Водна површина: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот додава Шаблон: Без извори
с Бот: козметички промени
Ред 4:
[[Податотека:Skopje2 ved Vardar den 19 04 2005.jpg|thumb|250px|right|Реката [[Вардар]] со [[Камен мост|Камениот мост]] во [[Скопје]]]]
[[Податотека:Golemo Ezero.jpg|thumb|250px|right|Големо Езеро, [[глечерско езеро]] ([[Пелистерски очи]]), [[Пелистер]]]]
[[СликаПодатотека:Lulworth Cove, Dorset-(Aerial).jpg|thumb|right|250px|[[Лалвортска Драга]], [[Дорсет]], [[Англија]]]]
[[СликаПодатотека:EnglishChannel.jpg|thumb|right|250px|Каналот [[Ламанш]] кој ги дели [[Обединето Кралство|Велика Британија]] и [[Франција]]]]
'''Водна површина''' или '''водена маса''' е забележлива акумулација на [[вода]] како [[океан]], [[езеро]] или [[река]] на [[Земја]]та или друго небесно тело. Некои водни површини можат да бидат вештачки - [[езерце]], [[езеро]] или [[пристаниште]], но највеќето се природни. Водените површини кои се пловни се нарекуваат [[воден пат|водени патишта]].
 
Изразот водна површина или водена маса поретко се користи за води во движење како реки, потоци и канали.
 
== Видови водни површини ==
* [[Вешачка акумулација|Акумулација]] - или вештачко езеро, долема површина каде се чува вода за разни потреби.
* [[Бара]] - мала водна површина од стојна вода
* [[Базен]] - мала водна површина како [[пливачки базен]], [[отсјаен базен]], езерце или локва.
* [[Басен]] - подрачје каде дождовница или снег се слева надолу во друга водна површина, како река, езеро, устие, мокриште или океан.
* [[Брана (географија)|Брана]] - препрека преку вода која ја го навртува текот надолу, создавајќи езеро или друга акумулација.
* [[Брод (географија)|Брод]] - преминлив дел од [[река]] или друга водна површина
* [[Вруток (географија)|Вруток]] - самиот почеток (место на извирање) на една река.
* [[Глечерско езеро]] - езеро кое се формирало со топењето на еден глечер по [[планина]]
* [[Драга]] - крајбрежна релјефна форма. Ова е кружен теснец со тесен приод или пак закрилен залив.
* [[Езеро]] - слатка водна површина со значајна површина, сместена во рамките на едно копно.
* [[Езерце]] - најчесто вештачка водна површина слична на езерото.
* [[Залив]] - водна површина ограничена со копно од три страни.
** [[Речен залив]] - залив на [[река]]
* [[Затон]] - водена површина, обично слатка со карактеристики на едно или повеќе од следниве: залив, драга, устие, фирт, фјорд, морски лох, мореуз и сл.
* [[Канал (географија)|Канал]] - физичко ограничување на една река, поток или теснец кој се состои од насипи (брегови) и тло.
** [[Канал (вода)|Вештачки канал]] - вештачки воден пат, обично поврзан со (или поврзувајќи) постоечки езера, реки или океани.
* [[Лагуна]] - окмпаративно плитка солена водна површина одделена од подлабокото море со плиток или издаден [[песочен насип]], [[корален гребен]] или сл.
* [[Локва]] - мала акумулација на вода на тлото.
* [[Лох]] - водна површина како езеро, морски затон, фирт, фјорд, устие или залив.
** [[Морски лох]] - лох кој е морски затон.
* [[Мокриште]] - предел со суви и мокри карактеристики, кој зависи од особеностите на обете.
* [[Море]] - голема солена водна површина врзана со океан, или пак големо солено езеро како [[Касписко Море|Каспиското Море]] и [[Мртво Море|Мртвото Море]]. Во секојдневниот говор често пати океаните се нарекуваат мориња.
* [[Мореуз]] - голем морски или океански затон поголем од залив, со забележителна длабочина, поширок од фјорд, кој всупшност може да биде и тесен морски или океански канал меѓу две копна.
* [[Мочуриште]] - мокар предел со постојана потопеност и своја флора и фауна.
* [[Океан]] - најголема солена водна површина, која вкупно зафаќа 71% од Земјината површина.
* [[Поток]] - мала рекичка.
** [[Плимен поток]] - морски затон.
* [[Пристаниште]] - вештачко или природно место каде пловилата се оставаат и/или се засолнуваат од временските прилики.
* [[Проток]] - тесен воден канал кој поврзува две поголеми водни површини, и така се протега меѓу две копна.
* [[Река]] - природен воден пат со вода добиена или заради нагиб или топење на глечер, која тече од повисок во понизок терен.
* [[Устие]] - полузатворена кребрежна водна површина каде една или повеќе реки или потоци се влеваат, во слободна врска со отвореното море
* [[Фирт]] - ова се разни кјрабрежни води во [[Шкотска]]. Обично се однесува на голем морски залив, устие, затон или проток.
* [[Фитотелма]] - мали дискретни водни маси во растенија.
* [[Фјорд]] - засек во релјефот кој дошол до израз заради релативното подигање на морското ниво.
 
== Видете исто така ==
* [[Басен]]
* [[Воден пат]]
* [[Вода]]
* [[Езеро]]
* [[Океан]]
* [[Пристаниште]]
 
[[Категорија:Водни површини| ]]