Битка кај Куманово (1912): Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот: козметички промени
Ред 11:
|combatant1=[[Податотека:Flaf of Serbia (1882-1918).png|22px]] [[Кралство Србија]]
|combatant2=[[Податотека:Ottoman Flag.svg|22px]] [[Отоманска Империја]]
|commander1=[[Податотека:Flaf of Serbia (1882-1918).png|22px]] [[Радомир Путник]]
[[Податотека:Flaf of Serbia (1882-1918).png|22px]] [[Александар I од Југославија|Принц Александар]]
|commander2=[[Податотека:Ottoman Flag.svg|22px]] [[Зеки Паша]]
|strength1=132,000 луѓе
148 артилериски орудија
100 митралези<ref name=one>Борислав Ратковиќ, Митар Ѓуришиќ, Саво Скоко, ''Србија и Црна Гора во Балканските војни 1912-1913'', Белград: BIGZ, 1972, стр 70.</ref>
|strength2=65,000 луѓе
164 артилериски орудија
104 митралези<ref name=one>Борислав Ратковиќ, Митар Ѓуришиќ, Саво Скоко, ''Србија и Црна Гора во Балканските војни 1912-1913'', Белград: BIGZ, 1972, стр 70.</ref>
|casualties1=4,564
(687 убиени,
3,280 ранети,
597 исчезнати)<ref name=two>Борислав Ратковиќ, Митар Ѓуришиќ, Саво Скоко, ''Србија и Црна Гора во Балканските војни 1912-1913'', Белград: BIGZ, 1972, стр 83. Во жртвите на страната на Отоманската Империја не е вклучен значаен број на војници кои дезертирале пред и после битката.</ref>
|casualties2=4,500
(1,200 убиени,
3,000 рането,
327 заробени)<ref name=two>Борислав Ратковиќ, Митар Ѓуришиќ, Саво Скоко, ''Србија и Црна Гора во Балканските војни 1912-1913'', Белград: BIGZ, 1972, стр 3. Во жртвите на страната на Отоманската Империја не е вклучен значаен број на војници кои дезертирале пред и после битката.</ref>
|notes=

Ред 55:
Во острата борба во долината на [[Којнарска река|Којнарската река]], каде што имало големи загуби на двете страни, турските сили биле присилени да се повлечат. Поради слабите врски, штабот на Првата. армија не располагал со точни информации за состојбата на фронтот. Затоа во духот на директивата на Врховната команда, штабот на Првата. армија издал заповед на [[24 октомври]] во 6.00 часот дивизиите да го продолжат движењето, да го заземат [[Куманово]] и да избијат до линијата [[Булачани]]-[[Ново Село]]-[[Биљановце]]-[[Слатина]], а ноќта кога добил извештај од Дунавската дивизија од првиот повик, веќе било доцна нешто да се промени. Додека штабот на Првата. српска армија воопшто не сфатил дека, всушност, започнала битката, Зеки-паша имал впечаток дека таа се развива поволно, па им наредил на корпусите да го продолжат нападот и на 24 октомври. Така завршил првиот ден на битката, во кој Турците ангажирале 50.000 луѓе и 150 топови, а Србите 26.000 луѓе и 60 топови.

== Вториот ден на Кумановската битка ==

На 24 октомври 1912, односно на вториот ден од Кумановската битка, српската Прва. армија тргнала во офанзива. Дринската дивизија од првиот повик го започнала настапувањето во 6.00 часот на правецот [[Ѕебрњак]]-[[Бизлим]] (Красте кота 530). Шестиот корпус се обидел да ја запре, но не успеал, па таа избила со предните делови до [[Биљановце]] и ја принудила Битолската редифска дивизија да се повлече, при што на позициите оставила 9 топа. Моравската прва. дивизија го одбила нападот на 7. корпус и веднаш преминала во противнапад во содејство со Тимочката дивизија од вториот повик. Двете дивизии го принудиле 7. турски корпус да се повлече на утврдените позиции северно од Куманово.
Ред 63:
Во Кумановската битка на српската страна имало 723 загинати, 3.441 ранет и 603 исчезнати. Биле заробени 2.000 турски војници и запленети 61 топ, 6 митралези и големо количество муниција и друг воен материјал.

== Придонес на македонските доброволци ==

По Кумановската битка, македонските доброволни чети, селската милиција и другите вооружени формации се движеле пред претходницата на Првата. српска армија. На тој начин, ги зазеле градовите и селата неколку дена пред да пристигнат српските сили. Така, македонските сили ги ослободиле [[Велес]], [[Свети Николе]], [[Штип]], [[Кочани]] и сите села во околиите. Откако претрпеле пораз кај [[Калиманци]] и [[Кочани]], неколку илјади турски војници воделе борба со македонските доброволци за да го спречат нивниот пробив од Штип кон [[Криволак]], штитејќи ја комуникацијата [[Скопје]]-[[Велес]] -[[Солун]]. Движејќи се пред српската војска, кај сртот [[Мукос]] на [[Бабуна]], дошло до обединување на македонските доброволни чети со кои командувале српските војводи [[Воин Поповиќ-Вук]], [[Василије Трбиќ]] и [[Јован Бабунски]]. На овие чети им се придружила селската милиција и бројни доброволци од околните места, со што бил создаден силен одред, кој четири дена водел борба со една турска коњаничка бригада и со еден жандармериски баталјон. Покрај тоа, македонските доброволци ја известувале српската војска за распоредот и движењето на турските сили, па на тој начин дале силен придонес во протерувањето на турската војска кон [[Битола]]. Во борбата на [[Мукос]] и [[Присад]], од македонските доброволци загинале 30 борци, а бројот на ранетите не е познат.
Ред 71:
Српските, бугарските и грчките историчари го прикривале учеството на македонскиот народ во Балканските војни, неговата воена помош и успеси. Овие чети ги нарекувале српски, бугарски, односно грчки.

== Белешки ==

<references/>

[[Категорија:Македонија во Првата балканска војна]]