повремени разговори, упатување на ученикот или студентот кој, во најголем дел, треба самостојно да ја обработи дадената тема. Овој вид настава е погоден за работа со постарите ученици и студенти. Во текот на работата наставникот советва и контролира. Со ваквиот начин на работа, многу се развива самостојноста, а учениците и студентите ја совладуваат техниката на научната работа и се навикнуваат да ја користат.
 
= Проблемска настава =
 
Во проблемската настава се решаваат проблеми. Тоа е нејзина клучна карактеристика. Задача и е да го развива мислењето и творештвото. Ефектите на ваквата настава се големи бидејќи ученикот, кога ќе се најде пред тешкотија, проблем со својата мисловна активност наоѓа принцип (начин) за решавање. Часот започнува со поставување на проблемот кој треба да се решава. Се продолжува со поставување хипотеза, барање принцип (начин) за решавање на проблемот (се користат поставените хипотези) и завршува со примена на стекнатите знаења во нови ситуации.
Програмираната настава допринесува за развој на самостојно мислење, совладување на логички операции, активирање и зголемување на љубопитноста на учениците. Овозможува програмираната содржина да се совлада.
 
= Индивидуализирана настава =
 
Со изедначувањето на учениците во одделенијата по возраст и претходно образование, што е воведено со одделенски-часовниот систем на Коменски, само до некаде се остварува изедначување. Во рамките на така формираните групи, индивидуалните разлики меѓу поединците се големи (во помнење, мислење, лексичкиот фонд, изразување).
Наставните листови се однапред подготвени задачи на листови (картони) со упатства како треба да се решат. Задачите се различни за секој поединец или постојат три (некогаш и повеќе) групи задачи со различна тежина. Решението е на позадината на листот или, што е подобро, кај наставникот за да ученикот не го види пред да ја реши задачата.
 
= Тимска настава =
Наставата од еден или повеќе сродни предмети која ја реализира тим составен од поголем број на наставници се нарекува тимска. Во тимот улогите и задачите се поделени. Добра страна на овој систем на работа е: рационализација на времето, збогатување на наставниот процес, подобра колерација на содржините од различни наставни области, подобар е квалитетот на работата.
 
Наставната работа се организира по групи: поголеми по 100 а и повеќе ученици, средни по ученички одделенија, мали групи за различни облици на работа во кои има 10, 15, но и помалку ученици.
 
Асоцијативната тимска работа е посложена. Стручниот тим заеднички не само што планира и програмира туку заеднички ја изведува наставата за поефикасно остварување на задачите. Наставниците по еден стручен предмет, да речеме македонски јаик, на почетокот на годината ги делат наставните теми и секој ја реализира својата тема во своето одделение. Кога во сите оддленија на еден клас работат наставници од иста струка, станува збр за хоризонтална тимска работа. Во вертикалната тимска работа работат повеќе наставници од различни струки во повеќе одделенија и класови, на пример во сите постари одделенија од основно училиште. Овој втор облик е попогоден за училиштата со помал број на одделенија.
 
[[Категорија:Образование]]
941.847

уредувања