Глаголи во македонскиот јазик: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Брзо додавање категорија Глаголи во македонскиот јазик (со користење на HotCat)
с Бот: козметички промени
Ред 3:
'''Глаголите во [[македонскиот јазик]]''' можат да бидат главни глаголи, помошни глаголи и модални глаголи. Глаголите имаат лице и број и се менуваат по време. Македонскиот јазик има развиен систем на глаголски времиња, вкупно постојат околу девет глаголски времиња.
 
== Помошни глаголи ==
=== Помошен глагол ''сум'' ===
{| border=1
! colspan="2" | [[Сегашно време]]
Ред 48:
|}
 
== Прости глаголски форми ==
=== Сегашно време ===
 
{| border=1
Ред 100:
|}
 
=== Заповеден начин ===
{| border=1
! colspan="2" |
Ред 126:
|}
 
=== Минато определено време ===
* '''[[Минато определено свршено време]] (аорист)'''
 
{| border=1
Ред 202:
|}
 
=== [[Минато определено несвршено време]] ===
 
{| border=1
Ред 253:
|}
 
=== Глаголска л-форма ===
Несвршени глаголи
* ''земал'', ''носел'', ''броел'', ''стоел'', ''плачел'', ''пеел'', ''пиел'', ''идел'', ''наоѓал''
 
Свршени глаголи:
* ''зел'', ''донел'', ''избројал'', ''станал'', ''заплачал'', ''испеал'', ''допил'', ''дошол'', ''нашол''
 
Глаголската л-форма во основа е минат партицип. Служи за формирање минато неопределено време.
Ред 264:
Минатото неопределено време служи за '''прекажување''' на дејства, на кои не сме биле сведоци, туку ни се соопштени од друг. Во прекажувањето најчесто се јавуваат формите за трето лице (''Но малу по малу започнаа разговор и таа разбра оти тој'' '''бил''' ''од Прилеп''). Начинот на прикажувањето со минато неопределено време во вакво значење е најобичен во народните прикаски. Во него нѐ воведува веќе самата почетна формула (''си бил еден... '') (''Си'' '''биле''' ''двајца браќа, едниот - постариот - женет, а другиот неженет; работата им'' '''била''' ''трговци''.).
 
Втор случај е кога земаме личен (ироничен или инаков) став кон она што го кажал некој за нас (''Јас сум му ги'' '''зел''' ''парите''!). Доста често се јавуваат вакви состави во кои на прекажаната форма во второ или трето лице се надоврзува форма за прво лице, која не е веќе прекажана, ами значи директно соопштување (''Ти'' '''си дошол''', ''ама јас не'' '''сум бил''' ''дома''.)
 
Формите за прекажување не им се спротивставуваат само на формите од минатите определени времиња, ами можат да служат и за прекажување на дејства што во директното кажување идат во сегашно време (''Тој вели не јадел сега'').
 
== Глаголска придавка ==
Глаголската придавка се образува од сите глаголи: преодни (''женет'', ''насмеан'') и непреодни (''паднат'', ''дојден'', ''беган'', ''шетан''), затоа називот “''пасивна глаголска придавка''” не ѝ одговара. Таа се сврзува со помошниот глагол ''има'', ''нема'' во различни [[граматичко време|временски конструкции]]: ''го имам земено'', ''имам дојдено'', ''немам шетано'' итн. (овде ги губи обележјата на родот и бројот - во овие форми влегува само со формата за среден род еднина).
 
Ред 278:
 
Основниот вокал ''а'' се среќава кај глаголите од ''а''-група и од ''е''-група, ''а''-раздел:
* ''викан'', ''набран'', ''напишан'', ''станат''
 
Глаголски придавки од глаголи со општ дел на ''н'':
* ''станат''; ''бањат''; ''гонет'', ''ранет'', ''женет'', ''ценет''; ''викан'', ''беган'';
 
Двојни форми кај глаголските предавки од глаголи со општ дел на ''н'':
* ''женет'' - ''женат''; ''сменет'' - ''сменат''
 
Двојни форми кај глаголските придавки од глаголите, во кои во минато свршено време се губи вокалот од општиот дел:
* ''бран'' - ''берен''; ''дран'' - ''дерен''; ''клан'' - ''колен''; ''млен'' - ''мелен'';
* ''бројан'' - ''броен''; ''сеан'' - ''сеен''; ''кројан'' - ''кроен''; ''пеан'' - ''пеен'' итн.
 
