Разлика помеѓу преработките на „Воена болница“

Додаден 31 бајт ,  пред 10 години
с
Бот: козметички промени
с (Бот менува: Image -> Податотека)
с (Бот: козметички промени)
 
 
== За болницата ==
[[СликаПодатотека:VBprva.jpg|thumb|250px|left|Првата зграда на Воената Болница во нас. Карпош]]
Во почетокот воената болница се наоѓала во населбата [[Карпош (Скопје)|Карпош]], но поради земјотресот во 1963 зградата била разрушена. Во средината на [[1971]] година изградена била новата зграда која постои и ден денес, која во тоа време била една од најмодрните воено-медицински установи на [[Балкан]]от.
Вкупната површина што ја зафаќа овој комплекс изнесува околу 90.000 м2, од кои под покрив се околу 60.000 м2 а во слободната површина доминира болничкиот парк и паркиралиштата.
 
 
== Структура на болницата ==
Денес во рамките на Воената болница влегуваат: '''Институтот за превентивна медицина''', '''Воената амбуланта''' и '''Воената аптека'''.
 
 
=== Институт за превентивна медицина ===
Институтот за превентивна медицина е составена од 5 одделенија и тоа:
* Хигиенско-хемиско
* Епидемиолошко
* Микробиолошко
* Одделение за медицина на трудот и
* Одделение за медицинска информатика
 
=== Воена амбуланта ===
 
Воената амбуланта е составена од три пункта кои делуваат во определени подрачја во местата каде што се наоѓаат. Тие се:
* '''Пункт воена болница''' кој има три служби:
# Општа служба
# Стоматолошка служба и
# Лабораторија
 
* '''Пункт Генераштаб''' којсе наоѓа во зградата на влезот во [[ Генералштабот на АРМ]] и во него работи само стоматолошка ординација, во која работи стоматолог специјалист по општа стоматологија.
Пунктот е од отворен тип и покрај згрижување на АВЛ, ЦЛ и војниците од ГШ, врши стоматолошки услуги и на лица од граѓанството.
* '''Пунк Аеродром''' кој е сместен во населбата [[Аеродром (населба)|Аеродром]], во непосредна близина на касарната “Гоце Делчев” Скопје. Истата е од отворен тип и згрижува: АВЛ, војници, питомци, слушатели на курсеви во Воената академија за ШРО, слушатели за подофицери и офицери, како и пациенти од граѓанството кои ќе ја изберат оваа амбуланта како своја матична.
Амбулантата укажува општа медицинска помош и стоматолошки услуги, а во својот состав има и превијалиште, лабораторија и аптека.
Во општата служба има три лекари од кои еден специјалист по општа медицина, а во стоматолошката служба има 4 стоматолози од кои еден специјалист по детска и превентивна стоматологија.
 
=== Воена аптека ===
Како организациона единица на Воената болница, Воената аптека е неопходна за нејзино функционирање. Воената аптека ги обединува плановите за потребите на болничките одделенија од лекови и медицински материјали и се грижи за нивна реализација преку прием, чување и издавање, а во согласност со законските прописи. Во рамките на активностите на Воената аптека влегува и издавање на лекови на рецепт за осигуреници на Фондот за здравство и припадниците на безбедносните сили на [[Република Македонија]].
За потребите на Воената болница, во Воената аптека се изработуваат магистрални препарати, парентерални раствори и капки за очи. Воената аптека располага со информациски систем кој овозможува редовно следење на потрошувачката на лекови и медицински материјали.
 
== Надворешни врски ==
* [http://www.voenabolnica.gov.mk/ Официјално веб место]
 
{{Македонско здравство}}
941.847

уредувања