Арапска и персиска астрологија: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот менува: Category -> Категорија
с Бот: козметички промени
Ред 2:
Новата исламска цивилизација брзо започнала со апсорбирањето на многу култури кои ги довела како поданици под своето царство. Трагедија било палењето на древната [[Александриска библиотека|библиотека во Александрија]] во [[642]] година, но сепак [[Арапи]]те почнале да го учат знаењето од минатото, и токму благодарение на муслиманските научници, делата од древна Грција се зачувани до [[Ренесанса]]та во [[Европа]].
 
== Историја ==
Арапскиот интерес за [[астрологија]] бил интегрален дел од нивната опсесија со [[математика]]та и [[наука]]та во [[7 век]]. Незибежна била критиката на астрологијата од страна на ортодоксните религиозни кругови, но астролозите главно уживале ист степен на популарност и кај народот и кај принцовите.
 
Постојат три големи периоди во исламската астрологија: првиот во [[8 век|8]] и [[9 век]] во [[Багдад]], [[Каиро]] и [[Дамаск]], вториот во [[Шпанија]] од [[10 век|10]] до [[12 век]], и третиот во [[Персија]] во [[13 век|13]] и [[14 век]].
 
== Арапска астрологија ==
Првиот познат арапски [[хороскоп]] бил направен по повод крунисувањето на кралот [[Косро Аносхарван]], на [[18 август]] [[531]] година.<ref>Николас Кампион: Вовед во историја на астрологијата, стр. 38.</ref> Но сепак, традиционалниот почеток на [[астрологија]]та во муслиманскиот свет е датиран со преводот на индискиот текст „Сиданда“ на арапски како „Синдинд“, по наредба на [[калиф]]от [[Ал-Мансур]] во [[Багдад]], во [[770]]-[[773]] година.<ref>Николас Кампион: Вовед во историја на астрологијата, стр. 38.</ref> Арапите од секогаш ја користеле астрономијата за [[навигација]] во пустините, и ова може да биде делумно објаснување зошто со толкав ентузијазам ја прифатиле и астрологијата.
 
Ред 14:
Во првиот бран на исламската астрономија, големи имиња се Ал-Фаргани (847-861 година), познат на запад како [[Алфеганус]], Абу Машар (787-886 година), чија книга „Вовед во астрологијата“ била многу популарна во [[Европа]] во [[12 век]], и Ал-Баруни (973-1048 година), чие мешање на [[астрономија]]та и [[мистицизам|мистицизмот]] дури сега почнува повторно да се открива. Ибн Јунус (умрел 1009 година), кој работел во [[Каиро]], произвел нов комплет на планетарни табели, „Хакемите Таблес“, први после [[Клавдиј Птоломеј|Птоломеј]].<ref>Николас Кампион: Вовед во историја на астрологијата, стр. 39.</ref>
 
== Персиска астрологија ==
Последниот бран на исламската астрологија се случил во [[Персија]], од [[13 век|13]] до [[14 век]], која во тоа време била во рамките на [[Монголска Империја|Монголското Царство]]. Во [[1258]] година, [[Хулагу Кан]], синот на [[Џингис Кан]], го освоил [[калифат]]от на [[Багдад]], но немал намера да ја збрише науката. Веќе наредната година, [[1259]] година, оформил голема [[опсерваторија]] во северозападна [[Персија]], во [[Мегара]], каде се собрала група астролози. Оваа опсерваторија не опсотјала долго, можеби затоа што била далеку од традиционалните центри за учење.
 
Последното процветување на астрологијата во [[Персија]] дошло во [[1420]] година. Таа година, [[Улуг Бег]], внук на монголскиот освојувач [[Тамбурлан]], основал опсерваторија во [[Самарканд]], кој тоа време бил центар на величенственото царство. Таму бил составен првиот ѕвезден каталог после [[Птоломеј]], но опсерваторијата не опстојала долго.
 
== Фиксните ѕвезди ==
Меѓу придобивките од арапската астрологија е и користењето на т.н. фиксни ѕвезди при толкување на астролошката карта. До денес се зачувани астролошки описи на околу 100 ѕвезди. Наредната табела содржи пример од 10 ѕвезди:
 
Ред 50:
Значењето на имињата на ѕвездите не може да се сфати без да се познаваат соѕвездијата чиј дел се овие ѕвезди. Некои астролози и денес ги користат арапските објаснувања и толкувања на позицијата на ѕвездите, покрај вообичаените планети. На пример, за [[Алдебаран]] се вели дека носи енергија, самодоверба и водство како квалитети, додека [[Вега]] се смета за добра среќа.<ref> Sasha Fenton "Understanding Astrology", The Aquarian Press, London 1991</ref>
 
== Види исто така ==
{{portal|Астрологија|Astrology Project.gif}}
* [[Египетска астрологија]]
* [[Вавилонска астрологија]]
 
 
== Референци ==
<div class="references-small>
<references/></div>
* [http://www.astro.com/astrology/in_postmodern_e.htm Article Mentioning Persian-Arabic astrology]
 
[[Категорија:Астрологија]]