Боцкоглавци: Разлика помеѓу преработките

Додадени 7 бајти ,  пред 13 години
с
Бот: козметички промени
[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Izvora (разговор | придонеси)
с бг
с Бот: козметички промени
Ред 6:
| image_width = 240px
| image_caption = ''[[Corynosoma wegeneri]]''
| regnum = [[Животни|AnimalAnimalia]]ia
| subregnum = [[Ткивни животни|Eumetazoa]]
| unranked_phylum = [[Билатерии|Bilateria]]
Ред 14:
| subdivision_ranks = [[Класа (биологија)|Класи]]
| subdivision =
[[Archiacanthocephala]]<br />
[[Palaeacanthocephala]]<br />
[[Eoacanthocephala]]
}}
Ред 25:
 
Обоеноста на телото кај боцкоглавците варира од бела, жолта, кафеава, црвена или портокалова боја, но повеќето видови се безбојни. Возрасните форми достигнуваат должина од неколку милиметри до 60 cm, а најдолги се претставниците од класата ''[[Archiacanthocephala]]''. Телото не е поделено на сегменти, но неколку видови покажуваат псевдосегментација. Боцкоглавците се [[Полов диморфизам|полово диморфни]], што се огледува во тоа што женките се обично поголеми од мажјаците.
[[СликаПодатотека:Acanthocephala Rhadinorhynchus.jpg|thumb|лево|Рилка на претставник од родот ''Rhadinorhynchus sp.'']]
Телото на овие животни може да се подели на три дела: [[Рилка|риличен дел]] (пробосцис), вратен дел и трупен дел. Рилката (риличниот дел, пробосцис) е потенок израсток на антериорниот крај, кој може да се испушти од телото и повторно да се врати во него (ретрактибилност). Таа е наоружана со кутикуларни израстоци – куки, со кои паразитот се прикачува за цревото на домаќинот. Всушност, по овие куки типот го добил своето име ([[грчки]] ''akante'' - трн, ''kephale'' - глава). Куките може да се распоредени во редови или надолжно, што е во зависност од видот. Некои претставници како дополнителна структура поседуваат еден апикален орган чија функција е најверојатно сетилна. Рилката се враќа (односно увртува) назад во телото со помош на активноста на [[мускул]]ите ретрактори, кои ја сместуваат во риличен рецептакулум, едно шупливо мускулно мевче што виси во предниот дел од трупот. Меѓутоа, рилката се издава од телото со помош на [[хидрауличен притисок]] (причинет од псевдоцеломската и лакунарната течност). Риличниот рецептакулум со помош на парни мускули е прицврстен за телесниот ѕид и цревото. Странично од рецептакулумот се наоѓаат посебни шупливи органи наречени [[лемнисци]] ([[латински]] ''lemniscus'' - врвка) кои содржат систем од канали. Бидејќи [[епидерм]]исот на боцкоглавците е исполнет со лакуни (меурести простори), се смета дека лемнисците служат како складишта за лакунарната течност која се истиснува во нив за време на ретракцијата на рилката. Вратниот дел обично нема боцки или куки, а поседува сетилни структури. Трупот е најголемиот телесен дел. Присуството на куки или боцки на трупниот дел е важен критериум при детерминацијата на овие животни.
 
== Анатомски одлики и физиологија ==
 
Телесната празнина на ''Acanthocephala'' е од псевдоцеломски тип и во неа се сместени сите [[орган]]и и [[органски систем]]и. Телесниот ѕид е составен од три дела. [[Кутикула]]та е бесструктурна покривка која го штити паразитот од дигестивните [[ензим]]и на домаќинот. Епидермисот е сличен со оној на [[Цевчести црви|цевчестите црви]] по тоа што е од [[Синцициум|синцициелна]] природа, но кај боцкоглавците е многу подебел. Тој е исполнет со лакуни и поседува големи амебоидни јадра. Мускулниот слој е претставен со два потслоеви: надворешен слој од кружни шупливи мускули и внатрешен слој од надолжни мускули. Под нив се наоѓа псевдоцеломот. Во него се наоѓаат сите внатрешни органи. Тие се изведени од еден [[лигамент]] кој се протега медијално долж псевдоцеломот.
 
Овие животни не поседуваат [[дигестивен систем]] во ниту една фаза од својот животен циклус, како резултат на длабокиот ендопаразитски начин на живот. Готовата храна ја впиваат преку целата телесна површина. Меѓутоа, податоците за исхраната на овие организми се ограничени, бидејќи е проучен [[Метаболизам|метаболизмот]] на само неколку видови. Откриено е дека како главен супстрат за метаболизмот на боцкоглавците се [[јаглехидрат]]ите, а како главен краен продукт е [[етанол]]от. При внесот на [[моносахарид]]и се забележани механизми на [[активен транспорт]], како и хидролитичка активност на [[Клеточна мембрана|плазмалемата]] од површинските клетки на интегументот. Ензимска активност е локализирана и во површинските длабнатинки на интегументот. Тие ја зголемуваат апсорпционата површина и се сметаат за екстрацитоплазматски дигестивни органели. Познати се различни [[Амино киселина|аминокиселини]] кои можат да се апсорбираат преку површината на интегументот (на специфични места за секоја аминокиселина), но нивната улога во метаболизмот не е се уште јасна. [[Липид]]ите, пак, се апсорбираат и се складираат во лемнисците, меѓутоа постои несогласување околу тоа дали липидите се апсорбираат преку целата површина или само преку вратниот и риличниот регион. Иако можат да се најдат големи резерви на липиди во ткивата на акантоцефалите, сепак, се верува дека тие не се искористуваат во метаболизмот.
 
Циркулаторен и респираторен систем отсуствуваат, а нивната улога ја има преземено лакунарната и псевдоцеломската течност (слично како кај ''Nematoda''). Екскреторниот систем е застапен само кај ''Archiacanthocephala'', и тоа во вид на изменети [[Нефридија|протонефридии]] кои се адхерентни со репродуктивниот систем. Но, кај повеќето видови отсуствуваат посебни екскреторни органи.
 
[[Нервен систем|Нервниот систем]] се состои од една церебрална [[ганглија]] сместена во риличниот рецептакулум од која поаѓаат две нервни стебла во ѕидот на рецептакулумот за да го инервираат ѕидот на трупот. Машките единки поседуваат и генитална и [[клоака]]лна (бурсална) ганглија.
Репродуктивниот систем на мажјаците се состои од пар на [[Семеник|семеници]] и специјализирани клетки означени како [[Цементна жлезда|цементни жлезди]]. Продуктите од овие органи се изнесуваат преку копулаторен орган ([[пенис]]), сместен во копулаторна бурса или клоака (кај оние видови што поседуваат и протонефридии). Женките од ''Acanthocephala'' се карактеризираат по тоа што [[јајчник]]от постои како одделен орган само во раните стадиуми на развој, додека подоцна се распаѓа и дава слободнопливачки [[Јајце клетка|јајце клетки]].
941.847

уредувања