Ден на независноста на Македонија: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот: козметички промени
Ред 21:
'''Денот на независноста во Македонија''' е [[државен празник]]<ref>[http://sinbad.mp.com.mk/cit/drzavnipraznici.htm Законот за празниците на Република Македонија]</ref> кој се празнува во [[Република Македонија]] на [[8 септември]]. Празникот популарно е наречен и како '''8 семптември'''. Празникот ја означува сувереноста, независноста и самостојноста на [[Република Македонија]] и [[Македонци|македонскиот народ]].
 
== Историја ==
 
Референдумот во Македонија се одржал во предвечерјето на распадот на [[СФРЈ]]. Врз основа на плебисцитот од декември [[1990]] година на кој словенечкиот народ со уверливо мнозинство се определил за градење [[суверенитет|суверена]] држава и Декларацијата за независност, на [[24 јуни]] следната година [[Словенија]] прогласила независност. Веднаш по тој чин дошло до оружени конфликти меѓу [[ЈНА]] и словенечката територијална одбрана. Воениот судир завршил за триесетина дена со [[Брионска декларација|Брионската декларација]] и повлекување на единиците на ЈНА од Словенија во [[Србија]] и во [[Босна и Херцеговина|БиХ]].
Ред 33:
Со цел мирно решавање на кризата, на [[27 август]] Eвропската заедница донесла [[Декларација за Југославија|Декларацијата за Југославија]]. Биле потпишани и два документа - Спогодба за прекин на огнот, една од многуте безуспешни што потоа ќе следат и Меморандум за проширување на посматрачките активности на ЕЗ во Југославија со кои се операционализираше Декларацијата.
 
[[СликаПодатотека:Dekalracija_za_nezavisnost.jpg|right|thumb|210px|Оригиналната страница на Декларацијата за Сувереност]]
[[СликаПодатотека:Dekalracija_za_nezavisnost2.jpg|right|thumb|210px|Оригиналната страница на Декларацијата за прогласување на Независност]]
Потпис на Декларацијата ставија тогашниот претседател на претседателството на СФРЈ [[Стипе Месиќ]], од име на Сојузниот извршен совет [[Анте Марковиќ]], како и претседателите на сите шест републики. Од името на ЕЗ Декларацијата ја потпиша [[Ханс Ван ден Брук]], претседател на Министерскиот совет и шеф на дипломаријата на [[Холандија]], која тогаш претседаваше со Заедницата. Со Декларацијата се гарантираше неповредивост на надворешните и внатрешните граници, право на изјаснување на народите за сопствениот [[суверенитет]], негирање на употребата на сила како политика на свршен чин, а во спротивно се предвидуваа ригорозни санкции.
 
Ред 41:
Согледувајќи ја состојбата во Југославија првиот повеќепартиски македонски парламент ја усвои [[Декларација за Независност на Република Македонија|Декларацијата за независност]] на [[25 јануари]] [[1991]] година. По што следуваше и одлуката за распишување на референдум на [[8 септември]] [[1991]].
 
== Референдум ==
 
{{Main articles|[[Референдум 1991]]}}
Ред 54:
На референдумот му претходела Декларација за независност што првиот повеќепартиски [[Собрание на Република Македонија|Македонски Парламент]] што ја усвоила на [[25 јануари]] [[1991]] година.
 
== Реакции ==
=== Домашни ===
Македонците самите резултати ги прифатиле со голем оптимизам и еуфорија. Истотака и вискоките функционери се големи оптимисти.
 
Ред 70:
:::::::::::::::::::::::::::[[Стојан Андов]], [[Претседател на Собранието на Република Македонија|претседател]] на [[Собрание на Република Македонија|македонското собрание]] во [[1991]] година.
 
=== Странски ===
По референдумот, водечките светски медиуми излегоа со оценка дека мнозинството гласачи се изјасниле за независност на Македонија и оти тоа ќе значи чекор поблиску до распадот на Југославија.
 
Ред 76:
 
 
== Првата прослава ==
По затворањето на избирачките места, граѓаните спонтано се собирале на [[Плоштад Македонија|плоштадот „Македонија“]] во центарот на [[Скопје]]. каде Македонското радио организирала свеченост насловена Глас за Македонија со настап на стотина естрадни ѕвезди. Меѓу настапите на уметниците пред насобраните граѓани се читале извештаите кои општинските изборни одбори ги доставуваа до Републичката комисија за спроведување на референдумот.
 
Ред 86:
 
 
== Прославување на празникот ==
[[СликаПодатотека:orden 8 septemvri.jpg|thumb|right|230px|[[Орденот „8-ми Септември“]]]]
Денот на независноста како државен празник е неработен ден во Македонија<ref>[http://sinbad.mp.com.mk/cit/drzavnipraznici.htm Законот за празниците на Република Македонија]</ref>. [[Претседател на Република Македонија|Претседателот]] и [[Влада на Република Македонија|владата]] на Македонија организираат разни свечености. Претседателот традиционално го доделува [[Орден 8ми септември|Орденот „8-ми Септември“]]. Народот традиционално оди на излети во познатите излетнички места. [[Македонски олимписки комитет|Македонскиот олимписки комитет]] организира спортски пикници, а додека [[Мотоциклистичка федерација на Македонија |Мотоциклистичката федерација на Македонија]] го организира [[Меѓународно мото рели “Македонија 2008”|Меѓународното мото рели “Македонија 2008”]] во [[Скопје]].
 
Сите македонски амбасади, конзулати и преставништа организираат пригодни коктели и свечености во земјите во кои се наоѓаат.
 
== Референци ==
{{reflist}}
 
== Надворешни врски ==
* [http://makedonci-zagreb.hr/site2/index.php?option=com_content&task=view&id=19&Itemid=1 Ден на независноста на Република Македонија (08.09.2005)] -Прослава во Македонската амбасада во [[Загреб]], [[Хрватска]]
* [http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=51022 8-ми септември - Ден на независноста на Македонија], [[А1 телевизија]], [[2008]]
* [http://president.gov.mk/info.asp?SectionID=2&InfoID=3762 Честитка од претседателот Црвенковски по повод 8 Септември, Денот на независноста]
* [http://www.veles.gov.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=239 Велес го прославува денот на независноста]
* [http://www.makedonskiglas.com/news_en/index.php?option=com_content&view=article&catid=34:america&id=238:Привршуваат%20подготовките%20за%20Македонскиот%20Фестивал%20во%20Њу%20Џерси&Itemid=58 Прослава по повод на Денот на независноста во Гарфилд, Њу Џерси во САД]
 
{{Државни празници во Македонија}}
{{избрана}}
 
[[Категорија:Македонски празници]]
[[Категорија:Државни празници]]