Бјорн Дели: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот додава Шаблон: Без извори
с Бот: козметички промени
Ред 9:
Бјорн Дели е роден во Елверум. Тој беше доминантен крос-кантри скијач во 1990-тите. Неговите осум олимписки титули се рекорд за натпреварувач на зимските олимписки игри, како што се неговите 12 олимписки медали (he also won 4 silver medals) кои ги освоил на три олимпијади (Албервил, Лилехамер, и Нагано). Како дополнување на неговиот олимписки рекорд, тој има голем успех и на светските првенства (17 медали; 9 златни), особено во 1997 година кога ги има освоено медали во сите пет дисциплини. Ако не беше неговата повреда на крајот од кариерата, Дели ќе имаше можност да ја зголеми својата колекција медали. И покрај неговото рано заминување од спортот, Дели генерално се смета за најголем крос-кантри скијач на сите времиња.
 
Дели го должи голем дел од својот успех во спортот на останатите активности кои ги практикувал во животот. Ловот, риболовот, планинарење, кајак, фудбал и се разбира скијање биле дел од животот на овој човек од многу мала возраст. За време на своето детство Дели сакал да биде фудбалер, но по одбивањето од тренерот се испробал во нордиското скијање. Иако Дели не покажал веднаш успех како тркач јуниор, тој се подобрувал секоја година, и по неколку години на тренинг се квалификувал за ФИС светското првенство.
 
Покрај тоа што е водечка спортска личност, Дели е културна икона во Норвешка. Дели е често вклучен во рекламните кампањи, создаде бренд на ски опрема, и дури и бил водител на телевизиско шоу наречено Gutta på tur.
Ред 17:
И покрај фактот дека тој никогаш не победил на трка на Холменколен Скијачкиот фестивал (Holmenkollen ski festival), Дели е награден со медал во 1997 година (заедно со Бјарте Енген Вик (Bjarte Engen Vik) и Стефанија Белмондо (Stefania Belmondo)).
 
По пензионирањето, Дели се развива како успешен бизнисмен во бизнисот со недвижности и во модата.
 
== Референци ==