Голи Оток: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Отстрането уредувањето на 153.98.68.196 (разговор), вратено на последната верзија на 77.28.29.97
с Бот: козметички промени
Ред 1:
{{Без извори|датум=ноември 2009}}
[[FileПодатотека:Goli mapa.jpg|thumb|right|200п|Местоположба на островот.]]
[[Податотека:Goli otok zatvor.jpg|200п|мини|Затворот на островот.]]
 
'''Голи Оток''' или во превод '''Гол Остров''' е [[Хрватска|хрватски]] остров во [[Јадранско Море]]. Островот има површина од околу 4.7 km² и е лоциран источно од полуостровот [[Истра]] во Велебитскиот канал, помеѓу островите [[Раб (остров)|Раб]], [[Свети Гргур (остров)|Свети Гргур]] и [[Првиќ (остров)|Првиќ]]. Островот не е погоден за живот и е ненаселен.
 
== Затвор ==
Голи Оток е познат по [[затвор]]от за политички затвореници и логорот за принудна работа што [[Југославија|југословенските]] [[комунизам|комунисти]] го изградиле во летото [[1949]] година по судирот со [[Јосиф Сталин|Сталин]] и [[Информбиро]]то. Таму во прв ред биле затворани лица кои во судирот помеѓу [[Тито]] и Сталин застанале зад Сталин, но покрај нив на Голи Оток биле затворани и малцинства од различни националности и луѓе со демократски погледи. Заедничкото за нив било тоа што тогашните властодршци ги сметале за опасни за својот режим. Последниот политички затвореник од Голи оток е отпуштен во [[1956]] година, а како затвор престанал да функционира во [[1988]] година.
 
Помеѓу [[Македонци]]те што биле затворени на Голи оток, најпознати се: [[Панко Брашнаров]], [[Венко Марковски]], [[Петре Пирузе]], [[Владимир Полежиноски]], [[Борис Гонев]], [[Ристо Шишков]], [[Методија Андонов - Ченто]] - првиот претседател на [[Президиумот на АСНОМ]] и други.
 
== Видете исто така ==
* [[Хрватски острови]]
* [[Хрватска]]
 
== Надворешни врски ==
* [http://www.goli-otok.hr Интернет страница за Голи Оток]