Блага Алексова: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Брзо додавање категорија Тетовци (со користење на HotCat)
с Бот: козметички промени
Ред 1:
'''Блага Алексова''' ([[Тетово]], {{роден на|24|јануари|1922}} – [[Скопје]], {{починал на|12|јули|2007}}) е македонски археолог и академик.<ref name="мак/енц">{{цитирана книга|title=Македонска енциклопедија|edition=I|volume=I|isbn=ISBN 978-608-203-024-1|language=македонски}}</ref> Нарекувана е'' прва дама на македонската археологија''.<ref>{{цитирана веб страница|url=http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=4425FA8BFCBBC74E997C6E98A9B4863B|title=Блага Алексова беше упорен трагач по минатото |language=македонски|accessdate=2009-10-19}}</ref>
 
== Биографија ==
 
Алексова е родена на [[20 јануари]] [[1922]] година во [[Тетово]]. Гимназија завршила во [[Скопје]], а дипломирала на [[Институт за историја на уметност и археологија|Групата за историја на уметноста]] на [[Филозофски факултет - Скопје|Филозофскиот факултет]] во [[Скопје ]] во [[1950]] година. Докторирала на тема од областа на средновековната археологија на Универзитетот во [[Љубљана]] во [[1958]] година. Работела како кустос во [[Градскиот музеј на Скопје]] од [[1948]] до [[1950]] година и во [[Археолошкиот музеј на Македонија]] ([[1950]] – [[1975]]), каде што го раководела Одделението за средновековна археологија. Од [[1962]] до [[1975]] година била директор на оваа национална институција. Специјализирала во Центарот за византиски студии на [[Харвардскиот универзитет]] во [[Вашингтон]] ([[1971]] и [[1983]]). Од [[1975]] година па сè до пензионирањето во [[1983]] работела во Институтот за историја на уметноста со археологија како професор по средновековна и ранохристијанска археологија. Се занимавала со проучување на средновековните некрополи, накитот и керамичката продукција, како доказ за обичаите, верувањата и културата на [[Словени]]те. Го открила и го протолкувала продорот на раното христијанство во Македонија, преку ископувањата на повеќе ранохристијански центри. Нејзините истражувања биле насочени кон докажување на културолошкиот континуитет меѓу раното христијанство и средновековјето во Македонија. Ја открила најстарата христијанска црква во Македонија ([[Старата епископска базилика во Стоби]]). Вршела ископувања на локалитетите: '''Демир Капија, Баргала, Крупиште, Струмица, Полог, Охрид, Преспа, Дојран, Оризари, Радолишта и Стоби'''. Кораководела со меѓународните истражувачки проекти (југословенско-американски) во [[Баргала ]] и во [[Стоби]]. Учествувала на голем број научни собири во [[Македонија]], [[САД]], [[Австрија]], [[Англија]], [[Русија]], [[Романија]], [[Турција]], [[Бугарија]], [[Италија]], [[Хрватска]], [[Србија]], [[Грција ]] и во [[Албанија]]. Од [[1997]] година била член на [[МАНУ]].<ref name="мак/енц" /> Починала на [[12 јули]] [[2007 ]] година во Скопје.<ref>{{цитирана веб страница|url=http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=EB12A4B4B696604C87F75441905B09CC|title=ПОСЛЕДЕН ЗБОР Блага Алексова |date=16 јули 2007|language=македонски|accessdate=2009-10-19}}</ref>
 
== Библиографија ==
* ''Prosek – Demir Kapija: Slovenska nekropola i slovenske nekropole u Makedoniji'', Белград- Скопје,1966;
* ''Епископијата на Брегалница'', Прилеп, 1989;
* ''Loca Sanctorum Macedoniae: култот на мартирите во Македонија од IV до VI век'', 384 стр. 28 cm ISBN: 9989-48-009-5 Скопје, 1995
 
== Референци ==
{{reflist}}
 
[[Категорија:Македонски археолози]]
 
[[Категорија:Родени во Тетово]]
 
[[Категорија:Починати во Скопје]]
 
[[Категорија:Тетовци]]