Двојни форми и кај глаголските придавки, кои се образуваат од непрефиксирани глаголи од ''и''-група и ''е''-група (''а''-раздел):
* ''бројан'' - ''броен'', ''кројан'' - ''кроен''; ''пеан'' - ''пеен''; ''сеан'' - ''сеен''; (кај префиксираните глаголи единствено можни: ''испеан'', ''насмеан'', ''посеан'')
 
== Глаголски прилог ==
Глаголскиот прилог се образува од несвршени глаголи со [[наставка]] -'''јќи''': ''викајќи'', ''бегајќи'', ''носејќи'', ''смеејќи се'' итн. Формата ''бидејќи'' се употребува како сврзник.
 
Основниот вокал е ''а'' (во ''а''-група) и ''е'' - во другите две групи.
Ред 312:
|}
 
== Глаголска именка ==
Глаголската именка се образува од несвршени глаголи (како и глаголскиот прилог) со наставка -'''ње''': ''викање''; ''бегање''; ''дерење'' - ''драње''; ''спиење'' - ''спање'' итн.
 
Ред 318:
 
 
== Сложени глаголски форми ==
 
=== Форми со ''сум'' ===
* '''[[Минато неопределено свршено и несвршено време|Минато неопределено време]] (перфект)'''
 
** '''Свршено'''
 
{| border=1
Ред 374:
|}
 
** '''Несвршено'''
{| border=1
! colspan="2" |
Ред 424:
|}
 
* '''[[Предминато време]] (плусквамперфект)'''
 
{| border=1
Ред 453:
 
 
=== Сложени форми со ''ќе'' ===
 
* '''[[Идно време]] (футур)'''
{| border=1
! colspan="4" |
Ред 506:
 
 
* '''Минато идно време'''
{| border=1
! colspan="4" |
Ред 555:
 
 
* '''Идно прекажано време'''
{| border=1
! colspan="4" |
Ред 603:
|}
 
=== Условен начин ===
{| border=1
! Еднина
Ред 644:
|}
 
=== Сложени форми со помошниот глагол ''има'' ===
Со помош на помошниот глагол ''има'' се утврдува еден момент (на соопштувањето или некој минат или иден момент) до кој се сведува '''извршеноста''' на едно дејство или '''претпоставката''' за неговото извршување: ''имам дојдено'' значи дека дејството е извршено воопшто во минатото до моментнтов на соопштувањето; ''имав дојдено'' значи дека дејството се извршило до еден одреден момент во минатото; ''ќе имам дојдено'' значи дека се претполага извршувањето на дејството пак до одреден момент во идноста. Со времињата, во кои влегува ''л''-формата од помошниот глагол, се предава '''прекажано''' дејство. Поради блискост во значењето, формите со ''има''/''нема'' и тие на минатото неопределено време можат да се заменуваат ('''временски нефиксирано дејство''') (''Се немаме видено две години'' = ''Не сме се виделе две години''). Заменувањето не е вообичаено кога дејството поблиску се сврзува со одреден момент или период во минатото (''Сум ти станал ноќеска''. Не би одело “''Ти имам станато ноќеска''”).
 
* '''Примери''':
* ''имам'' (''немам'') ''земено'', ''влезено'', ''носено'', ''бегано''; ''имаш'' (''немаш'') ''земено'' итн.
* ''имав'' (''немав'') ''земено'' итн.
* ''сум имал'' (''немал'') ''земено'' итн.
* ''ќе имам'' (''не ќе имам'', ''нема да имам'') ''земено'' итн.
* ''ќе имав'' (''не ќе имав'') ''земено'' итн.
* ''ќе сум имал'' (''нема да сум имал'', ''не ќе сум имал'') ''земено'' итн.
* (''не'') ''би'' (''сум'') ''имал земено'' итн.
 
== Видете исто така ==
* [[Македонски јазик]]
* [[Граматика на македонскиот јазик]]
 
[[Категорија:Македонска граматика]]
 
[[Категорија:Глаголи во македонскиот јазик]]