Влада на Македонија: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот: козметички промени
Ред 1:
'''Владата на Република Македонија''' е носител на [[извршна власт |извршната власт]] и е составена од [[премиер|претседател на владата]] и [[министер|министри]]. Владата ја избира [[Собранието на Република Македонија]] со [[квалификувано мнозинство]].
 
Првата Влада на Македонија е формирана на Првото заседание на [[АСНОМ]], на 2. август 1944. година, во текот на [[Втората светска војна]]. До денес (2009), во Република Македонија се смениле вкупно 24 влади и 13 претседатели. Во периодот од 1945 до 1991 година на чело на македонските влади, кои во еден период се нарекувале ''Извршен совет'', застанале осум претседатели, додека од 1991 до 2005 година пет премиери формирале влади.
 
== Историја ==
[[Податотека:22cento42.jpg|thumb|100px|left|[[Ченто]], првиот претседател на Президиумот на АСНОМ.]]
Првиот орган на извршната власт во Република Македонија бил [[Президиумот на АСНОМ]], кој е раководен орган на [[АСНОМ]] со извршни и законодавни ингеренции. Избран е на Првото заседание на АСНОМ на 2 август 1944 година, а делувал до Третото заседание на АСНОМ од април 1945 година, кога се реконституира како Президиум на [[Народното Собрание на Македонија]]. Своите законодавни ингеренции ги извршува во периодите помеѓу пленарните заседанија на АСНОМ, а извршните ингеренции - самостојно. Прв претседател на Президиумот на АСНОМ бил [[Методија Андонов - Ченто]].
Ред 18:
По 1991, [[Бранко Црвенковски]] формирал влада три пати - 1992, 1994 и 2002, [[Никола Груевски]] два - 2006 и 2008, а [[Никола Кљусев]] (1991), [[Љубчо Георгиевски]] (1998), [[Хари Костов]] (2004) и [[Владо Бучковски]] (2004) по еднаш.
 
=== Хронологија на претседателите на Владата на РМ ===
 
<!-- фалат некои години, ова е се' што можев да најдам, дополнете ако имате повеќе податоци...
Ред 30:
| [[Методија Андонов Ченто]] || Претседател на Президиумот на АСНОМ || 1944 - 1945 || [[КПМ]]
|-----
| [[Лазар Колишевски]] || Претседател на Владата на Демократска Македонија <br /> Претседател на Извршниот совет на НРМ || 1945 - 1953 || КПМ
|-----
| [[Љупчо Арсов]] || Претседател на Извршниот совет на НРМ || 1953 - 1960 || [[СКМ]]
Ред 63:
== Надлежности ==
 
Според [[Устав на Република Македонија |Уставот на Република Македонија]] од 1991 година, надлежности на македонската влада се:
 
* да ја утврдува политиката на извршувањето на законите и другите прописи на Собранието и е одговорна за нивното извршување;
Ред 99:
По одржувањето на општи [[парламентарни избори]], [[Претседател на Република Македонија|Претседателот на Република Македонија]] е должен во рок од десет дена од конституирањето на новоизбраното [[Собрание на Република Македонија|Собрание]], мандатот за состав на Владата да го довери на кандидат на партијата, односно партиите што имаат мнозинство во Собранието. Потоа, [[мандатор|мандаторот]] во рок од 20 дена од денот на доверувањето на мандатот, на Собранието му поднесува програма и го предлага составот на Владата. Откако тоа ќе го направи, Собранието ја избира Владата со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.
 
== Дополнителни информации ==
 
* '''Види исто така [[Досегашни Влади на Република Македонија]]'''
 
== Надворешни врски ==
Ред 111:
{{reflist}}
 
[[Категорија:Влади на Република Македонија| ]]
[[Категорија:Народна Република Македонија]]